Фан Клуб: РК Макс Струмица

Член од
21 март 2014
Мислења
511
Поени од реакции
375
Името си беше РК Струмица Зомимак М, значи не е ништо сменето само што додавката на спонзорот ке ја нема и тоа е тоа...

ПС за натпреварот конечно имаме добро лево крило и добар десен бек... Димитриевски ја раздвижува доста играта и повеке ми се допаѓа неговата игра него ли Везенковски... Ни фали само голман и уште еден пикер... Двајцата голмани се добри, но не се константни... Солиден тим, многу подобар од минатата сезона, но фали уште еден пикер, голман и евентуално уште еден специјалист за одбрана...
Немаме десен бек нема никаква активност скокот му е тапа има добар шут али со екипи како нашата што нема некоја тактика и агресивност тешко овај да пуца..
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
Овој новиов десен бек е камен, бар од едно полувреме што изгледав :) Славиша Димитриевски е класа над Везенковски, голман немате, пикеров слабо, треба уште еден појак и главното јак тренер, а не да им кажуе да шљлакаат :D за левото крило уште немам оформено мислење ама не ми стои и тој како некој јак, а најпозитивно ме изненади Славиша
 
Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
937
Немаме десен бек нема никаква активност скокот му е тапа има добар шут али со екипи како нашата што нема некоја тактика и агресивност тешко овај да пуца..
Во право си не е кујзнае што но мислам дека ке биде подобар од Милосавлевиќ... Сепак ке го видиме. Прв пак ги гледам денес вчера не ги гледав и ми стои дека ке заврши работа..
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Каде бе со овај неандерталец во СЕХА лига?
Не знам дали имаат ум тие од вашата управа.сериозно...:tapp:
Овој нема Р од Ракомет, не ни ги знае правила ја се кладам. Него ставен е изгледа се блиски пријатели со Гошев претседателот и затоа мош, инаку катастрофа невидена сме.
Една ебена варијанта немаме, само се мачат играчите да се повредуваат одат у неизградени позиции да направат магии.

Жално е.
 
G

Goldie

Гостин
Јас незнам зошто влегоа слепциве во СЕХА лига, па од форумов да се собереме подобро ќе изигравме јас мислам.

8-25 уште прво полувреме губат :tapp:
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.310
Поени од реакции
5.548
Шо е ова бе , дали сте вие за СЕХА лига , БРУКА :shook:... Абе Текстилец да играт нема да се резилат толку:facepalm:
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Не заебавајте, кој било моментално македонски тим освен Вардар ќе се „изрезилеше“ исто против Мешков. Тоа е реалноста за Струмичани, 6-7 место би било огромен успех, 8-9 во рамки на очекувањата. Ќе се јадат со Борац и индијанците од Србија на последнит три места од табелата, евентуално може да се тркаат со Војводина и Нексе, ма да тешко.
 
Кој сакаш тим одбери од прва лига освен Јуниорите на Минчо, да играт дома немаше вака да се резилат со Мешков. До душа се резилеја и првите две утакмици , ама ова вечерва беше врвот.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Кој сакаш тим одбери од прва лига освен Јуниорите на Минчо, да играт дома немаше вака да се резилат со Мешков. До душа се резилеја и првите две утакмици , ама ова вечерва беше врвот.
Да бе, Пелистер ќе ги тепаше можда, ради атмосферата а? :D

Не заебавај, толку е силата. Ваков тим лани заврши второ место, па види колку ни е квалитетна лигата. Зомимак направи голем успех претходно со влегувањето во групна фаза во ЕХФ купот, ама беше и помина тоа. Не знам зашто ви останале тие очекувања од нив. Или па што завршиле пред Металург лани, демек огромен успех да преслушаш таков грев тим?

А и Мешков не се слаб тим, напротив... правите ко да изгубиле со таа разлика од Нексе или Војводина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom