Спартак-Звезда 0:1 (прво полувреме)
Не така добра игра на Звезда во прво полувреме, но со оглед на теренот и не ме изненадува многу. Спартак имаше неколку шута на гол и иницијатива, но 5-6 минути пред крај, ние превзедовме блага иницијатива и имавме две добри шанси, една преку Трифуновиќ и друга преку Лекиќ, кој е и стрелец на единствениот гол на оваа утакмица.
Во нашата екипа недостасуваат Лазетиќ, Нинков и Ѓорѓевиќ, а на нивно место се Каду, Микиќ и Савиќ, кој како и на утакмицата со БСК, така и сега е капитен на екипата.
--- надополнето ---
Kрај 0-1.
Во второто полувреме доста подобра игра на Звезда и заслужена победа.
Сезоната заврши со еден освоен трофеј, останува жал за шампионската титула, но тоа е тоа, идеме даље.
Се поизвесно е дека во летниот преоден рок Нинков, Гума и Лекиќ ќе заминат, а можен е и трансфер на Марко Блажиќ
ojea
.
Исто така, што се однесува до играчите, неизвесно е дали капитенот ќе го продолжи договорот, но да се надеваме на најдоброто.
Од наредна сезона би сакал да видам нов тренер, нов спортски директор, и уште неколку играчи во сите линии на тимот.