Лацио и Аталанта победија, па утре ќе чувствуваат поголем притисок играчите.
Патем, остана незабележано тоа што овој период се продолжуваат договорите со многу некои фидбалери.
Најпрво со Ибањез кој сега со новиот договор има откупна клаузула од 80 милиони евра. Нема веќе продавање за маслинки како во време на палота.
Втор е Карсдорп кој потпиша до 2025.
Се очекува истото да го направат со Вилар, Манчини, Верету и др.
На почетокот бев за тоа да си оди Диавара, но со игрите последниов месец некако ми стави сомнеж. Се гледа дека ево форма и придонесува многу за екипата.
И Пау не знам зошто планираат да го продаваат. Солиден е. Јес да има некои дупки некогаш, ама па колку зицери спаси сезонава.
Чудно е како ќе се одвива трансфер политиката.
Од тие што ќе си одат сигурни се Пасторе, ЖЖ, Фазио, Сантон, Џеко и Бруно Перез. Платите на овие се вкупно околу 15-20 милиони .
За другите е енигма.
Мислам дека и карлез перез е на праг да си оди, а можеби и педро.
Сигурно ќе ни треба еден лев бек. Таму ќе го имаме само Спинацола. Ќе треба и еден централен бек, бидејќи со заминувањето на жж и фазио немаме бек ап опции. Ќе останеме само со Манчини, Ибањез, Кумбула и Смолинг.
Средината би ја оставил и сезонава со мала надградба. Значи покрај Верету, Кристанте, Вилар и Диавара би требало да се земе уште еден искусен централен бек. Имаше шпекулации за Мата што и не е така лош избор.
Напред ќе ги имаме ЕлШа, Мики, Пелегрини, Заниоло, Педро?, Карлес Перез?. Остануваме со еден шпиц. Тоа е Мајорал.
Мора да се земе класа шпиц кој ветува над 20 голови по сезона. Е сега од тие што се спомнуваат сите се мачка во вреќа.
Значи нема да имаат многу работа.