Стефан Ристовски на проба во Црвена Ѕвезда
11.11.2009
Стефан Ристовски
Еден од најталентираните македонски фудбалери, 17 годишниот Стефан Ристовски ќе замине на проба во белградска Црвена Ѕвезда.
Младиот Ристовски кој игра на сите позиции по десната страна во редовите на Вардар, уште на 16 години го имаше своето деби за првиот тим на Вардар, а оваа сезона веќе има осум настапи и постигнато еден гол.
Со неговите одлични настапи за првиот тим на Вардар дојде и повикот за репрезентацијата до 21 година, но тој го привлече и вниманието на неколку странски клубови.
Најголем интерес за Ристовски изрази поранешниот европски и светски првак Црвена Ѕвезда и во наредниот период се очекува тој да замине на проба во Белград.
Доколку го задоволи вкусот на тренерот Владимир Петровиќ Пижон, се очекува да потпише четиригодишен договор, а договорот околу обесштетувањето за ФК Вардар нема да биде проблем заради големите проблеми во кои се наоѓа клубот.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб за жал моментален излез од кризата ќе најде во продажба на своите таленти.
http://www.a1.com.mk/vesti/sport.asp?VestID=116137
Многу добар играч, се гледа дека мислат и за во иднина
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Нинков зимава би требало да замине, па од наредна година би требало барем резерва да биде (нормално ако му се допадне на Пижон, а ја не сумњам у тоа).
btw, и Субашиќ се врати назад:
http://crvenazvezdafk.com/subasic-se-vratio-2603-c10-video.htm