Пошто завршивме со подготовкиве само да кажам дека генерално сум задоволен од Конте и тимов од тоа што го покажаа. Видовме агресивен Челзи, тим што презема акција и што не чека на противник да организира игра, притискаме, играме офанзивно и агресивно, трчаат многу, ми се свиѓа многу. Ми се свиѓа и што мењаме формација, немора да значи ако една се покажала како нефункционална(4-2-4) дека така и ќе остане, со тренер како Конте ми се свиѓа што имаме план Б и можење да мењаме темпо и игра, во долга сезона кога противниците ќе те научат у глобала како играш и слично многу е битно да се извади нешто ново и сметам дека ова е голем плус за Челзи, плус кој ни фалеше изминативе сезони.
Втора работа е како сме организирани дефанзивно. Тактички, формациски ми изгледа добро од страна на Конте ама ме загрижува фактов што играчиве некако ми се недисциплинирани во одбрана и се понашаат многу ноншалантно. Неколку пати во утакмициве видовме како некој играч останува вишок и прави проблеми ради кои сме во опасност да примиме гол или примивме гол. Мора да ги стегне Конте за ова, неможе да се спие во одбрана мора да останат будни и да пратат што се дешава околу нив, некако премногу касно ми одвојуваат и оставаат простор за противници да креираат шанса, ова поготово важи за овие од средина што играат, почнуваат со удвојување и агресивно притискање за топка на самиот шеснаестерец кога и веќе ризикот од пенал и гол шанса е огромен, мора многу агресивно и ажурно да притискаат дефанзивно, се надевам Конте го гледа ова, а мислам дека го гледа пошто после Вердер изјави дека има многу работа уште да се заврши и дека не е задоволен со многу аспекти од играта.
Тоа ќе биде во глобала, се надевам нема да имаме фијаско од сезона и ќе бидеме во битка за титула, сакам да бидеме препознатливи по тоа што сме агресивни и наапани кога играме, нејќам пасивен Челзи како лани, сакам кога ќе излезе Челзи на терен да знае што да се очекува, сакам агресивен пристап и гладијаторски пристпа на терен а верувам и Конте истото ќе го форсира. Сезонава нека биде филтер и основа за Конте да види што може да функиоцнира и форсира во Англија и на кои играчи да рачуна.
И се надевам дека денес е стварно денот во кој е тој познат состанок на кој ќе се одлучува за играчи и ќе донесат уште двајца во одбрана(бек и централен) и уште еден везњак ориентиран дефанзивно пошто воопшто не сум импресиониран од Матиќ. Ако не донесеме уште засилувања ќе имаме многу проблеми сезонава особено со одбрана пошто нема да имаме никаква замена или конкуренција.