Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Прес конференција на Роналдо. Ветува дека ќе има подобрување во играта, но од навивачите бара малу повеќе поддршка, а помалку свирежи.

Луѓето ја критикуваат играта на тимот во Саботата..
Ние сме среќни. Ги добивме трите поени, а тоа беше и нашата цел. Како што кажа тренерот, немавме многу шанси, но ние го контролиравме натпреварот. Очигледно дека мора да играме подобро и да постигнуваме повеќе погодоци. Но, сепак среќни сме.

Дали мислиш дека публиката е нестрплива?
Можеби.. Ние играчите дадовме сè од себе, но понекогаш не може сè да биде совршено. Подобро е публиката да помогне околу мотивацијата. Енергијата која се троши за свирење, може да се искористи за поддршка. Луѓето ја искажуваат својата незадоволност на начин на кој што тие сакаат, но јас не се сложувам со свирежите. Морам да кажам и дека мал беше бројот на тие што не исвиркуваа.

... и дали мислиш дека публиката се забавува?
Кога нема голови, навивачите се тивки. Истото се случуваше и во Манчестер. Секогаш постои одлична игра која ќе ја крене публиката на нозе. Мислам дека може да се случи и обратно, односно публиката да го крене тимот со навивање. Иако знам дека тоа не е лесно...

Претседателот вчера изјави дека приоритет годинава е да се освои 10-та титула во Лигата на Шампионите..
Секоја година зборуваме за Лигата на Шампионите. Ги имаме амбициите за освојување, но сепак не треба играме под притисок. Треба да одиме пополека, и да мислиме прво на групната фаза.

Што мислиш за твојата позиција на теренот?
Практично, нема ништо променето од минатата сезона. Се движам од левата на десната страна... Имам изиграно само два натпревари и се осеќам комотно. Головите ќе си дојдат сами по себе.

Што мислиш за Милан?
Се засилија многу со Робињо и Ибрахимович, Сигурно дека ќе бидат тешки натпреварите и на домашен терен и на гости, но не се плашиме. Ние сме Реал Мадрид.

Дали ја гледаш Барселона како послаб тим годинава?
Не. Ова е само почеток. Не постојат непобедливи екипи. Сигурно дека Барса ќе изгуби уште поени сезонава, исто така и ние. Убаво беше тоа што изгубија од Херкулес и драго ми е. Помалите екипи стануваат сè подобри и тоа ни ја комплицира работата. И подобро е така. Ла Лига станува повеќе конкурентна.

Мислиш ли дека со Мурињо играта ќе се подобри?
Секако дека да. Тој е еден од најдобрите. Тој и целиот тим заедно, верувам дека ќе успееме.

Како ти се допаѓа теренот на стадионот?
Не е добар, но сум играл и на многу полош. Ќе видиме дали во Среда ќе биде подобар. Минатата сезона беше совршен, и се надевам дека за 2 недели ќе биде пак таков.

Ќе биде ли Реал Мадрид подоминантен оваа сезона?
Во Саботата имавме 5 добри шанси за постигнување погодок. Не игравме лошо, но можеме да се подобриме. Не треба да се драматизира. Тимот е во изградба...

Навивачите почнаа да мислат дека тимот ќе биде засекогаш во изградба...
Чувсвтувам дека годинава ќе освоиме нешто.. Не сакам да поминам 2 години без ниедна титула.

.. на што се базира тоа?
Новите играчи, новиот тренер...

Што мислиш за Озил?
Се обидувам да зборувам со него, не знам германски. Но јазикот на фудбалот е универзален. Озил е одличен играч кој дојде од друга лига. Се надевам дека ќе постигне големи успеси во Мадрид.
 
многу голема му платата повеке од двојно која ја заслужува
п.с се согласувам со тебе.
ново девојче мадридиста на форумов претпоставувам Like. :)

--- надополнето ---

Прес конференција на Роналдо. Ветува дека ќе има подобрување во играта, но од навивачите бара малу повеќе поддршка, а помалку свирежи.

Дали ја гледаш Барселона како послаб тим годинава?
Не. Ова е само почеток. Не постојат непобедливи екипи. Сигурно дека Барса ќе изгуби уште поени сезонава, исто така и ние. Убаво беше тоа што изгубија од Херкулес и драго ми е. Помалите екипи стануваат сè подобри и тоа ни ја комплицира работата. И подобро е така. Ла Лига станува повеќе конкурентна.
:zver:
 
Имам претчуство дека Пипита в среда ќе се распука.:)
Прегледај го приврзокот 34820
и ја исто

--- надополнето ---

Реновирање на Сантијаго Бернабе

getImageThumbnail.php

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, најави дека во блиска иднина планира реконструкција на Сантијаго Бернабе и според плановите стадионот на Кралскиот клуб треба целосно да биде покриен. Перез не сакаше да говори за точен термин кога би стартувала реконструкцијата и дека се ќе зависи од финансиската состојба во клубот.
 
3 се сега,по други фан клубови не гледам вакви навивачки од женската популација :)

Па денес повекето од женската популација се попалени по овој што го имаш на аватар :icon_lol:

П.С Нарис немој само кире да ме види ке ме утепа :pos:
 
Па денес повекето од женската популација се попалени по овој што го имаш на аватар :icon_lol:

П.С Нариз немој само кире да ме види ке ме утепа :pos:

Тие што се навивачки на Интер и ако се попалени по играчи и ако дркаат на нив, не значи дека и другите се такви(бар за мене да си кажам):)
п.с. Роналдо па што е една фаца за да се палат на него....свашта...
 
Па денес повекето од женската популација се попалени по овој што го имаш на аватар :icon_lol:

П.С Нариз немој само кире да ме види ке ме утепа :pos:

Naris be more, ne Nariz kje te skrsam:@:@:@
 
Тие што се навивачки на Интер и ако се попалени по играчи и ако дркаат на нив, не значи дека и другите се такви(бар за мене да си кажам):)
п.с. Роналдо па што е една фаца за да се палат на него....свашта...
тачно! кај нас мони се пали на рамос,емилија на кака а ова новово незнам:)
sergioramosspainreal_270494.jpg

funnyronaldo.jpg


--- надополнето ---

Naris be more, ne Nariz kje te skrsam:@:@:@
клизач иди му:smeshko:
 
тачно! кај нас мони се пали на рамос,емилија на кака а ова новово незнам:)
sergioramosspainreal_270494.jpg

funnyronaldo.jpg


--- надополнето ---


клизач иди му:smeshko:

Те излажале мали:smir:
Мони не се пали на Рамос, ниту пак на никој друг фудбалер, туку Мони се пали на некој сосем нормален од нејзина близина:)
Друго нешто да ти кажам сакаш?
 
Те излажале мали:smir:
Мони не се пали на Рамос, ниту пак на никој друг фудбалер, туку Мони се пали на некој сосем нормален од нејзина близина:)
Друго нешто да ти кажам сакаш?
Така девојче...само оштро:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom