Фан Клуб: Челзи

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
So.... Ferreira was Ancelotti's secret weapon, pathetic.

Коментар од фан на Челзи.
 

Cuore Rossonero

Rσššσηєјаσ e ιℓ мισ cυσјає
Член од
18 април 2009
Мислења
2.344
Поени од реакции
345
Како толку незаинтересирано и лабаво делува Ањелка кога ја има топката не сфаќам.. а тој Малуда незнае за пас,цело време ја пимпла и сака низ тројца да влезе сам. Заради такви неписмени играчи Челзи отпаѓа . . Штета за Дрогба.
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Кога не освоивме титула у ЛШ со оваа генерација, со ваков тим, сега треба да помине едно 5-6 години пак да дојдеме до шанса како финалето во Москва или полуфиналето со Барса шо ни го расипаа..... Ваков Челзи со ваква силна екипа веќе тешко пак да има.... Треба многу време да помине...... До тогаш само лигата може да се надеваме да ја освоиме......
Кога не освоивме ЛШ со Дрогба, Лампард, Тери, Чех, Кол, Анелка, Есиен......
 
A

Auditore

Гостин
Сезонава ни остана уште да се бориме за влез во ЛШ, и тоа мора да се достигне.
Ако обезбедиме пласман во ЛШ следната сезона, на лето секако еден ремонт.
1. Карло Анчелоти да си замине од непознатата функција во Челзи, да го наследи Хидинк или Мурињо, Ван Бастен, Вилас Боас, тука има многу опции во игра.
2. Да се продадат играчите 21, 39, 17, 19, 15, 18.
3. На останатите да се понудат нови договори со намалување на платите за 30% освен на Чех, Тери, Иванович.
4. Да се донесат две крила, еден плеј и напаѓач, и Стариџ, Мекехран упорно да се форсираат во првиот тим.
Санчез/Вилиан/Хазард, Хамшик/Пјанич, Нејмар/Кавани.
 

dR3

Член од
9 септември 2009
Мислења
918
Поени од реакции
542
Мислам дека Џош - Стариџ - Торес би соработувале одлично.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
требаше јосе да влези, со торес играле долго време, се пзнаваат, дрогба требаше да стартува, и јосе и торес требаше 2ро полувреме да влезат,алекс не е играч кој можеме да се потпреме особено кога напаѓаме, со него треба да играме многу поназад за да не го издувуваат брзи играчи, колку ми е криво што луиз не беше во тимот, многу ќе се променеше, рамиреш мсиалам дека ненамерно го фаулираше нани, се подлизна малку ама тое то
 
В

Вори

Гостин
Момци и самите знаеме дека треба да се сменат работите од корен во Челзи.На оваа генерација му се гледа крајот.Истрошени играчи,преплатени гомца и луѓе кои фудбалот го гледаат како забава,а не играат со срце за клубот.

Прво треба да се избрка Анчелоти и да се најде некој подобар и поамбициозен тренер кој ќе се интересира за клубот и нема да форсира упорно некои играчи,кои не заслужуваат место во првите 11.Би сакал да се врати Мурињо назад,но мислам дека додека не освои се со Реал Мадрид нема шанси да замине од таму.Ако не,тогаш да се бара друга алтернатива и друго решение.

Потоа треба да се избркаат бајги играчи или пак самоволно да го напуштат клубот,на кој за жал повеќе му штетат одколку што му прават добро.

-Хенрике Хиларио
-Паоло Фереира
-Жозе Босингва
-Флорент Малуда
-Саломон Калу
-Николас Анелка
-Дидие Дрогба(овој човек никогаш не би го избркал или пак не би сакал да го напушти клубот.Евентуално ако сака сам да си замине од Челзи и да се врати во Марсеј и таму да ја заврши кариерата).

