Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Како што сите знаеме од пред две недели дека го прекинуваат неуспешниот но надежен проект, и се почнува со нов.
Разбирам дека еден ваков проект е неуспешен и нешто треба да се смени, но зошто ВАЛДАНО ОСТАНУВА?? во новиот проект?? како Пелегрини што беше морално избркан, така треба и Валдано да го напушти бродот.
Перез и Валдано се премногу големи за да паднат со Пелегрини. А тое што тие викаат дека Пелегрини не е крив е само онака како маска за во медиуми колку да не се извалка името негово.. Демек Пелегрини направи се што можеше..
А директен виновник е токму Пелегрини..
Ги доби најдобрите играчи во светот, а титулата ја загуби со два порази од директниот конкурент.
Отпадна во нок-аут фаза од еден очаен противник.
Значи тое ти се директни два дуели во кој главен виновник е Пелегрини. Од вкупни "12 бодови", успеа да освои само 1.
Да, Пелегрини е виновникот за сезоната без трофеј на Мадрид.
За мене исправна одлука, а доаѓањето на Мурињо ќе му биде еден од најдобрите трансфери на Перез.. Ако не и најдобар потег.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Убаво рече МП. Кога другиот тренер ќе направи повеќе од 100 поени, тогаш ќе биде поуспешен од мене.
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Абе најдими ти мене трофеј кој се доделува за освојување на 100 поени... Оти не можам да ја сфатам изјавава на Пелегрини...
Само човек кој знае дека ќе биде избркан, кој сака да постави некоја цел (која нема врска со примарната) пред новиот тренер на клубот, може да даде таква изјава..
Замисли само како звучи..
Реал Мадрид 4 години без пораз на домашен терен.. :pipi:

Баш ме интересира да видам дали ќе биде тоа..
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Ај бе нека не ви ја полнт главата навивачите на други тимови со муабети од пред коперација, Перез терал бизнисот, кој бизнис??? Да не профитира лично човекот?? Ептен се под влијание на другите навивачи шо знаат да кажат, реал- упропастува играчи, роналдо позер, манекен, ??? дај бе мислете со своја глава,кој профит ќе го прави перез/?? не работи за него, човекот прави СЕ за реал мадрид, како никој друг човек во историјата на реал, ги носи најдобите играчи во тимот, затоа што во реал можат да играат само најдобрите.
Незнам само по пензинирање и смртта на Пезез дали ќе се роди некој друг со такви способности на чело на Реал, човекот е појава, слушнете го аудиото што му се јавуваат од СЕР на Морати и му се претставуваат како Перез да видите каков муабет се праи.Галијани дојде во мадрид да му го продаде Кака. Никој не го претставувал клубот како него.
После Перез само Обама би можел да го замени.
Ниту финансира Перез ниту профитира он. Сака и да се запише во историјата на фудбалот како најпридонесен председател на еден клуб(титули, ѕвезди...) Исто така многу ризикува со 250те мил што ги добива од инвеститорите. Како и да е преку 200 мил има вратено само на Роналдо, Кака и Бензема од нивни дресови, реклами итн...Тие пари што ги добил треба некако да се вратат и ете го бизнисот што му е поважен првата сезона од титулите. Епа сеа глејте малце и тактички, после една сезона од како профитирал и се, сеа решил да освојува тимот со нов тренер, негов избор на играчи...

Не сум сигурен дали е постирано ова веќе ама еве јас ќе постирам...


Here is the Top 10 list of Clubs according to Forbes with their estimated market value in $US:

1. Manchester United (England) - 1,835 M $US / 1,400 M€
2. REAL MADRID (Spain) - 1,323 M $US / 991 M€
3. Arsenal (England) - 1,181 M $US / 884 M€
4. FC Barcelona (Spain) - 1,000 $US / 746 M€
5. Bayern Munich (Germany) - 990 M $US
6. Liverpool FC (England) - 822 M $US
7. AC Milan (Italy) - 800 M $US
8. Juventus (Italy) - 656 M $US
9. Chelsea FC (England) - 646 M $US
10. Inter Milan (Italy) - 413 M $US
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
еве конецно и ја на кирилица да писам со идивиди преведов ми каза еден цоек и да не се буните!
сега цим муринјо це дојде у реал це ви казам каква тактика це напрае. муринјо це сака да играме одбрана у дефанзива. це бидат сите назад само це биде хииуагин напред сам, а бензема и роналдо це се пробиа цик цак по страните. нема потреба од нови играци само маикон за десен бег, а рамос це биде полево малце. исто мозе Есен да се земе од Цхелсеа посто ласана це умира изгледа. еве како це изгледа тактиката само забраев кака да го стаам тој це биде громот, а роналдо це бида звездата у тимот. (инаце го праев со новиот паинт многу е јак!)
А Фиго и Зидан каде ти се?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Aх бе Пелегрини... можеби требаше ова порано да го кажеш. Нема врска, ете ви сега на тие што не верувавте како оделе работите.

