iggo_s
.. sangre blanca en mis venas!
- Член од
- 30 јуни 2009
- Мислења
- 1.389
- Поени од реакции
- 1.077
Прес конференција на Роналдо. Ветува дека ќе има подобрување во играта, но од навивачите бара малу повеќе поддршка, а помалку свирежи.
Луѓето ја критикуваат играта на тимот во Саботата..
Ние сме среќни. Ги добивме трите поени, а тоа беше и нашата цел. Како што кажа тренерот, немавме многу шанси, но ние го контролиравме натпреварот. Очигледно дека мора да играме подобро и да постигнуваме повеќе погодоци. Но, сепак среќни сме.
Дали мислиш дека публиката е нестрплива?
Можеби.. Ние играчите дадовме сè од себе, но понекогаш не може сè да биде совршено. Подобро е публиката да помогне околу мотивацијата. Енергијата која се троши за свирење, може да се искористи за поддршка. Луѓето ја искажуваат својата незадоволност на начин на кој што тие сакаат, но јас не се сложувам со свирежите. Морам да кажам и дека мал беше бројот на тие што не исвиркуваа.
... и дали мислиш дека публиката се забавува?
Кога нема голови, навивачите се тивки. Истото се случуваше и во Манчестер. Секогаш постои одлична игра која ќе ја крене публиката на нозе. Мислам дека може да се случи и обратно, односно публиката да го крене тимот со навивање. Иако знам дека тоа не е лесно...
Претседателот вчера изјави дека приоритет годинава е да се освои 10-та титула во Лигата на Шампионите..
Секоја година зборуваме за Лигата на Шампионите. Ги имаме амбициите за освојување, но сепак не треба играме под притисок. Треба да одиме пополека, и да мислиме прво на групната фаза.
Што мислиш за твојата позиција на теренот?
Практично, нема ништо променето од минатата сезона. Се движам од левата на десната страна... Имам изиграно само два натпревари и се осеќам комотно. Головите ќе си дојдат сами по себе.
Што мислиш за Милан?
Се засилија многу со Робињо и Ибрахимович, Сигурно дека ќе бидат тешки натпреварите и на домашен терен и на гости, но не се плашиме. Ние сме Реал Мадрид.
Дали ја гледаш Барселона како послаб тим годинава?
Не. Ова е само почеток. Не постојат непобедливи екипи. Сигурно дека Барса ќе изгуби уште поени сезонава, исто така и ние. Убаво беше тоа што изгубија од Херкулес и драго ми е. Помалите екипи стануваат сè подобри и тоа ни ја комплицира работата. И подобро е така. Ла Лига станува повеќе конкурентна.
Мислиш ли дека со Мурињо играта ќе се подобри?
Секако дека да. Тој е еден од најдобрите. Тој и целиот тим заедно, верувам дека ќе успееме.
Како ти се допаѓа теренот на стадионот?
Не е добар, но сум играл и на многу полош. Ќе видиме дали во Среда ќе биде подобар. Минатата сезона беше совршен, и се надевам дека за 2 недели ќе биде пак таков.
Ќе биде ли Реал Мадрид подоминантен оваа сезона?
Во Саботата имавме 5 добри шанси за постигнување погодок. Не игравме лошо, но можеме да се подобриме. Не треба да се драматизира. Тимот е во изградба...
Навивачите почнаа да мислат дека тимот ќе биде засекогаш во изградба...
Чувсвтувам дека годинава ќе освоиме нешто.. Не сакам да поминам 2 години без ниедна титула.
.. на што се базира тоа?
Новите играчи, новиот тренер...
Што мислиш за Озил?
Се обидувам да зборувам со него, не знам германски. Но јазикот на фудбалот е универзален. Озил е одличен играч кој дојде од друга лига. Се надевам дека ќе постигне големи успеси во Мадрид.