Останативе се сосема непотребни за тимот.Играчи кои не би играле ни за Фулам моментално,а камо ли за Челзи.Но сепак ги почитувам и почитувам се што досега направиле за тимот.
Секогаш ќе ја памтам вечерта кога Хиларио беше ѕверка во ЛШ против Барселона.Кога првпат се појави и ги замени повредените Чех и Кудичини.Немаше многу простор да се докажува во Челзи,затоа што имаше подобри голмани од него.
Фереира искрено ќе го памтам по тоа дека беше секогаш дрво и тоа некастрено.Можеби кога дојдоа со Карваљо на почетоците имаше неколку добри партии,но никогаш не беше првокласен десен бек.Секогаш беше просечен и некогаш испод просекот
Кога дојде Босингва во Челзи многу се радував,затоа што знаев дека е добар играч и знаев дека во Челзи ќе биде многу јак.И првата сезона од кога дојде го докажа тоа.Беше стварно добар бек,и тоа во ранкот на Маикон и Дани Алвес,навистина.Но потоа почна со повредите да се мачи,и одтогаш не е оној истиот.Многу грешки,многу непромислени потези кои го чинеле Челзи многу бодови или пак испаѓања од некои натпреварувања.
Малуда ќе го паметам по ланската полусезона,каде што го износи Челзи на грб заедно со Дрогба и уште неколкумина играчи.Иначе во глобала е многу лош,ја кочи играта и ја умртвува со неговата левица,многу е предвидлив и скоро безопасен.А и годините го газат полека но сигурно.
Анелка е играчот што го мразам највеќе во Челзи.Премногу ја дупи топката,не знае да одигра во прав момент...ќе го памтам по сезоната во која што беше најдобар стрелец во Премиер Лига и по головите и асистенциите против Ливерпул во ЛШ пред неколку години.
Калу е играчот во кој што јас лично многу верував.Од моментот кога дојде од Феенорд,па до пред неколку месеци.Ако не се лажам 5 години е во тимов,но ништо посебно нема направено.Не е ни за на клупа.Имаше простор за докажување,играше и покрај Дрогба и Анелка,играше некогаш и осамен во нападот,но никогаш не ја покажа класата во која верував дека ја поседува.Мислам дека е време да го напушти клубот и да замине некаде во Франција или во некоја друга послаба лига.Затоа што очигледно е дека во Премиер не може и не знае да игра.

Значи тимот без овие играчи би требало да изгледа вака:

1.Petr Cech

2 Branislav Ivanovic


3 Ashley Cole


4 David Luiz


5 Michael Essien


7 Ramires


8 Frank Lampard


9 Fernando Torres


10 Yossi Benayoun


11 Didier Drogba(???)


12 Mikel


18 Yury Zhirkov


22 Ross Turnbull


23 Daniel Sturridge


26 John Terry


33 Alex


38 Patrick van Aanholt


43 Jeffrey Bruma


46 Josh McEachran


+ враќање на позајмените играчи Стариџ,Анхолт,Брума и повеќе форсирање на МекЕкран во прв тим.За Какута и Борини не коментирам,оставам да покаже времето.Иако овој првиов беше најавуван како огромен талент и потенцијал,арно ама штом не може во Фулам да заигра барем еднаш во прв тим,тогаш не знам што би барал во Челзи.А жабарчево гледам дека добро се снаоѓа во Свонси,па останува да видиме.

И на крај секако потребни се 3-4 засилувања за да се пополнат дупките од евентуалното заминување на гореспоменатите играчи.Треба млада крв,желна за докажување и надигрување.
Значи:

1.Десен бек(моментално освен Ван Дер Вил на никој друг не ми текнува.Но сепак треба да се има во предвид холанѓанчево,затоа што по она јас што сум го гледал,стварно е добар играч,а и има 22-3 години,таман за кај нас).
2.Плејкмејкер/Везњак(Пасторе,Хамшик,Пјаниќ,Сахин,Џагоев,Готце,Хави Мартинез,Каналес,Јоветиќ,Гансо,Модриќ...)
3.Крило(Санчез,Хазард,Кагава,Албрајтон,Ленон,Адам Џонсон,Љајиќ...)
4.Напаѓач(Нејмар,Пато,Агуеро,Кавани,Лукаку,Милер,Мата,Хулк. ..)

Овие се играчите кои се достапни на некој начин и кои мене ми оставиле впечаток и би сакал да дојдат во Челзи.Имам некого заборавено,али што е,тука е.

Со вакви евентуални темелни чистења и еден ваков ремонт,Челзи ќе биде повторно оној истиот како што беше во изминативе години.Мора да се донесе нешто ново,мора да се избркаат некои отпадоци и мора да се почне од поново.
Лампард почесто да седи на клупа,зошто не е оној стариот,Жирков и Бенајун ќе бидат одлични исто за на клупа,би им дал шанса на двајцата затоа што не се покажаа како што треба заради повредите,Микел е добар за ротација со Рамирес/Есиен.Муабетот ми е дека би имале супер клупа и би имале супер прв тим.А знаеме дека клупата е многу многу потребна за успехот на некој тим.

Значи ова е мое мислење,кое сакам да се оствари и да стане реалност.Но сепак мислам дека ова нема да се случи и дека повторно ќе се влечкаме со некои исти играчи,некои исти тренери итн.