После се ова, главен виновник ќе испадне МП. Според мене тој не е главниот виновник, Валдано и Перез се. Но неможам да го почитувам толку Пелегрини затоа што дозволи да биде поттрчко и кукла на овие двајца. Јас лично не би можел да издржам цело време така некој да ме прави будала, да не ме прашува кој играч да купи или продаде, и да ми дава наредби. Сеа таква била политиката на клубот, може е, ама до толку, сигурно не. А Мурињо нема шанси да прифати да му го прават тоа, баш затоа сакам да видам како ќе биде со него.

Плус, и правеше многу тактички грешки, особено во вториов дел од сезоната. Од една страна му симнувам капа заради тоа што не сакал да ја наруши атмосферата во текот на сезоната, можеби ако прозборел ќе имаше хаос, но сега, за жал, испадна само еден обичен подлизурко на овие двајца.

Но “филмски„ најзлобната улога овде ја има Валдано. Мислам дека тој треба да замине, и така не се мирисаат баш со Мурињо, ако остане само ќе има проблеми. Али тешко да замине тој, скоро и невозможно.

Ќе има интересно лето годинава...
 
Член од
10 декември 2009
Мислења
534
Поени од реакции
87
Mourinho (27.05.10 - As):

• Иако се уште има време додека да почне новата сезона и има Мундијал пред тоа. Кој мислите дека ќе ја освои la Liga?
Не знам. Јас сакам да ја освојам, затоа што ниеден играч и ниеден тренер не успеал да ги освои англиската, италијанската и шпанската лига. И би сакал да бидам првиот кој ќе успее да освои ЛШ со три различни екипи. Би сакал да откријам некој младинец и да го направам ѕвезда. Ме мотивира, еден играч кој немал добра сезона претходно сега да има.... Има многу начини за мотивација. Но не сакам да ја изгубам скромноста, така да нема да дојдам и да кажам ќе ја освојам la Liga имајќи ја пред себе најдобрата Bаrcelona.
Болдот: НАВИСТИНА МИ СЕ ДОПАЃА
„Би сакал да откријам некој младинец и да го направам ѕвезда“-навистина е ѕвер
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719
Mourinho no será presentado hasta la semana que viene

Мурињо нема да биде презентиран оваа недела. Неговиот агент и Интер сеуште не постигнале договор за раскинување на неговиот договор во Интер.

Најверојатно неговиот агент сака да го раскине договорот со Интер без плаќање на клаузулата (16 милиони), но Морати останува цврст на својот став дека таа клаузула мора да биде платена. Како и да е, и самиот Мурињо изјави дека веќе е тренер на Реал, така да без грижи, ќе го среди тоа Перез. :)

--- надополнето ---

Во времето на Галактико а и сега кога се гради Галактико 2, Флорентино Перез направи седум тренерски измени, последна жртва на неговата желба за брзи титули е Флорентино Перез.

Перез сам себе се сменил од тренерската позиција. :pos:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Шо влечат време бе нема време СП иде
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719
Абе Мурињо и самиот изјави што му треба, така да мислам дека веќе ги скроиле плановите кои играчи ќе се купуваат. И Мурињо да не биде претставен до почетокот на светското, јас очекувам до тогаш да бидат донесени 2-3 играчи, оние најпотребните, (Силва/Ди Мариа, Маикон, лев бек).

--- надополнето ---

17 март, 2010 година.

Perez: Mourinho not right for Madrid

27 мај, 2010 година.

