Па Снајдер уз Мурињо сите знаеме како изигра, ене го, главен кандидат за Златна тoпка е.
За ВдВ не коментирам, али за Снајди под капа на Мур друга ке беше сликата и во Реал, самиот кога дојде тука рече како можеле да продадат таков играч за таква сума. Друго е кога Шустер ти е тренер, друго е кога '' специјалниот '' ти е тренер.
Околу тоа како ќе играше во Реал под Мурињо може да дискутираме само во граници на претпоставки, јас стојам на тоа дека Снајдер не беше играч за Реал, не му одговараше играта на Реал, во никој случај. И не беше проблемот шо го продадија, туку шо го продадија без да донесат права замена, само осакатен Кака и просечен ВдВ.
Озил засега изгледа како правото нешто.
A што му фалеше на Снајдер пред да се повреди у Реал !? Ај немојте пак со тоа...
Па се повреди, не умре па да не може да игра, толку го биваше та...
Чисто компаративно ги споменав, оти и двајцата беа плејмејкери и донесени да го прават токму тоа што Озил го прави во овој краток период, не можам да опишам да ти доловам колку далеку беа од такво нешто ако сам не можеш да забележиш.