Се надевам дека ќе се вратиме на старите патеки уште од наредна сезона и се надевам дека ќе се плашат од нас повторно останатите европски гиганти!
А дотогаш:


и KTBFFH!
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Кога-тогаш ке се врати и ова...






:helou::helou:
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Ме мрзи да пишам реферати...

Ај вака во кратки црти..

1.Единствениот максимум што можиме да го извадиме од ова сезона е 2 или 3 место во ПЛ.
2.При завршување на сезоната Анчелоти да си даде отказ.
3.На лето ни треба целосен ремонт.
 
Член од
7 април 2011
Мислења
12
Поени од реакции
1
Како толку незаинтересирано и лабаво делува Ањелка кога ја има топката не сфаќам.. а тој Малуда незнае за пас,цело време ја пимпла и сака низ тројца да влезе сам. Заради такви неписмени играчи Челзи отпаѓа . . Штета за Дрогба.
ovaj anelka treba da se ubieeeeee
ni tr4a ni se trudi ama nistoo
barem malouda se trudeshe
da go izvaeshe anelka i da go staveshe drogba mislam deka podobro ce beshe ali sho e to e
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Тоа е тоа. Сезонава е завршена. Без трофеј, најлоша сезона од доаѓањето на Абрамович. Многу рекорди срушувме, но во негативна смисла, односно многу тимови ги прекинаа традициите кои важеа досега. Челзи после поразите од Ливерпул и Сандерленд го изгуби тој "fear factor" што го имаше, и после тоа се тргна наопаку. Сите тимови доаѓаат на Стемфорд Бриџ без страв, и повеќето доаѓаат за да победат.
На почетокот на сезоната многу верував во тимот, и верував дека може да се повтори успехот од лани па можеби и да се оди еден чекор повеќе со освојување на ЛШ која толку многу ја посакуваме. Каде тргна се наопаку? Па според мене, не е само еден фактор. Тука постојат повеќе фактори кои доведоа до ваква ситуација во Челзи. Еден од нив е отпуштањето на Реј Вилкинс. Се гледа дека тоа влијаеше врз сите во клубот, колку и да се негира. После неговото заминување дополнително се влошија работите. Сеуште не ми е јасно зошто мораше он да биде отпуштен. Очигледно не била неговата плата проблемот штом беа потрошени 50 милиони на Торес. Како и да е, мора да се продолжи без него. Најголем удар по Челзи според мене беа повредите на Лампард и Бенајун. Без овие двајца тимот остана без креативност. Не може Дрогба да очекува добро проигрување со Есиен, Рамирес и Микел во средината, сите тројца по дефанзивно настроени. Бенајун мислам дека ќе ги оправдаше парите дадени за него доколку не се повредеше. Добро ќе го заменеше Лампард и можеби барем малце подобар ќе беше исходот на сезонава. Како и да е, не се само два играчи "винвни" за неуспехот на Челзи. За тоа допринесе и лошата форма на целиот тим во целост. Секако, тука е и Карло Анчелоти. Човекот кој во првата сезона не убеди дека може добро да го води тимот. Човекот за кој очекувавме дека ќе остане подолго време во Челзи. Дури и он имаше некои изјави дека посакува да остане уште 10 години. Но, сезонава потфрли. Која е причината, незнам. Но, се гледа дека сезонава е тотално изгубен, и незаинтересиран. Како да не знае што да прави. Секако, имаше и натпревари во кои добро ја постави играта. Последен показател за изгубеноста на Анчелоти е вчерашниот натпревар.
Сите знаевме дека Дрогба ќе ни биде најдоброто оружје против Јунајтед. Сите очекувавме Дрогба да почне. И, Анчелоти излегува со Торес и Анелка во напад, а Дрогба го остава на клупа. Уште кога го видов составот, знаев дека ќе биде претешко да се победи. Очекував Торес да остане на клупа, или пак можеби подобро ќе беше повторно да проба со Дрогба и торес напред, а Анелка позади нив. Мислам дека така подобро ќе изиграа. Но, нема врска. Почетокот на натпреварот беше добар, Челзи напаѓаше и да играше Дрогба од старт, сигурен сум дека ќе паднеше гол за Челзи во првите 30 минути. Но ете, Чичарито ја искористи шансата, и се пропадна. Почнав за Анчелоти а затерав во друга насока. Калу. Како можеше да очекува нешто од Калу. Не беше добар ни Анелка, но Калу беше тотална утка на Анчелоти. Откако влезе, дали 5-6 топки доби, а и тие одма ги губеше. Знае некогаш да се снајде како измена, но откако дојде Торес не добива шанса, и стварно не знам што очекуваше Анчелоти од него. За да биде уште полошо, при резултат 2-1, време кога на Челзи му требаат 2 гола за да оди понатаму, излегува Алекс, а на негово место влегува Фереира. Во време кога наЧелзи очајно му треба нешто ново во средината и нападот, Анчелоти става во игра дефанзивец. Сфаќам, Алекс можеби не беше доволно спремен за да изигра 90 минути. Но, и да мораше надвор Алекс, можеше да го стави Бенајун во игра, па Есиен нека игра по повлечено. Тоа беше дното.