Mourinho a perfect fit for Real Madrid - Perez

:toe:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Ја мислам Силва нема никакви шанси да го земеме. Љоренте почна да јаде гомна пак.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719
Ми се свиѓаше и тоа кај Мурињо, за цената на играчите што ќе ги купуваат. Според тоа, Ди Мариа го отрфлам веднаш, затоа што Бенфика бараат смешна сума за играч кој ги прави мајмуни играчите на нискоразредни тимови, Белененсес, Навал, итн, и само два до три пати блеснал во репрезентацијата. Па мајка му стара, Барселона го купија Виља за 40 милиони, играч кој е докажан во шпанско првенство, врвен голгетер, ги полни мрежите на кој стигне, а овие барат 40 милиони, за како што кажав, играч кој се докажал во три пати послабо првенство од шпанското. Подобро Кварезма нека си го земе Мурињо, отколку да го купи Ди Мариа. :)

--- надополнето ---

Еве го и Валдано се огласи.

Valdano (27.05.10 – Onda Cero): Овде не зборуваме за неуспех на Pellegrini, туку за неуспех на еден проект во кој сите сме вмешани. Јасно е дека ни е потребен лидер, силен лидер, а тоа е Mourinho, полесно беше да се постигне консензус за Mourinho отколку за Pellegrini, затоа одлуката е ваква.

Не ми помина низ глава да си дадам оставка,... затоа што знам која е мојата одговорност во клубот и мислам дека внатре во клубот никој не ја ставил под сомнеж мојата работа. Знам која е врската со управниот одбор и со претседателот.
Ова е фрустрација која е болна за сите и која сите не прави послаби. Јас не се чувствувам разочаран од Pellegrini, туку спротивното. Pellegrini е голем професионалец, но понекогаш настаните ги диктираат одлуките.

Mourinho има договор со Inter и треба да го реши тоа. Во меѓувреме ние можеме да кажеме дека Mourinho не интересира и дека ќе биде наш тренер следната сезона.
Од Mourinhо бараме да го одржи Real Madrid на нивото кое му одговара. Real Madrid мора да се бори со најдобрите и за лидерските места во Европа, тоа е нашата цел. Mourinho е тренер кој докажа дека има капацитет да се адаптира, во Porto играше на еден начин, во Chelsea на друг, на трет начин во Италија. Знаеме дека е интелигентна личност и јас сум сигурен дека знае дека како да работи во оваа држава, во овој град, особено во клубот во кој доаѓа што е најважно.

Откако дојде Florentino Perez клубот е во раце на професионалци и пораката од медиумите е тој да биде подалеку од првата екипа, играчите и тренерот. Тоа го следеше во изминатава година, затоа јас и Pardeza бевме најблиските соработници на тренерот. Минатата година си заминаа 13 играчи и дојдоа 8 нови. Оваа година ќе има промена и ќе дојдат некои играчи кои ќе го додефинираат проектот.
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Болдот: НАВИСТИНА МИ СЕ ДОПАЃА
„Би сакал да откријам некој младинец и да го направам ѕвезда“-навистина е ѕвер
Како Арсен Венгер сака да го направи хаха :)
А иначе уште не е готово со Мурињо? Дојден е или ?
 

BATISTUTA 9

Fiorentina-Partizan-Real
Член од
17 мај 2008
Мислења
2.085
Поени од реакции
266
Ми се свиѓаше и тоа кај Мурињо, за цената на играчите што ќе ги купуваат. Според тоа, Ди Мариа го отрфлам веднаш, затоа што Бенфика бараат смешна сума за играч кој ги прави мајмуни играчите на нискоразредни тимови, Белененсес, Навал, итн, и само два до три пати блеснал во репрезентацијата. Па мајка му стара, Барселона го купија Виља за 40 милиони, играч кој е докажан во шпанско првенство, врвен голгетер, ги полни мрежите на кој стигне, а овие барат 40 милиони, за како што кажав, играч кој се докажал во три пати послабо првенство од шпанското. Подобро Кварезма нека си го земе Мурињо, отколку да го купи Ди Мариа. :)



фала богу ви дојде паметот, дека бензема не вреди ни пола од тие пари шо ги дадоа за него... исти ќе биде случајот и со ди мариа, али да видиме, секоја чест за мур почна да владее неговиот карактер, веднаш ете се гледа кога фали зборот на тренерот
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom