Фан Клуб: Челзи

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Играва... :pos:

Жив и здрав нека е Далберт. Да тепаме некако со Шефилд и се надевам дека после паузата ќе почнеме да играме добар фудбал. Ова на моменти е многу мачно.

Најкриво ми е што Вернер изигра 90 минути, а не постигна хет-трик. Една топка до човекот не стигна.
Од друга страна, драго ми е за господинот Менди.
 
H

HoT _iCe

Гостин
Силва, Чилвел, Џејмс, Менди, Зиех, Вернер :cuc:

Менди си га лади целу утакмицу и у прву заебану ситуацију после цел гејм АФК, реагира како сува класа, фала ти Петре Чеху, господ здравје да ти даде куде га најде.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Lampard on BT Sport about the penalty takers: "Jorginho doesn't care who takes them but he just wants them to score. Now Timo takes them and he is our taker."

@cholismo ти се исполни желбата :D

:toe:
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.084
Поени од реакции
2.026
Рутинирана победа, без многу напор.
Зума и Силва изградија добар партнершип, кога влезе Рудигер се сменија работите на теренот.
Менди одлична одбрана, браво.
Тоа е тоа што го имаше Челзи со Чех, а го немаше со Куртоа или Кепа.
Битна одбрана, за клин шилд или пак за активен резултат, воедно и донесува додатна сигурност на одбраната и тимот.
Лани имаше некои натпревари каде што Челзи ги играше добро, ама Кепа ќе примеше гол и работите ќе се сменат.
Има голема улога добар голман, без разлика каква е одбраната пред него.
Сега да не биде го кревам Менди во облаци, сега за сега тоа се 6 натпревари (мислам) сите кои ги бранеше имаше барем по една добра одбрана, ама и додатно на тоа делува сигурно како во позиционирање така и на високи топки.

Пак читам критики и тука и по социјални мрежи, требало ротации, лош пристап досаден фудбал итн.

Неможу да ги разберу тија вечни хејтери и тоа не се деца него возрасни људи.

Прва ствар што го кочеше Челзи беше одбрана, а не напад или организација на игру. Лани Челзи играше убав фудбал со посед на топка, ама што тоа вреди кога завршивме 4 место, дебакл од Баерн и изгубено финале.
Ние кои го пратиме Челзи и знаеме што се случува во клубот, дека Лампард пристигна во истрошен тим, со трансфер бан и регрутираше
младинци и успеа да заврши во лш и да игра финале притоа да игра добар фудбал.
Ама на неутрален фан за 10-15 год тоа нема да му значи ништо, туку резултатот.
Како Реал или Манчерстер што освоија титули со победи по 1-0 од дискутабилни пенали со никаква игра, после 5 год никој не памти туку бројат трофеи.
Целта ги оправдува сретствата, така и тука, значи главна задача на Лампард беше да ја среди одбраната ако сака некаков успех,
успех не подразбира 3-4 место и 1/4 финале лш, туку титула.
Е сега со 74 примени гола титула нема, па ако сака нападаот нека даде и 200 гола.
Ајде првите 3-3 со Вба може беа случајни, ама вторите 3-3 со Саутемптон беа сериозен прашалник по Лампард за тоа колку е способен да ја среди ситуацијата во Челзи и дали е доволно квалитетен за Челзи. Јас сметам дека да, ама сигурно бордот на директори и Роман кој му донесоа 7 нови играчи и тоа квалитетни не од типот на Дринквотер и Запакоста, туку фудбалери кои ги бараше пола европа ќе му дозволат уште еден кикс од таков калибар.
Е сега не е тајна дека после Саутемптон, Лампард го смени пристапот и игра претпазливо. Ама тоа даде резултат, 5 клиншилда по ред,
значи Лампард сепак имал план и тој план има ефект. На тие натпревари даде 10 гола што е ефикасно, ама не дал гол на Манчестер или Севиља а дал по 3 на некои си боси тимови. Точно да ама титули се добиваат со победа на мали тимови и тактички дел над големите.
Ете против Манчестер имаше дискутабилна ситуација за пенал, слично ситуација од која профитираше Арсенал и дојде до 3 бода.