Како и да е, пропадната е сезонава, нема веќе ништо да се спасува, освен да се обезбеди директен пласман во ЛШ за наредна сезона. Не би требало да е многу тешко, и мислам дека барем тоа ќе биде успешно одработено. Моментално сме на третата позиција, 4 бода зад Арсенал и 2 бода пред Сити, со натпревар помалце. Дури и верувам дека е можно да се обезбеди и второто место до крајот на сезонава.

Но, најважните случувања во Челзи ќе бидат по завршување на сезоната. Ќе треба да бидат исправно донесени многу важни одлуки од кои ќе зависи иднината на клубот.
Прво, отказ за Анчелоти. Мислам дека веќе е сигурно неговото заминување. Би бил многу, многу изненаден доколку остане он и следната сезона. Врото, промени во играчкиот кадар. Очекувам да си одат Хиларио, Фереира, Босингва, Малуда, Анелка, Калу па можеби и Жирков, иако би бил задоволен и ако остане, имаше некои одлични натпревари, и мислам дека досега немаше шанса да покаже што знае.
Од другите играчи мислам дека сеуште можат да се очекуваат добри игри. Освен Дрогба и Лампард кои мислам дека им пројде времето, и дека неможе да се вратат повторно во форма. Сепак, може да останат но повеќе да бидат добри измени отколку првотимски играчи.
Потребни се и 3-4 засилувања, перспективни, млади играчи кои ќе можат да го одведат Челзи до нови победи.
Потребен ќе биде десен бек, кој најверојатно ќе е Ван дер Вил. Потоа треба да се донесе играч кој ќе може веднаш достојно да го замени Лампард. Потоа добар крилен играч, и можеби напаѓач.

Секако, тука се и младите играчи кои допрва треба да се докажуваат. На прво место е Стариџ. Блесна во Болтон, и ги покажа своите квалитети. Верувам дека може истото да го постигне и во Челзи. Би можел добро да се снајде со Торес во нападот. Какута, очекував да се докаже во Фулам, но очигледно не му оди. Мислам дека е голем талент, но можеби премиер лигата не е за него. Брума го немам гледано многу, и незнам дали е доволно добар за во Челзи, па нема да коментирам за него. Ван Анхолт според мене сезонава требаше да добие многу повеќе шанси. Мислам дека може да биде достојна замена за Кол, само треба да му се даде шанса. Борини очекував да си оди во Јануари, иако мислам дека е одличен напаѓач. Ќе видиме што ќе биде со него.

Сега останува да го проследиме остатокот од сезонава и да се надеваме на што подобра позиција на табелата.

 

dR3

Член од
9 септември 2009
Мислења
918
Поени од реакции
542
@ Вори

Tрнбул како замена за Чех? Поарно би го задржал Хиларио отколку него.
 

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Не си играјте бајрам со мозокот со голманиве.
И двајцата веќе одамна се на нивото ПОТПРОСЕК. Трнбол никогаш нема да достигне било што квалитетно од својот потенцијал (ако некогаш го имал), а Енрике Хиларио се сомневам дека догодина ќе биде способен да презентира парада од половина на голот до стативата.
Златен Кудичини... :)
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Го имаме Матеј Делач, на позајмица е. Како брани не сум го гледал, ама изгледа е добар за своите години.
Како и да е, може и некој по солиден да се земе, за секој случај. Денес Скај Спортс излезе со статија дека и од Челзи имало понуда за Де Геа. Мислам дека се само обични шпекулации и дека е веќе договорено со Јунајтед. А ако е вистина, тогаш сум против тој трансфер. Де Геа не е за втор голман. Ни треба некој просечен.

Заборавив во претходниот пост да го спомнам МекЕкран.
За него мислам дека најдобро е цела следна сезона да ја помине на позајмица во некој клуб кој ќе може да му гарантира место во првите 11. Има огромен талент и сигурно ќе биде голем играч, но сеуште е многу млад, и му треба повеќе искуство за да може да се вклопи подобро и побрзо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom