Вајда толку ни е капацитетот, еве нема тројца клучни играчи, по еден од одбраната, средината и нападот и уште повеќе сме немоќни, Верету, Мхтаријан и Смолинг многу фалат..
Фонсека после натпреварот со Наполи вели ни фалеше храброст и карактер во играта и кај играчите, додека Пелегрини вели дека цела недела се спремале за тактика која се покажала погрешна, односно оделе на тоа да играат пресинг на Наполи, што испаднало погрешно..
Веќе се оддалечивме и од 4тото место, дури 5 бода, шансите се се помали..
А да освоиме ЛЕ, треба да се победат Ајакс и вајда Манчестер и вајда потоа Арсенал во финале што чисто се сомневам дека сме кадарни..
Така да, на лето повторно револуција, со нов тренер и нови играчи, а и да видиме за што се кадарни новите сопственици и колку се моќни да изградат силен состав со добар тренер, без парите од учество во ЛШ...