Победа јуниор и Охрид Лоте добија дополнителен рок да платат 8.000 евра
Ако не ја уплатат котизацијата, тогаш второлигашкото натпреварување втора сезона по ред ќе се игра со 14 наместо со предвидените 16 екипи. Во оваа конкуренција бројот на екипите не се дополнува како кај прволигашите
Казнетата Победа јуниор и Охрид Лоте, за да играат во второто по ранг фудбалско натпреварување во Македонија, треба да платат по 8.000 евра. Оваа сума пари треба да ја уплатат во рок од пет дена по приемот на решението од Лиценцната администрација која не им издаде дозвола за настап во Втората лига. Доколку не ги обезбедат потребните пари и не ја достават жалбата на одлуката, прилепчани и охриѓани ќе се збогуваат со втролигашкото друштво. Лигата како и во минатата сезона наместо со 16 екипи ќе се игра со 14. Оваа конкуренција не се потполнува составот на лигата до предвидената бројка на екипи.
Победа која од УЕФА е казнета за наместен меѓународен натпревар со враќање во најнизок степен на натпреварување и забрана за настап од 8 години на евро-сцената, со додавката „јуниор“ тргна да се рехабилитира на домашната сцена, но наиде на горливиот проблем - беспарица. Охрид Лоте е помладиот лигаш од градот кој минатата сезона играше во второлигашкото друштво.
Извор: Дневник
До кога ќе го трпиме бе ова лајново да си игра курташак со Победа??? Кај нема пари, кај е ко пес избркасн од сегде, кај ни го уништи клубот, кај публика заради него нема, па уште не му иди умо да си замини и да остај некој да работи со клуобт ко шо треба!!!
Треба еден масовен протест да се направи и да се проба нешто да се превземи, оти клубот ни во 2 лига нема да игра, а не ко шо вели крсте во 1 ќе се борел да влези!!!
КАЈ СЕ СЕГА МАЈМУНИТЕ ДА ПРЕВЗЕМАТ НЕШТО???