- Член од
- 1 декември 2008
- Мислења
- 1.043
- Поени од реакции
- 182
Демек Џиџи се појавил како сведок за случајот Победа, а клубот не знаел за тоа па го отпуштиле? Смешки. Поглупа шпекулација немам слушнато. Утрински весник

Еве една изјава од Нова Македонија (весник на Минчо Јорданов)
„- Се разделивме со Илиевски поради концепциски разлики. Подобро сега да се разделиме, отколку подоцна. Со оглед на целата состојба во челичарската индустрија, а да не заборавиме дека зад клубот целосно стои компанијата „Макстил“, принудени сме да го менуваме концептот што првобитно го имавме замислено.Нашите амбиции одеа многу подалеку, но во овој момент мислам дека треба да го смениме курсот. Сакаме да бидеме пореални имајќи, ја предвид целокупната ситуација, а за поголеми амбиции би можеле да размислуваме во некои подобри времиња - рече Александар Панов, генералниот директор на „Макстил“.“
Зошто го менуваат курсот (само во фудбалот) е големо прашање. Кризата одамна го има погодено Макстил, ама тоа не го спречи газдата да потроши огромни пари во ракометниот клуб. Исто многу пари има инвестирано и во фудбалскиот клуб. Во ракомет сега за сега нема најава дека ќе го намали буџетот. Напротив, го купија Левов од Тиквеш и бараат уште 2 левораки засилувања за пролет.
Јас мислам дека Минчо не сака да инвестира пари во ваква фудбалска лига. Јас не би инвестирал.
Да дадеш неколку стотини илјади евра во ваков циркуз? Вардар најавува откажување, шампионот го нема, едно коло играш едно си слободен, не се знае дали ќе има претставник од кај нас во Европа, нема стабилна федерација .... зошто да плаќаш скапи фудбалери и скап тренер?
Доколку Џиџи беше сменет заради наводното сведочење во Лозана, тогаш за него ќе се донесе соодветна замена. :smir: за Жикица, но мислам дека не е на нивото на Џиџи.
Пред некој ден имаше потврда од клубот дека подготовките ќе ги реализира во Македонија. Сосема оправдано. Зошто фрлање пари како од времето на Ѓоре? 2-3 недели во Анталија, 2-3 недели на Златибор? За која цел? За 6 службени бодови? За едно коло со Милано, па едно слободен па наредно не се знае дали ќе се игра?
Тоа е прв показател дека буџетот е скратен. Смената на Џиџи е втор показател. Трет и последен показател би било ослободување од обврски на дел од фудбалерите кои имаат скапи договори. Времето ќе покаже што ќе се случи.
Баш би сакал сите овие „ѕвезди“ да си заминат. Нека почне клубот со помлади фудбалери. Мислам дека Жикица и најсоодветен тренер за таа работа. А и скапанава лига е најсоодветен момент да се прави подмладување на екипата.
Не ми се допаѓаше атмосферата на трибини оваа есен. Цело време се слушаат навреди кон Баже Илијоски, Велковски, Гешоски .... итн, а кога ќе дадат гол имаше само некој куртоазен аплауз. Не осетив вистинска радост за ниту еден гол на Металург.