Рутинирана победа, без многу напор.
Зума и Силва изградија добар партнершип, кога влезе Рудигер се сменија работите на теренот.
Менди одлична одбрана, браво.
Тоа е тоа што го имаше Челзи со Чех, а го немаше со Куртоа или Кепа.
Битна одбрана, за клин шилд или пак за активен резултат, воедно и донесува додатна сигурност на одбраната и тимот.
Лани имаше некои натпревари каде што Челзи ги играше добро, ама Кепа ќе примеше гол и работите ќе се сменат.
Има голема улога добар голман, без разлика каква е одбраната пред него.
Сега да не биде го кревам Менди во облаци, сега за сега тоа се 6 натпревари (мислам) сите кои ги бранеше имаше барем по една добра одбрана, ама и додатно на тоа делува сигурно како во позиционирање така и на високи топки.
Пак читам критики и тука и по социјални мрежи, требало ротации, лош пристап досаден фудбал итн.
Неможу да ги разберу тија вечни хејтери и тоа не се деца него возрасни људи.
Прва ствар што го кочеше Челзи беше одбрана, а не напад или организација на игру. Лани Челзи играше убав фудбал со посед на топка, ама што тоа вреди кога завршивме 4 место, дебакл од Баерн и изгубено финале.
Ние кои го пратиме Челзи и знаеме што се случува во клубот, дека Лампард пристигна во истрошен тим, со трансфер бан и регрутираше
младинци и успеа да заврши во лш и да игра финале притоа да игра добар фудбал.
Ама на неутрален фан за 10-15 год тоа нема да му значи ништо, туку резултатот.
Како Реал или Манчерстер што освоија титули со победи по 1-0 од дискутабилни пенали со никаква игра, после 5 год никој не памти туку бројат трофеи.
Целта ги оправдува сретствата, така и тука, значи главна задача на Лампард беше да ја среди одбраната ако сака некаков успех,
успех не подразбира 3-4 место и 1/4 финале лш, туку титула.
Е сега со 74 примени гола титула нема, па ако сака нападаот нека даде и 200 гола.
Ајде првите 3-3 со Вба може беа случајни, ама вторите 3-3 со Саутемптон беа сериозен прашалник по Лампард за тоа колку е способен да ја среди ситуацијата во Челзи и дали е доволно квалитетен за Челзи. Јас сметам дека да, ама сигурно бордот на директори и Роман кој му донесоа 7 нови играчи и тоа квалитетни не од типот на Дринквотер и Запакоста, туку фудбалери кои ги бараше пола европа ќе му дозволат уште еден кикс од таков калибар.
Е сега не е тајна дека после Саутемптон, Лампард го смени пристапот и игра претпазливо. Ама тоа даде резултат, 5 клиншилда по ред,
значи Лампард сепак имал план и тој план има ефект. На тие натпревари даде 10 гола што е ефикасно, ама не дал гол на Манчестер или Севиља а дал по 3 на некои си боси тимови. Точно да ама титули се добиваат со победа на мали тимови и тактички дел над големите.
Ете против Манчестер имаше дискутабилна ситуација за пенал, слично ситуација од која профитираше Арсенал и дојде до 3 бода.
Ќе го земам пример Клоп и Ливерпул, затоа што нели пак најсвеж и најдобар проект моментално држи Клоп.
Клоп првите 2 сезони јуришаше со неговиот Рок анд Рол стил во пл, да даде што побрзо гол и што повеќе, ама таквиот стил му се одби од глава па имаше прокоцкано веќе добиени натпревари слично како Френк кај нас.
Е од како сфати дека во пл не пали тоа, научи да ја умртвува играта или како анг. велат кил д гејм, досадно ама му донесе титула и си го задржа работното место, автомацки тоа значи успех. Да останеше уште една сезона без трофеј можно беше и отказ.
Околу ротации прочитав добри 2 страни зошто не играл Одои.
Лампард ротира, дава шанса скоро на сите фудбалери, сетете се Конте, Анчелоти, Мурињо како играа, цела сезона иста постава.
Пак ќе го земам за пример Клоп, скоро сите утакмици ги играше со Фирмињо, Мане, Салах. Просто уиграност и победа а кај Френк
ситацијата така налага дека мора да сврже победи и со тоа да го намали притисокот.
Конкретно мене Одои не ми изгледа како фудбалер што покажа нешто што вреди да игра во Челзи, а полека и Абрахам ме убедива во тоа,
постигна гол точно, ама е готован тип на играч, само чека топка да му се сервира, залагање 0.
Точно е дека на напаѓач е да дава голови ама треба и придонес, еве го Жеру например ќе одигра дупли пас, ќе загради топка, ќе додаде
Абрахам ништо од тоа. Али добро има уште многу да се игра па ќе видиме.
Долг пост, немав намера да пишувам толку многу ама ме нервираат одредени фаци по социјални мрежи кои само хејтаат како фудбалот да е само дај гол и готово. Рачунам како тука не има фанови кои го следат Челзи долго и не се падобранци па да се истурам
Пак ќе кажам клучен период се овие 3 натпревари во пл, интернационална пауза може малку да поремети баланс, ама и тоа е дел од фудбал. Добивање на тие 3 натпревари значи нешто, значи прогрес. Па ќе видиме.