Ми се свиѓаше и тоа кај Мурињо, за цената на играчите што ќе ги купуваат. Според тоа, Ди Мариа го отрфлам веднаш, затоа што Бенфика бараат смешна сума за играч кој ги прави мајмуни играчите на нискоразредни тимови, Белененсес, Навал, итн, и само два до три пати блеснал во репрезентацијата. Па мајка му стара, Барселона го купија Виља за 40 милиони, играч кој е докажан во шпанско првенство, врвен голгетер, ги полни мрежите на кој стигне, а овие барат 40 милиони, за како што кажав, играч кој се докажал во три пати послабо првенство од шпанското. Подобро Кварезма нека си го земе Мурињо, отколку да го купи Ди Мариа.
--- надополнето ---
Еве го и Валдано се огласи.
Valdano (27.05.10 – Onda Cero): Овде не зборуваме за неуспех на Pellegrini, туку за неуспех на еден проект во кој сите сме вмешани. Јасно е дека ни е потребен лидер, силен лидер, а тоа е Mourinho, полесно беше да се постигне консензус за Mourinho отколку за Pellegrini, затоа одлуката е ваква.
Не ми помина низ глава да си дадам оставка,... затоа што знам која е мојата одговорност во клубот и мислам дека внатре во клубот никој не ја ставил под сомнеж мојата работа. Знам која е врската со управниот одбор и со претседателот.
Ова е фрустрација која е болна за сите и која сите не прави послаби. Јас не се чувствувам разочаран од Pellegrini, туку спротивното. Pellegrini е голем професионалец, но понекогаш настаните ги диктираат одлуките.
Mourinho има договор со Inter и треба да го реши тоа. Во меѓувреме ние можеме да кажеме дека Mourinho не интересира и дека ќе биде наш тренер следната сезона.
Од Mourinhо бараме да го одржи Real Madrid на нивото кое му одговара. Real Madrid мора да се бори со најдобрите и за лидерските места во Европа, тоа е нашата цел. Mourinho е тренер кој докажа дека има капацитет да се адаптира, во Porto играше на еден начин, во Chelsea на друг, на трет начин во Италија. Знаеме дека е интелигентна личност и јас сум сигурен дека знае дека како да работи во оваа држава, во овој град, особено во клубот во кој доаѓа што е најважно.
Откако дојде Florentino Perez клубот е во раце на професионалци и пораката од медиумите е тој да биде подалеку од првата екипа, играчите и тренерот. Тоа го следеше во изминатава година, затоа јас и Pardeza бевме најблиските соработници на тренерот. Минатата година си заминаа 13 играчи и дојдоа 8 нови. Оваа година ќе има промена и ќе дојдат некои играчи кои ќе го додефинираат проектот.