Распоредов го посака Тухел па може да почне со многу добра серија со малку среќа.
После три меча без пораз во следните мечеви играме дома со Шефилд, на гости кај Барнсли, дома со Њукасл и на гости кај Саутемптон.
Да стигнеме до 4 победи тука и сме на коњ
Потоа следува сјебаниот распоред каде доаѓа јакото:
На гости кај Атлетико
Дома со Јунајтед
Дома со Евертон
Гости со Лидс
Дома со Атлетико
ФА Куп
Гости со Ливерпул
Од тие 7 мечеви ќе знаеме на што сме за цела сезона.
Или и таа мала шанса за топ 4 ќе ја изгубиме или ќе фатиме приклучок. Или ќе отпаднеме од ЛШ или ќе почнеме да се лакомиме. И пошто ФА Куп мечот би бил 1/4 финале, ќе знаеме дали ќе имаме и некаква шанса за титула во купот.
Ете, до крај на март се ќе се знае
Јас лично се надевам на ЛШ и ФА дека барем ќе имаме интересни кампањи и многу среќа.
Не знам, оптимист сум за со Атлетико, и Лампард да останеше реков дека мислам ќе ги поминеме, ама ќе видиме.
Е сега во 1/4 финале на ЛШ би било сјебано пошто против 90% од екипите би биле во незавидна позиција, ама тоа е.
Знаејќи ја ситуацијата во ПЛ*, се надевам сериозно ќе го сфатиме ЛШ барем, пошто тоа може да ни е единствена шанса за играње ЛШ догодина
*=Сериозно, земете разгледајте ја табелава, не сонувајте за топ 4 уште сега, Тотенхем имаат меч помалку, Астон Вила имаат 2 меча помалку, Евертон имаат два меча помалку.
Се ова се екипи што ни се конкуренти за петто место заедно со Вест Хем кој во моментов се наоѓа таму.
Значи еј, за петто место ќе биде тешко да се пласираме.
Не ми е за верување дека Ливерпул ќе станат тешко срање и не би останале во топ 4. Сити е 200% во топ 4. Јунајтед ни бега 8 поени што е премногу за да се изгуби, а и во топ форма се.
Единствена надеж е дека Лестер би паднале без Варди, а притоа и сите останати наши конкуренти исто така би изгубиле.
А притоа Челзи, што реков дека има тежок распоред...би победиле се по ред.
Објективно, 5% има шанса Челзи да се најде во топ 4 на крај на сезоната, не сфаќате колку срање сезона имавме со Лампард.