Не се знае што ќе биде со Мхтаријан и Смолинг, оти и двајцата имале не така добар однос со Мурињо.. Мхтаријан поголеми се шансите да си оди, секако договорот му завршува сега во јуни и по одличната сезона може некој да му даде попримамлива плата од нас..
Мене лично желба ми е Мурињо да го разигра Пасторе, а и овој да се заозбили малку, да стегне заби и да одигра година две сериозен фудбал, ма да шансите се мали...
Шарави станал тежок одрон,за ништо не го бива, незнам како се излажаа договор да му дадат, му остануваат две години со нас, незнам како ќе го откачиле..
Педро од како Мурињо официјално стана тренер игра како препороден, се гледа дека има желба да остане во Рома и да се докажува..
Исто и Рик Карсдорп игра како на да е на тешки дроги, напред назад, секаде го има...
Спинацола знаеме во 4ка назад дека многу полош, незнам што ќе биде со него, кога игра како офанзивен бек ни е премногу корисен, но во 4ка е слаб у дефанзива, незнам Мурињо дали ќе го сака...
Незнам што ќе биде со повратниците Ундер и Клајверт, немам проблем доколку следната година десни крила ни бидат Заниоло и Ундер, а за Клајверт незнам, на да Мурињо на времето беше огромен фан на играта на Клајверт..
Се зависи дали ќе успеат да го продадат Шарави, па и Педро и дали Мхтаријан ќе продолжи со нас, што е до мене, доколку летово се трошат пари за еден или два екстра играчи со големи плати, тоа мора да биде лево крило, некој ворлклас екстра играч..
Во средината Верету добива екстра партнер во Дарбое, две радалици во средина кои трчаат 90мин и кои се добро технички подковани, едвај чекам да ги видам.. Дарбое чинам можеше да продолжи да трча уште една утакмица од 90мин, многу спремно дете, импресионира..
Покрај нив двајца и Кристанте би го оставил, јадеме гомна за него, Али дечкото ни игра на три различни позиции, секаде покрива, од одбрана како ЦБ, до средина како АМ...
Виљар би го продал, има талент ама и многу лежерно игра, нема работна етика во дефанзива, премногу се опушта и секој натпревар има повеќе изгубено дуели и топки..
Дивата ми е енигма, доколку може да се донесе нешто подобро би го продал и би сакал да го донесат Томас Парти од Арсенал..
Централните бекови не треба да се мењаат, на Мурињо останува да ги воигра и да направи подобри, а талент имаат, единствено оној Кумбула ми е сумљив, може да испадне превара од играч...
Се на се, мразам кога мењаме тренер и кога треба да продадеме 10 играчи и да донесеме 10 нови.. Али овој пат се радувам ради тоа што се работи за квалитетен тренер, за прв пат после Капело имаме тренер со реноме, затоа едвај го чекам летниот преоден рок