W
wicked_1
Гостин
Вака по дифолт многу празни заклучоци вадите...Змејски фалат на маркетот квалитетни дефанзивци кои можат да се купат по реални цени и нормално кои се на продажба.
Се купи Луиз како замена за Тери или тогашен партнер на Тери... ама имаше партии како сега што има Оскар. И продажба за 50 мил беше сосема ок.
Кехил исто беше солиден дефанзивец, барем во Болтон. Ама испадна тежок просек...
Имаше и такви обиди како за Маркињос, Стоунс, Варан кои или беа експресно одбиени или пак имаа напумпани цени.
Еве сега обид за купување на Кулибали без одговор... или со други зборови Наполи чека подобра цена која воедно нема да е реална за квалитетот на играчот...
Клубот не седи пробува да купи, ама да купи дефанзивец треба да иде ал ин како што направи Мануре за Погба.
Кејхил беше bargain за Челси, една од подобрите зделки на клубот од која добија квалитетен дефанзивец кој придонесе многу за клубот.
Баш во најбитните утакмици секогаш се истакнуваше, иди на јутуб барај и гледај како со Луиз ја држеа задната линија против Барса у полуфиналето, исто погледни снимки од финалето 2013 против Бенфика, дај не лупајте глупости безвезе.
Се согласувам дека не е елитен дефанзивец, ама незнам од кај излезе некаков кривец за дефанзивните проблеми на Челси наеднаш. На клубов му треба нова фаца назад пошто Зума имаше лоша повреда, Кејхил како замена доколку држи фитнес не е огромен ризик.