Mourinho (Club America 2 - 3 Real Madrid): Победивме, но сакаме да ги добиваме вистинските натпревари, не оние во претсезона. Ова беше еден поразличен тренинг спрема еден конкурентен ривал, со брзина и желба за игра.
Имаме уште шест играчи во Л.А. и тоа се забележува. Сакам да разработам три различни тактички системи и тоа вчера им го објаснив на играчите. Денес употребивме еден од тие системи, овој систем беше најдобар за играчите кои играа, беше добар за Canales, Cristiano, Pedro León…
Не згрешив што го барав Cenales од оваа сезона и не дозволив да остане уште една во Rаcing, денес тоа го покажа.
Pedro León физички е мртов, но не престанува да го покажува својот квалитет. Многу работи треба да ги подобри и јас сум многу досаден со него, но тоа е добро затоа што значи дека сум задоволен од него.
Сите играчи го сакаат Kaká и е многу добар играч, но го сакаме 100% подготвен за да биде среќен. Ако треба да го изгубиме на некое време не е страшно, имаме други играчи. Kaká е еден од најдобрите во светот.
Raúl и Guti направија многу за Real Madrid, а јас не направив ништо, затоа ги почитувам максимално. Се знаеше дека Guti веќе се збогува со фановите. Со Raúl беше поразлично, јас сакав да можам да сметам на него, но он имаше право да одлучи за својата иднина и да продолжи да игра на високо ниво. Сега напаѓачката иднина на Real Madrid е во рацете на Benzema, Higuaín и Cristiano.
Сите голови:
Уште неколку слики:
Иначе,
АЅ пишува дека Маикон ќе се сретнел со Морати во понеделник во Милано, и ќе му соопштел дека сака да го напушти тимот за помала цена.