Фан Клуб: Челзи

Член од
4 јуни 2016
Мислења
438
Поени од реакции
365
Јас сум задоволен од изиграното вчера, но не и од резултатот. Сепак тотенхем не е слаб противник и се во добра форма. Имавме доста шанси кои мораше да се искористат, Абрахам 2-3 шанси по центаршутот на Рис, Зијех кога шутираше над голот од 15 -16 метри, одбраната на Лорис после шутот на Маунт, Жиру мораже подобро да реагира во таква ситуација.

Незнам што се гледале вчера или имаме различна претстава за фудбал но Зијех изигра слаба партија, како и целиот напад. Треба да бидат по сконцентрирани во ситуации од кои можат да постигнат гол. Вчера тоа многу фалаше.

Ковачиќ искина во второ полувреме. МОТМ за мене.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.951
Поени од реакции
1.923
Чекај дефанзивен пристап од каде тој заклучок стварно не ми е јасно?
Затоа ли што игравме 0-0 ?

Челзи поголемиот дел од натпреварот ја имаше топката, кога ја губеше се играше високо за да се освои, се на се дали 10-15 мин од цел натпревар бевме со играчи позади топка.
Читам коментари како Челзи требал да напаѓа, што тоа значи еве нека објасни некој?
Дали Челзи на дерби утакмица треба да биде со 7 играчи со офанзивни задачи да биде на противничка половина а позади да бранат Зума, Канте и Силва.
Прво дали они имаат капацитет да бранат брзи играчи како Сон, Бергвајн?

Стварно сакам да видам мислење Кумановец, Зоки, РАТМ?
Изгледа само јас и Донев имаме исто мислење.

Еве например да го имавме Диего Коста или Дрогба јас гарантирам со глава, нога, рака дека тие шанси што ги имаше Абрахам вчера
они ќе постигнеа 2 гола и ќе тепавме 2-0 дали тогаш ќе беше овој пристап дефанзивен, лош, недобитен?
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
Абрахам требаше да биде првиот надвор и на негово место Жиру. Се изнапромаши, не реализира шанси кои да паднеа на Жиру или на Вернер ако играше на местото централен напаѓач ќе дадеа барем еден ефинг гол.

Не велам дека Абрахам не го бива, ама вчера не му одеше и мораше да биде заменет минимум пола саат пред истекот на мечот.

За мене баш он беше најслабиот играч на теренот во тимот на Челзи.
 
B

Beginner

Гостин
@Донев те нема денес со апдејти што рекол Лампард па морав сам да најдам на твитер :D
Најбитно што рекол Одои и Жорж ќе стартуваат утре.
Би сакал и Гилмор да почне утре, не би било лошо да видеме средина со
Жорж-Гилмор-Хаверц.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.318
Ааа топ, едни од екипите со најлош рејтинг на ФИФА :D
Редовно меѓу последните 7-8 екипи во Лига 2 т.е. четврта лига

Би требало лагано со Гилмур, Кепа, Жиру, Алонсо, Томори (сериозно, зашто не игра овој :( ), и уште некои младинци да тепаме
Автоматски споено мислење:

Море каков Кепа уствари...ЧЕХ!!! :D

Исто еве сега видов... Дринквотер, Баба Рахман, Стерлинг и Мусонда не се на позајмица?
Ако се здрави...
ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА ДРИНКВОТЕР ВИЕ КОПИЛИЊА! :D
 
B

Beginner

Гостин
Стварно го заборавивме Томори пријатно ќе изненади Френк ако и он игра.
Менди
Аспи-Рудигер-Томори-Емерсон
Жорж-Гилмор-Хаверц
Одои-Жиру-Пули
Зошто да не со ваков тим ништо не му фали а и да покажеме дека и со втор тим ќе ги победиме Севиља :cool:
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Били ќе биде во тимот, ама мислам нема шанси одма да е стартер. Интересно ќе биде каков тим ќе извади. Од една страна утре е решавачкиот натпревар за првото место во групата, ама па од друга страна мора да ги искористи овие два натпревари за некаква ротација.

Јас мислам вака...

Менди
Азпи - Зума - Рудигер - Емерсон
Ковачич - Жоржињо
Одои - Хаверц - Пулишич
Жиру​
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.318
Се сложувам со Донев, само прашање е дали и двајцата од Пули и Хаверц ќе играат (пошто нели, не знаеме дали се тотално спремни да играат од старт или не)

И дали Вернер ќе стартува пак е интересно прашање :D И искрено..во борба за прво место..не би ми сметало да игра вечер, што да не..

Ептен е битно да бидеме прво место, лани сезоната во ЛШ ја сјебавме со Валенсија, мора сега да завршиме први.

Еве од ова што до сега изгледа сигурно:

Ако сме први:
Атлетико/Салцбург, Порто, Аталанта/Ајакс, Лацио, Јуве

Ако сме втори:

Баерн, Дортмунд, Барселона

(да, да, сфаќам Барса не се во форма, Дортмунд не се подобри ептен ама....не зезајте,кога опција се Лацио, Ајакс и Порто....)
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Абе важно е првото место, не велам не, само според мене не ти ја носи онаа предност како претходно кога ќе налеташе на некој Олимпијакос мртов во 1/8 финале.
Јас би да одмараат главните играчи вечерва, бидејќи со Лидс ќе мора некој да трча.
Секако, победа е императив, но нема да е крај на светот и ако извадиме некое безвезно нерешено.
Оној составот од Донев ми е таман. Може Абрахам само да се вметне некаде.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.318
Абе важно е првото место, не велам не, само според мене не ти ја носи онаа предност како претходно кога ќе налеташе на некој Олимпијакос мртов во 1/8 финале.
Јас би да одмараат главните играчи вечерва, бидејќи со Лидс ќе мора некој да трча.
Секако, победа е императив, но нема да е крај на светот и ако извадиме некое безвезно нерешено.
Оној составот од Донев ми е таман. Може Абрахам само да се вметне некаде.
Да, да, не мислев дека треба со прв тим да играме, се сложувам и јас со Донев, мислам овој тим е тамам и можеме да победиме/реми барем секако.
Само тоа ми беше ако ете испадне Вернер да игра..нема да се бунам ептен :D
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Да, да, не мислев дека треба со прв тим да играме, се сложувам и јас со Донев, мислам овој тим е тамам и можеме да победиме/реми барем секако.
Само тоа ми беше ако ете испадне Вернер да игра..нема да се бунам ептен :D
Последното ми е најкритично. Ќе почнам да тепам веќе.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Мислам дека нема шанси да игра Вернер од старт вечер. Ај да видиме :D
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Били ќе биде во тимот, ама мислам нема шанси одма да е стартер. Интересно ќе биде каков тим ќе извади. Од една страна утре е решавачкиот натпревар за првото место во групата, ама па од друга страна мора да ги искористи овие два натпревари за некаква ротација.

Јас мислам вака...

Менди
Азпи - Зума - Рудигер - Емерсон
Ковачич - Жоржињо
Одои - Хаверц - Пулишич
Жиру​
* Кристенсен наместо Зума. Нека го. Мора да се залаже некој на зима.

Топ состав.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom