Фан Клуб: Челзи

G

Geezer

Гостин
Руни ја тупи. Како неодлучно детенце е. Еден ден сака да оди од Манчестер, друг ден сака да размисли, трет ден сака да остане.
Милион фрки направи, зарем мисли дека навивачите би му опростиле? Штом го свиреа на прослава на титула, не верувам дека нешто ќе се смени. Освен ако не се излигушат и тие, па да биде се по старо. Зборувам за оние во Англија, мекушите овде, сигурно ќе почнат пак со постови '' Вејн Факинг Руни '' , ''ВР10'' и тако даље.

Мене уште дебелиов ми е желба, прва на листа. Ако не се случи ништо со него, тогаш би сакал да го видам Манџукиќ кај нас. Модерен напаѓач, во секоја смисла на зборот. И по мене, еден од најзаслужните за тоа што Баерн освои тројна титула лани. Трча во офанзива, помага во дефанзива, страшен играч со глава, знае да се најде на право место и во право време, ослободува простор, проигрува, буквално има се што треба да има еден модерен шпиц. А, да не заборавиме, дека е многу потценет.
Ако го земеме фактот дека Гвардиола, поголемиот број од натпреварите ќе го игра без напаѓач, тогаш Манџо би бил незадоволен и би било многу полесно да ја напушти средината. Впрочем, имаше чинам некоа куршлуз, кога овој постигна гол против Сити мислам и нешто покажа накај Пеп, нервозно.
Така што, ако откаже Шрек, а се на тоа ми мириса, како што одминува времето, тогаш јас би пробал со Хрватов. Ако не, Торес ќе проработи, треба да му дадеме време, не е битно што е 3-та година веќе цреп.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
1012719_504585412950344_930547956_n.jpg
--- надополнето: 4 август 2013 во 01:45 ---
Од такви трансфер саги ми е преко к*р. Модриќ, Хулк, Фалкао, Кавани и сега и Руни. Се предомислува на секои 2 минути, сега сакам да останам, сега сакам да си одам, па одлучи се шрек веч једном.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
^^ Изгледа овој е единствен на темава што уште се замара со
 
H

HoT IcE

Гостин
Многу работи од предсезонава ми се допаѓаат, прво да почнам од формацијата. Ептен ме бендисува како се трансформираме од одбрана>напад и обратно, кога притискаме и имаме пресинг играме со 4-2-3-1 преку крила, а кога се браниме правиме брза трансформација во 4-3-3.
Ми се допаѓа што Оскар игра 10ка, а Мојсие десно, лани изигра добра полусезона и од кога се врати од Афрички куп беше послаб, ама сепак солиден. Сега на десно крило кога го гледам како дрибла и трча ептен ми прави ќејф, страшен дриблер е и има јак шпринт, само мора да поработи на техника и финиш, за тоа е ептен тапа. За Оскар немам коментар, стојам на ставот дека лани Оскар имаше просечна сезона за него, бар според тоа што очекувам од него, има страшна елегнација и визија во неговата игра, во овие неколку меча колку ги изигра како 10ка во Челзи го покажа целиот свој потенцијал, небрусне дијамант е, со Мата во ротација имаме апла добри плејмејкери.
Според мене КДБ треба да добие нова позиција т.е десно крило и да ротира со Мојсие. Не знам како планира да го игра Мата, ама Мур дефинитивно не треба да го става десно крило, страшен архитект и визионер е, на крило повеќе ќе се бара физичка сила и брзина, карактеристики што Мата не ги поседува, а плус е тапа во одбрана, не знае да прави пресинг асално. По тоа би требало КДБ да игра десно крило, а овој да ротира со Оскар, колку е долга сезоната ќе имаме таман плејмејкери ротирани и свежи ако се искористат паметно.

Второ, Лукаку не ми прави ќејф многу. Има желба, гори од мотивација и страст да се докаже, да се покаже, ама некако го прави тоа на погрешен начин, не ми се допаѓа начинот на кој се движи без топка, во неколку случаи беше превише внатре во средина, а би требало да биде секогаш прв пик за контра напад, на кого да се нафрли, во втората контра против Интер, Оскар беше најблиску до голот и за малце ќе реализраше, а на местото на Оскар треба да е Лукаку.
Значи има многу чудно и сеуште недоволно добро движење што би требало да има напаѓач на Челзи, верувам дека проади ова и сеуште не добива шанса да се истакне, мора да научи да игра измеѓу линии и да биде центарфор, не плејмејкер, поради истата причина го хејтаме Торес, пошто изиграва крило, плејмејкер, дмф и све остало, само напаѓач не.

Трето, Гинкел е ѕвер. Буквално. Мислев дека КДБ е идеалниот наследник на Лампард, ама не, Марко е дефинитивно Лампард тип на играч, има добар осет и преглед на игра од среидна, игра добра одбрана иако е дојден од Холандска лига и сеуште физички не е доволно спремен. Ама според ова што го покажа, детево со сигурност ќе биде на средина како подршка за дмф, има муда да повлече, и знае да игра прљаво. Ќе го биде дефинитивно, само малце теретана и кварење во ПЛ за да биде груб, да биде магаре.

У одбрана сме добри, Калашников не ми прави ќејф, ептен е несигурен со топка и има лош преглед на игра, превише е спор во додавање и реагирање/рефлекс, а згора на тоа и е доста спор, знае да направи добар такле и да земе топка, ама е превише тромав, нема да го биде. Али арен е за ротација против екипи како Ридинг, и остали.

То би било то, едвај чекам да почне нова сезона, осеќам дека Челзи ќе доминира, и ќе гледаме сосема нова игра, нов карактер на тим, факторов Мурињо дефинитивно има свој придонес и се гледа уште на подготвителниве мечеви дека горат за победа, за трофеј.
 
G

Geezer

Гостин
Па читаме, ваљда.

Дејли Стар и уште еден весник, излегоа со насловна дека Руни сепак сака да остане во Манчестер.
Вечерта Мирор, т.е сабајлево, излезе со информација дека Руни ќе побарал во теков на наредната недела, да биде ставен на трансфер листа.

Сигурно не ми текнало мене од памет.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.762
Поени од реакции
52.738
А во исто време кога пишаа дека сака да остане, други пишаа дека од Челзи е испратена нова понуда. Сите пишуваат што сакаат, ретко кој ја пишува вистината.
Неможе да знаеме. Од Челзи може веќе нема интерес за Руни, може па се подготвени да го донесат по секоја цена.
Кога има вистина, сите весници излегуваат со истата вест, а не вака секој нешто различно пишува :tapp:

Батали тоа, дека рече дека сакаш или Руни или Манџукич, сакаш и да се продаде еден од моменталните напаѓачи или со четворица да сме сезонава?
 
G

Geezer

Гостин
А во исто време кога пишаа дека сака да остане, други пишаа дека од Челзи е испратена нова понуда. Сите пишуваат што сакаат, ретко кој ја пишува вистината.
Неможе да знаеме. Од Челзи може веќе нема интерес за Руни, може па се подготвени да го донесат по секоја цена.
Кога има вистина, сите весници излегуваат со истата вест, а не вака секој нешто различно пишува :tapp:

Батали тоа, дека рече дека сакаш или Руни или Манџукич, сакаш и да се продаде еден од моменталните напаѓачи или со четворица да сме сезонава?


Интерес има. Првпат на офицајлна страна на Челзи, во овие десет години е напишано нешто за играч кој не е дел од тимот. Тоа досега не се случило. Значи интересот е голем.
Еден да се продаде, да. Екипа која игра со еден напаѓач, тројца му се сосема доволни. Торес истроши повеќе шанси отколку Ба, па неблагодарно би било да се ослободиме од Демба, со една полусезона.


Донев

Едноставно. Да сум Мурињо, ќе му речам дека не сметам на него за наредна сезона, ќе му посакам се најдобро и ќе му ги спакувам сам куферите.



Донев

Moнако, ПСЖ, да им го тупнеш. Нема врска што има договор. За Руни, знам. Пишав дека тоа се чека. Само како што тргнале Јунајтед, прашање и Гарај дали ќе го земат.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.762
Поени од реакции
52.738
Интерес има. Првпат на офицајлна страна на Челзи, во овие десет години е напишано нешто за играч кој не е дел од тимот. Тоа досега не се случило. Значи интересот е голем.
Еден да се продаде, да. Екипа која игра со еден напаѓач, тројца му се сосема доволни. Торес истроши повеќе шанси отколку Ба, па неблагодарно би било да се ослободиме од Демба, со една полусезона.
Добро тоа, ама како ќе се ослободиме од Торес? :D

Интерес има, ама мора прво Јунајтед да купи некој, а и Руни да притисне за да може да се оствари трансферот. Нема туку така да ни го дадат.

Geezer си има договор човекот, не гледам некој реално да се интересира за него, кај ќе го пратиш?
--- надополнето: 4 август 2013 во 13:38 ---
Вечер дава гол Торес иначе :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Со Реал во финале ќе играме ако ги тепаме Миланезиве. Ќе биде интересно.

П.С. Уште муабети за Руни :tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom