Како за прв натпревар, секоја чест за одиграното прво полувреме. Се супер, пасови од нога на нога, нема избивање и губење топки без потреба, константен пресинг видовте Гарај и Пепе излегуваа до пола терен, така треба секогаш да се игра. Во првото полувреме пријатно ме изненади Каналес, секоја чест за дебито, а и ме изненади голманот на Клуб Америка, Гиљермо Окоа (Очоа) знаев по Менаџер дека е ѕвер. Не знам друго што да кажам за првото полувреме, се функционираше феноменално.
Во второто полувреме, по шесте измени очекувано беше да падне темпото на играта, се промени целиот концепт, одбраната делуваше панично, никаква поврзаност помеѓу средниот ред, но сепак Роналдо со асистенција и перфектен гол докажа зошто со Меси моментално се многу понапред од сите останати фудбалери. Истото го направи и Меси во вчерашниот натпревар, само што Меси постигна два гола.
Тоа е тоа, нека ни е честито победата, ајде сеа на спиење сите, ја ќе ја чекам изјавата на Мурињо.
За добро утро.