Нови членови на ФК Победа, кои се очекува да го подигнат квалитетот и да ја засилат конкуренцијата во пролетната полусезона, се: Дарко Тофилоски и Јорданчо Наумоски од Тиквеш, Марио Наумоски(Брегалница), Филип Димоски(Саса), Оливер Христов(Кит-Го), Благој Истатов(Воска), Атдхе Мазари(Охрид) и Борче Сркески(Г.Коњари). Во матичниот клуб од 6-месечната позајмица на Братство се вратија и Христијан Поп-Антоски и Давид Дебрешлиоски.
Тимот во втора полусезона ќе биде потполно нов. Преку 5 6 првотимци од минатата полусезона заминаја, од кои криво ми е само за штоперот Петкоски и донекаде Момировски. Има некои солидни засилувања, сепак многу се менуваше, нов тренер, ќе видиме колку се воиграл тимот.
Многу е танка штоперската позиција, не знам што планираат, на 2ипол штопери останавме. Крклински од Слога дојде пред 20тина дена, сепак и него го пуштиле.
Конкурентите пак се тука некаде, ништо посебно не се засилија. Единствено Беласица донесе некои млади таленти, но сепак се деца се уште. Најмногу мислам тие ќе ни бидат конкуренти, но се е до нас, во 3то коло гостуваат во Прилеп, па со победа сме на 7 бода минимум од нив и 50% поблиску до Прва лига. Ќе видиме што ќе се случува. Напред Победо!