Многу работи од предсезонава ми се допаѓаат, прво да почнам од формацијата. Ептен ме бендисува како се трансформираме од одбрана>напад и обратно, кога притискаме и имаме пресинг играме со 4-2-3-1 преку крила, а кога се браниме правиме брза трансформација во 4-3-3.
Ми се допаѓа што Оскар игра 10ка, а Мојсие десно, лани изигра добра полусезона и од кога се врати од Афрички куп беше послаб, ама сепак солиден. Сега на десно крило кога го гледам како дрибла и трча ептен ми прави ќејф, страшен дриблер е и има јак шпринт, само мора да поработи на техника и финиш, за тоа е ептен тапа. За Оскар немам коментар, стојам на ставот дека лани Оскар имаше просечна сезона за него, бар според тоа што очекувам од него, има страшна елегнација и визија во неговата игра, во овие неколку меча колку ги изигра како 10ка во Челзи го покажа целиот свој потенцијал, небрусне дијамант е, со Мата во ротација имаме апла добри плејмејкери.
Според мене КДБ треба да добие нова позиција т.е десно крило и да ротира со Мојсие. Не знам како планира да го игра Мата, ама Мур дефинитивно не треба да го става десно крило, страшен архитект и визионер е, на крило повеќе ќе се бара физичка сила и брзина, карактеристики што Мата не ги поседува, а плус е тапа во одбрана, не знае да прави пресинг асално. По тоа би требало КДБ да игра десно крило, а овој да ротира со Оскар, колку е долга сезоната ќе имаме таман плејмејкери ротирани и свежи ако се искористат паметно.
Второ, Лукаку не ми прави ќејф многу. Има желба, гори од мотивација и страст да се докаже, да се покаже, ама некако го прави тоа на погрешен начин, не ми се допаѓа начинот на кој се движи без топка, во неколку случаи беше превише внатре во средина, а би требало да биде секогаш прв пик за контра напад, на кого да се нафрли, во втората контра против Интер, Оскар беше најблиску до голот и за малце ќе реализраше, а на местото на Оскар треба да е Лукаку.
Значи има многу чудно и сеуште недоволно добро движење што би требало да има напаѓач на Челзи, верувам дека проади ова и сеуште не добива шанса да се истакне, мора да научи да игра измеѓу линии и да биде центарфор, не плејмејкер, поради истата причина го хејтаме Торес, пошто изиграва крило, плејмејкер, дмф и све остало, само напаѓач не.
Трето, Гинкел е ѕвер. Буквално. Мислев дека КДБ е идеалниот наследник на Лампард, ама не, Марко е дефинитивно Лампард тип на играч, има добар осет и преглед на игра од среидна, игра добра одбрана иако е дојден од Холандска лига и сеуште физички не е доволно спремен. Ама според ова што го покажа, детево со сигурност ќе биде на средина како подршка за дмф, има муда да повлече, и знае да игра прљаво. Ќе го биде дефинитивно, само малце теретана и кварење во ПЛ за да биде груб, да биде магаре.
У одбрана сме добри, Калашников не ми прави ќејф, ептен е несигурен со топка и има лош преглед на игра, превише е спор во додавање и реагирање/рефлекс, а згора на тоа и е доста спор, знае да направи добар такле и да земе топка, ама е превише тромав, нема да го биде. Али арен е за ротација против екипи како Ридинг, и остали.
То би било то, едвај чекам да почне нова сезона, осеќам дека Челзи ќе доминира, и ќе гледаме сосема нова игра, нов карактер на тим, факторов Мурињо дефинитивно има свој придонес и се гледа уште на подготвителниве мечеви дека горат за победа, за трофеј.