Романисти што мислите утре тепаме ли?
-Заебанција настрана, утре нема што да бараме на Сан Сиро, едноставно не сме моќен тим оваа година, вака кога ќе видиш имаме шанси, изгубивме 0-1, доколку поведеме утре вратени сме во игра, ова вака навидум дека финалето не е толку далеку и дека постои реална можност, али ова го зборам само кога ги гледам бројките, е кога веќе ќе се осврнам на формата и играта која ја имаме оваа година финалето е многу,многу далеку од она што го кажуваат бројките, плус ни го нема Тоти нашиот талисман, единствениот заслужен играч поради кој Рома издвојува победи во првенството и поради кој Рома сеуште има шанси за 4-то место и пласман во ЛШ ...
ќе кажам уште нешто за утрешната утакмица, шансите да поминеме се 10% наспроти 90%! Фала богу секогаш ќе оставам шанси за победа, но победа би издвоиле доколку би се исполниле овие услови: 1.Мирко и Менез да трчаат цела утакмица, да ги покриваат крилата и да имаат удел во дефанзива, да се залагаат цело време; 2. Одбраната да биде на многу високо ниво, Хуан да прикаже партија како онаа против Милан, а Бурдисо да изигра како што играше лани; 3. Дони да брани барем тоа што би требало да се фати, не барам од него да прави чуда на голот... Овие услови тешко дека ќе се исполнат, па затоа и дадов само 10% за победа, всушност овие услови беа исполнети на само три утакмици оваа година, а тоа се на дербињата со Лацио, затоа доколку утре тепаме тоа би било рамно на чудо!
-Жално е ова што ќе го кажам, ама нашиот тим е очаен оваа година, тим кој повеќе од една декада се крсти во еден играч, како мал се сеќавам кога не играше Тоти(зборувам некаде 2001-2005год.), Рома немаше убава игра и тешко стигнуваше до победи, но оваа година тие сеќавања ми се вратија и замислете сега Тоти е 34 години, многу послаб од порано, во годините кога беше еден од најдобрите фудбалери на планетата, тогаш нормално и реално беше да кукаме по него и да се жалиме кога тој не игра, ама еве поминаа толку години, Тоти старее, му паѓа формата, а ние уште си се крстиме во него !!!
-Сега не ми се отвара уста за криминалот на Росела и тешките маки на кои е ставен нашиот нов газда, за тоа друг пат, само се надевам дека Ди Бенедето и другите американци кога ќе ја добијат Рома ќе имаат силна волја и желба да го извадат клубот од овие гомна и овој хаос настанат за време на владеењето на Росела и од нашиот тим да направат една модерна фирма која ќе прави резултати, успеси, титули и ќе носи пари и голема заработувачка, знам дека америте се способни за ова иако патот ќе биде многу тежок...
Во врска со засилувањата во последниот месец се изначитав за многу играчи кои би биле потенцијални наши нови засилувања, но 90% од информациите се новинарски невистини, ма да убаво ми е кога ќе прочитам дека Рома ја поврзуваат со некој квалитетен фудбалер, одамна го немам осетено тој осечај, макар и како трач
ахх за малку ќе заборавев да го ставам потенцијалниот состав за утре, немам некои забелешки, добар е:
ROMA (4-2-3-1): Doni; Rosi, Juan, N. Burdisso, Riise; Pizarro, De Rossi; Menez, Perrotta, Vucinic; Borriello..
Измени: Lobont, Cassetti, Castellini, Loria, F. Simplicio, Greco, Caprari..