И Џеко "галактикос"?
Един Џеко веќе подолго време е на мета на големите европски клубови. Реал Мадрид се вклучи во трката.
Како што јавува германскиот магазин "Меркур", Реал Мадрид подготвува понуда за напаѓачот на Волфзбург, Един Џеко.
Босанецот веќе изјави дека е подготвен да го напушти клубот по неуспехот на Волфзбург да се пласира во Европа а изгледа Милан не е подготвен да плати 40 милиони евра, колку што Германците бараат за врвниот напаѓач.
Според истите извори, спортскиот директор на Реал, Хорхе Валдано, веќе неколку пати се сретнал со менаџерите на босанскиот репрезентативец па според проценките целата работа е близу до реализација.
Џеко наводно има клаузула во договорот според кој може да го напушти клубот доколку некој понуди 40 милиони евра, но таа клаузула престанува да важи на 31 мај 2010 година, така да Реал би можел да го доведе во своите редови и за помалку пари.
незнам дали некој веке го постираше ова