Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Пак ќе кажам, се знаеше ова за Пулишиќ уште кога го земавме, затоа и не се изнаигра и за Дортмунд пред да дојде кај нас.

Е сега што ќе прави Лампс без Пули ќе видиме, ама битно има неколку опции така да не е крај на свет
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Пак ќе кажам, се знаеше ова за Пулишиќ уште кога го земавме, затоа и не се изнаигра и за Дортмунд пред да дојде кај нас.

Е сега што ќе прави Лампс без Пули ќе видиме, ама битно има неколку опции така да не е крај на свет
Добро, се знаеше и за Торес па во повеќе од три години немаше ниту една сериозна повреда.
Што не води и до прашањето за нашиот сегашен лекарски тим, но во друга прилика за тоа.

Не сме реално баш покриени. Може Зијеш да игра, може и Хаверц, може и Маунт. Можат, ама не можат. Доста е со такви екскурзии. Единствена замена за Пулишиќ е Хадсон-Одои. Тим со високи амбиции на овој Одои не знам колку може да се потпре, искрено.

Доаѓа јануари. Не мора да е скапа опција, ѕвезда. Има фини крилца по лигава што би можеле да пружат добри партии.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Ќе се игра како завчера, со Вернер лево и Тами како напаѓач. Сепак би сакал најголемиот дел од минутите на Пулишич да ги добие Одои. Нема сигурно со неиграње да надмине се и да фати некаква форма повторно. Сега е идеален момент за да му се даде редовна минутажа како стартер во тимот на лево крило, па да видиме што ќе покаже.
Во секој случај и другата опција е добра. Тами сезонава според мене покажува поголема зрелост и ја има подобрено олраунд играта. Од 10 настапи во кои само на 4 како стартер има 2 гола и 5 асистенции, гол/асистенција на 54 минути. Доста повеќе се труди да проигрува, да отвара простор за други. За споредба, лани во цела сезона имаше 6 асистенции. Треба добро да му се менаџираат минутите и него затоа што секако е играч кој покрај Вернер може да ни донесе најмногу голови.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Вернер на крило е ужасија од невидени размери.
Греота е да се арчи такво играчиште на рандом позиции во напад.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ја само сакам да видам Каи зад Тимо и Тами/Жиру

Зошто да не се проба тоа некогаш? :/

4 во одбрана, Кова-Жоргињо-Канте во средина, Каи како типичен АМ и директно двајца напаѓачи?

Премногу се смени светот од последен пат кога игравме со двајца напаѓачи, има сигурно фанови на Челзи што не биле родени тогаш :D
Автоматски споено мислење:

И да, баш мислам во ваква формација најмногу ќар би виделе од Каи, а и од напаѓачите (кои секако во оваа формација нема да се изнаиграат поради тоа што секако Вернер е неприкосновен)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Иначе интересно е да се има Вернер како напаѓач (што игра како крило) кога клубов пред само пред пар години беше на ова ниво:

1604360354893.png
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Ептен ситна била повредата на Пулишич и веќе се вратил на тренинг. Ама нема да игра утре.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
748
Поени од реакции
544
Ептен ситна била повредата на Пулишич и веќе се вратил на тренинг. Ама нема да игра утре.
Ај да видиме Одои дали ќе стартува.
Не знам што се случува со него, ама ако Лампард не го игра, има нешто што ние не гледаме.
Таков талент да пропадне е многу жално. И не е само Лампард, со Сари беше истото.
Според мене, слушајќи го Лампард, мислам дека не се залага на тренинг и не се замара бидејќи е талент, и се потпира на талентот.
Ама талент без работа нема да успее, и може да остане резерва.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Што тим очекуваме за утре?

Јас не знам што би побарал искрено од Лампард утре
Нека одмори Канте, ваљда сме ок и без него?
Нека одмори и Вернер веќе мислам сврза солиден број на мечеви како стартер. Би сакал Одои да го видам, а може и Рудигер да стартува, што да не.

2-3 замени од последниот тим би било ок мислам
Автоматски споено мислење:

Што тим очекуваме за утре?

Јас не знам што би побарал искрено од Лампард утре
Нека одмори Канте, ваљда сме ок и без него?
Нека одмори и Вернер веќе мислам сврза солиден број на мечеви како стартер. Би сакал Одои да го видам, а може и Рудигер да стартува, што да не.

2-3 замени од последниот тим би било ок мислам
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Јас би со Абрахам, Маунт, Одои и Зијеш во нападот, Жоргињо и Ковачиќ во средина, Азпи десно, Емерсон лево, Рудигер и Зума централно, Менди на гол.

Хаверц и Вернер нека здивнат, играме дома против десеткуван Рен.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
1604515714046.png

Очекувано јак тим. Хаверц вчера не тренирал со тимот, еве го нема денес. Уште нема потврда која е причината.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Со прв тим малтене ќе им играме

Е па ок онда, ајде да покажеме добар пристап со овој тим и да водиме на полувреме
 

Kajgana Shop

На врв Bottom