Еве вака краток увид и од моја страна за вечерашната утакмица.
Мурињо - Главна грешка, катастрофална поставеност. Доколку би му дале на Пеп да бира како да биде поставена тактиката на Реал за да победи наједноставно, мислам би ја избрал онаа од вчера. Требаше да бидат удвојувани играчите.Мораше. Како можеше толку евтино да поминуваа пасовите до крилните напаѓачи, уфрлена топка и оп гол. Одбраната одигра крајно лошо, но како да одигра подобро кога добија невозможна мисија. На 35метра од голот свој да се наоѓаат четворицата задни и притоа знаат дека играат против најдобрата Барселона од кога ја знаеме. Друго од нашата одбрана не видовме, по некоја добра интервенција во дуели 1 на 1, но на крајот тоа испадна небитно.
Средниот ред. Во средниот ред, против сјајните Чави, Иниеста Бускетс Меси и остала багра каталонска беа оставени на милост и немилост Чаби и Кедира, на местото каде што требаа да бркаат РОНАЛДО И БЕНЗЕМА. А каде беа воопшто овие двајца ? Доколку беа вратени поназад и вклучени во дефанзивните задачи, Кедира и Чаби би останале исто пред одбраната но мноогу поназад, на околу 30-35 метри. Позади нив уште еден бедем до кој би било крајно тешко да се стигне, а уште потешко да се пробие.
Ди Марија и Озил, колку и да викаме дека неочекувале ваков притисок и се сеуште деца тоа не е никакво оправдување. Играч како Озил кој успеа да ја седне на гз цела англиска одбрана на Светско првенство, кој успеа да ја совлада Аргентина, напраена да изгледа од рангот на еден Кипар или една Македонија... неможе да се каже дека бил под притисок и е млад. Грешката е што Мурињо не даде на тимот ниту офанзивни ниту дефанзивни задачи. Ова беше калакурница невидена. Целата вина ја префрлам нему. Во тој случај лош ден имаат и Касиљас и Рамос па и Карваљо и Марсело кој годинава беа најдобри дефанзивци. Очекувано 5:0.
Измените. Треба ли тие да се коментираат ? На полувреме се вади Бензема, се пушта во игра Лас. Роналдо оди повеке накај класичен напаѓач подржуван лево од Озил, а десно од Ди Марија. Изменава би била далеку подобра и понормална одколку да се вади Озил. Ако на полувреме Мурињо имал некаква надеж... мораше изменава да се направи. Да се зајакнат дефанзивните линии уште малку и да се повлечат поназад, но останатите играчи да се преселат целосно на противничката половина и да комбинираат, да ги притиснат. Колку толку образот би бил обелен доколку прикажевме некаква моќ барем...
Поединчено, нема играч кој заслужува пофалба. Никој, никој. Реков дека Марсело сеуште не е сигурен и тамо ке биде најкомплицирано.За првите два гола, половина вина е на Марсело. Стоперите катастрофални, најлоши до сега. Бензема реков ке се усере, но што да прави тој после ваква поставеност и ваква игра на оние зад него? Роналдо тежок егоист, до сега во спортот во целиот свет немам сретнато ваков егоист.Роналдо вчера се однесуваше како да не го болеше уво, како да беше гледач на кој му е скурчено од животот и једва чека да заврши натпреварот и да иде да е*не нешто. Ди Марија од тоа што знае и може, не покажа ниту 1/8. Тоа е што е за коментирање, тука ги гледам јас грешките.
И уште нешто да кажам. Мрзам провокатори, тепачи, нафурани фајтери итн.НО за она вчера на Рамос му ја пружам раката. Не коментирам повеке за ова.... толку. Hala Madrid.