Ќе го земам пример Клоп и Ливерпул, затоа што нели пак најсвеж и најдобар проект моментално држи Клоп.
Клоп првите 2 сезони јуришаше со неговиот Рок анд Рол стил во пл, да даде што побрзо гол и што повеќе, ама таквиот стил му се одби од глава па имаше прокоцкано веќе добиени натпревари слично како Френк кај нас.
Е од како сфати дека во пл не пали тоа, научи да ја умртвува играта или како анг. велат кил д гејм, досадно ама му донесе титула и си го задржа работното место, автомацки тоа значи успех. Да останеше уште една сезона без трофеј можно беше и отказ.

Околу ротации прочитав добри 2 страни зошто не играл Одои.
Лампард ротира, дава шанса скоро на сите фудбалери, сетете се Конте, Анчелоти, Мурињо како играа, цела сезона иста постава.
Пак ќе го земам за пример Клоп, скоро сите утакмици ги играше со Фирмињо, Мане, Салах. Просто уиграност и победа а кај Френк
ситацијата така налага дека мора да сврже победи и со тоа да го намали притисокот.

Конкретно мене Одои не ми изгледа како фудбалер што покажа нешто што вреди да игра во Челзи, а полека и Абрахам ме убедива во тоа,
постигна гол точно, ама е готован тип на играч, само чека топка да му се сервира, залагање 0.
Точно е дека на напаѓач е да дава голови ама треба и придонес, еве го Жеру например ќе одигра дупли пас, ќе загради топка, ќе додаде
Абрахам ништо од тоа. Али добро има уште многу да се игра па ќе видиме.

Долг пост, немав намера да пишувам толку многу ама ме нервираат одредени фаци по социјални мрежи кои само хејтаат како фудбалот да е само дај гол и готово. Рачунам како тука не има фанови кои го следат Челзи долго и не се падобранци па да се истурам :D


Пак ќе кажам клучен период се овие 3 натпревари во пл, интернационална пауза може малку да поремети баланс, ама и тоа е дел од фудбал. Добивање на тие 3 натпревари значи нешто, значи прогрес. Па ќе видиме.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
а полека и Абрахам ме убедива во тоа,
постигна гол точно, ама е готован тип на играч, само чека топка да му се сервира, залагање 0.
:confused::confused::confused::confused:

Баш сезонава Тами скроз ја смени играта и многу игра за тимот. Доволно е да се вратиш на сликата со просечна позиција на играчите против Барнли кај што беше зад Вернер и Зијех, повеќе кон средина, а и тоа што веќе има 5 асистенции.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Сепак, не бил Пулишиќ ,,ништо страшно". Не игра утре.

Робен да не е сам, добро.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Сепак, не бил Пулишиќ ,,ништо страшно". Не игра утре.

Робен да не е сам, добро.
Уште кога прочитав minor hamstring injury ми падна чудно проблем на бутна мускулатура да е minor, ама не сум медицинско лице па си реков да не коментирам. Штом не игра и утре, ситуацијата со Пулишич е на ниво лоша накај бајачака.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Уште кога прочитав minor hamstring injury ми падна чудно проблем на бутна мускулатура да е minor, ама не сум медицинско лице па си реков да не коментирам. Штом не игра и утре, ситуацијата со Пулишич е на ниво лоша накај бајачака.
Ептен е тажно, онака.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Кристијан Пулишиќ и Адам Џонсон.

Тие се тие фаци што minor issues ќе им ја зезнат кариерата :(
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Спремни? :D

Нималку наивен противник е Шефилд добро се држеа и со Сити и со Ливерпул. Ако не дадеме гол релативно рано може во второ да се држат. А не е дека е невозможно и гол да дадат, не се мртваци секако

Пошто Вернер требаше да седне на клупа во ПЛ минатото коло, а излезе повредата на Пулишиќ...очекувам утре да не стартува.

Што ваљда би значело старт на Одои?

Жоргињо и Маунт изиграа 90 мин со Рен, што можеби би значело и Кова да замени еден од нив?

Ваљда Азпи ќе стартува наместо Џејмс?

Вака на прва, овие очекувања ги имам за тимот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom