Се ќе биде супер, само не ми се свиќаат коефициентите
Реал Мадрид- Милан
1- 1.65
Х-3.30
2- 6.30
Пак го потценуваат Милан, исто како лани, ова не ми се допаѓа
Кладилниците јадат гомна само, коефицентите се ставени според досегашната форма и домашниот терен што го има Реал. Оваа сезона никој играч нема дадено изјава како лани, а гледам и тука не е како лани кога сите бевте преголеми оптимисите, и сите верувавте во победа, ко божем Реал играл против Малага.
Икер - Абиати/кој и да е. Непотребно е да се трошат зборови.
Арбелоа - Замброта. Иста песна и двајцата. Во одбрана се добри, ама во напад се големи дупиња.
Пепе - Силва. Мислам дека по квалитетот се тука некаде, со тоа што предност му давам на Пепе затоа што Силва скоро се опорави од повредата. А и можно е да не настапи утре, а ако не игра, Пепе е подобар од која и да било негова замена.
Карваљо - Неста. И двајцата во години, мислам дека Неста е за нијанса поквалитетен.
Марсело - Антонини. Овој Антонини е по мене најслабата карика на Милан, додека Марсело е еден од најдобрите играчи на Реал моментално.
Амброзини, Сидорф, Пирло - Чаби, Кедира, Озил. Мислам дека овој дел од нашиот тим е далеку подобар и пофизички спремен од оној на Милан, за годините да не зборам.
Ди Мариа, Роналдо, Игуаин - Пато, Роналдињо, Ибрахимович. Што се однесува до напаѓачите, според мене Пато и Ибрахимович се подобри напаѓачи од Игуаин. Пато е машина, Ибра е навикнат на италијанскиот фудбал, ма се може да се случи утре. Роналдо и Роналдињо моментално се во подобра форма од сите заедно.
Се на се, мислам дека Реал на поголемиот дел од теренот има подобри играчи, освен можеби во нападот, конкретно напаѓачот, не оние што играат како втори или странични напаѓачи. Без оглед на тоа, утрешниот натпревар ќе биде тежок, вистински дерби, и мислам дека Мурињо најдобро знае дека во него треба да се влезе максимално концентрирано.