Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Епа честито победа Мадридисти, читам коментари ми го фалите Бенз, а Ди Мариа дупе, јбг...ќе видиме на следниот натпревар што ќе биди:)

Отидов да спијам уште, ајт!!!

--- надополнето ---

Да се надополнам уште нешто...на нз која страна поназад, читнав дека Бенз бегал од топката на тренинзите?! Епа кој сеа нема да се увери дека е трема и самодоверба, никад нема да се увери!!! Има играчи едноставно многу тешко им е да ја одбегнат тремата и да добијат самодоверба дека нема да грешат или дека нема никој да му се смее.:toe:
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Епа честито победа Мадридисти, читам коментари ми го фалите Бенз, а Ди Мариа дупе, јбг...ќе видиме на следниот натпревар што ќе биди:)

Отидов да спијам уште, ајт!!!

--- надополнето ---

Да се надополнам уште нешто...на нз која страна поназад, читнав дека Бенз бегал од топката на тренинзите?! Епа кој сеа нема да се увери дека е трема и самодоверба, никад нема да се увери!!! Има играчи едноставно многу тешко им е да ја одбегнат тремата и да добијат самодоверба дека нема да грешат или дека нема никој да му се смее.:toe:
бенз ти го фалевме и напраиве една добра акција и неколку шанси имаше кои не ги искористи и не рачунај дека Каримчо ќе игра прва оваа сезона позз:toe:
^
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.653
Поени од реакции
14.623
Mourinho (Club America 2 - 3 Real Madrid): Победивме, но сакаме да ги добиваме вистинските натпревари, не оние во претсезона. Ова беше еден поразличен тренинг спрема еден конкурентен ривал, со брзина и желба за игра.

Имаме уште шест играчи во Л.А. и тоа се забележува. Сакам да разработам три различни тактички системи и тоа вчера им го објаснив на играчите. Денес употребивме еден од тие системи, овој систем беше најдобар за играчите кои играа, беше добар за Canales, Cristiano, Pedro León…

Не згрешив што го барав Cenales од оваа сезона и не дозволив да остане уште една во Rаcing, денес тоа го покажа.

Pedro León физички е мртов, но не престанува да го покажува својот квалитет. Многу работи треба да ги подобри и јас сум многу досаден со него, но тоа е добро затоа што значи дека сум задоволен од него.

Сите играчи го сакаат Kaká и е многу добар играч, но го сакаме 100% подготвен за да биде среќен. Ако треба да го изгубиме на некое време не е страшно, имаме други играчи. Kaká е еден од најдобрите во светот.

Raúl и Guti направија многу за Real Madrid, а јас не направив ништо, затоа ги почитувам максимално. Се знаеше дека Guti веќе се збогува со фановите. Со Raúl беше поразлично, јас сакав да можам да сметам на него, но он имаше право да одлучи за својата иднина и да продолжи да игра на високо ниво. Сега напаѓачката иднина на Real Madrid е во рацете на Benzema, Higuaín и Cristiano.

Сите голови:


Уште неколку слики:

















Иначе, АЅ пишува дека Маикон ќе се сретнел со Морати во понеделник во Милано, и ќе му соопштел дека сака да го напушти тимот за помала цена.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Лелел јас сум заспал :( Сеа ги читав коментариве гледам играва ни била ПЕРФЕКТ прво полувреме и малце сне попуштиле второ. Добро е Каналес постигнал гол на дебито, другиве добро се покажале. Само вака нека продолжат. Cheers. :)

--- надополнето ---

Canales: Исполнување на сонот е да играш за Real Madrid. Сакам да продолжам да се формирам и да работам. Не размислував за тоа какво ќе биде моето деби со Real Madrid, но излезе одлично и дадов гол. Никогаш нема да го заборавам.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Од ова што го видов на хајлајтсов Ди Мариа беше тотални изгубен,мислам дека Педро Леон е далеку подобра опција.Се покажа дека Мурињо не згреши што го донесе Каналес,поготово сега кога Кака нема да игра и то како ни дојде.КР7 го личеше ептен а играта немам зборови,секогаш класа над сите.Е сега пријателска е ,мора да примиме гол.А Бензема ќе биде од голема корист ама пак со Хиго тешко.Ел Пипита има да се посере(да ме извините на изразов) од голови оваа сезона.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.653
Поени од реакции
14.623


Марка објавија дека сите три засилувања имале ветувачко деби. Како најдобар го издвоија Педро Леон. Според нив тој одиграл одлично на индивидуално ниво, а и добро соработувал со напаѓачите. Направил неколку грешки, но сепак за деби одлично.

Каналес одиграл задоволувачки, и постигна гол на својот деби-натпревар. Исто така додале дека имал одлично движење при постигнувањето на голот.

Најмалку пофалби собрал Ди Мариа, за кој пишуваат дека одиграл без грешка.

--- надополнето ---

Бензема и Лас повикани за Франција, Касиљас, Арбелоа, Рамос и Чаби за Шпанија за пријателските натпревари на 11 август. Албиол не е повикан поради повреда.
 
Член од
28 јули 2010
Мислења
39
Поени од реакции
0
Реал со победа во првиот натпревар во претсезоната.
33527_143574932338287_139558012739979_317874_4473471_n.jpg

Реал Мадрид во првиот натпревар оваа сезона стигна до првата победа.
Иако не беше лесно добиен натпреварот сепак избраниците на Жозе Мурињо стигнаа до победа над клубот од Мексико , Клуб Америка во Сан Франциско.Реал Мадрид поведе преку Серхио Каналес кој во својот дебитантски настап во новиот клуб најавува блескава иднина во дресот на Реал.Карим Бензема се проби по левата страна по блескавата акција додавајки до Каналес кој немаше никакви проблеми да ја смести топката во противничката мрежа.По постигнатиот гол на Реал во 53 минута Ескуде израмнува на 1-1 по добиената топка испраќајки ја во левиот агол на голманот Адан.Седум минути покасно односно во 60 минута уште една грешка на Реаловата одбрана откако Дренте не го затвори добро Санчез кој на ист начин го совлада Адан.Но подоцна стапуваат двата најдобри играчи на Реал од претходната сезона.Игуаин во 63 минута изедначи на
2-2.Сјајно се провлече покрај стоперите на Америка а Роналдо уште подобро му подаде по што Игуаин на лесен начин го изедначи натпреварот.На 8 минути пред крајот на натпреварот Роналдо е соборен пред противничкиот шеснаесетник по што судијата покажа за слободен удар по што во свој препознатлив стил Роналдо поентира и му ја донесе првата победа во претсезоната.

Состави:
Америка: 1 Очоа (12 Наварете 46`) , 14 Улисес , 4 Рохас , 3 Аквилдо (33 Патрисио 59`) , 5 Росинел , 10 Монтенегро (7 Сандовал 32`) ,9 Ескуде , 13 Пардо (19 Лајун 46`) , 30 Вуосо , 11 Санчез , 8 Мартинез (27 Лопез 46`).

Реал Мадрид : 1 Дудек (13 Адан 46`) , 30 Хуанфран (27 Начо 46`)(Алекс 85`) , Пепе , 19 Гарај , 12 Марсело (Дренте 46`) , Гаго (Диара 46`),10 Лас (26 Тебар 68`) , 21 Педро Леон (Ди Мариа 46`) , 7 Роналдо (29 Мората 85`) , 16 Каналес(11 Гранеро 46`) , 9 Бензема (20 Игуаин 46`).


Извор:РеалМадрид-МК
 

CaMeC

Рамос - 4
Член од
18 јуни 2007
Мислења
2.266
Поени од реакции
10
Честита нека ни е првата победа во предсезоната..не го гледав натпреварот мн касно беше читам одлично играле во првото полувреме тоа ме радува..Следен натпревар со кој??
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.653
Поени од реакции
14.623
Честита нека ни е првата победа во предсезоната..не го гледав натпреварот мн касно беше читам одлично играле во првото полувреме тоа ме радува..Следен натпревар со кој??
Со ЛА Галакси, сабота спрема недела од 4:30.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom