Фан Клуб: Победа - Прилеп

Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
значи моментно нови играчи на победа ј. се златко карески и роберт бошкоски од 11 октомври и александар јованоски и благојче ристески од новаци! ко шо ми изгледа слабо засега...
 

@@@@@@

MAKEDONEC
Член од
15 мај 2008
Мислења
539
Поени од реакции
33
значи моментно нови играчи на победа ј. се златко карески и роберт бошкоски од 11 октомври и александар јованоски и благојче ристески од новаци! ко шо ми изгледа слабо засега...
Со овај состав многу тешко, мора уште неколку поискусни и докажани играчи. Денеска во зенит читав дека амбиција на Победа била пласман во Прва лига, па че видиме!
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
мора да се помириме со фактот дека од овој клуб ништо не бидува дури ацуле е тука и дури то лајно меша прсти во клубот! се ќе се сведува само на ветувања и на празни муабети како оној на крсте!
на клубот му треба стабилен спонзор, а не верувам дека некој би сакал да фрла пари и да нема контрола врз тимот, како шо сака ацуле! пари и спонзор лесно би се нашле, само ацуле треба да се тргни од тимот!
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323
Епа единствено чаре е СМРТ!
 

@@@@@@

MAKEDONEC
Член од
15 мај 2008
Мислења
539
Поени од реакции
33
Победа јуниор
ТРЕНЕРИТЕ КАКО ДРУГАРИ
Новиот второлигаш Победа јуниор стартуваше со подготовките. Го нема капитенот Христијан Петрески, кој е во Хоризонт Турново. Преостанатите 25 првотимци ги извршуваат задачите на Кире Овезоски, Златко Петрески и Благоја Смоквоски. Најсилното е сплотеноста. Ништо нé не скара. За тренерите немам збор. Како другари се. Минатата сезона немаше пари, но игравме за докажување -вели Даниел Котески, лев бек на Победа ј. По првото место во Трета, претстои повисок ранг -Втора лига. Навивачите ја нагласуваат нужноста од неколку искусни, барем по еден во секоја линија. Во клубот се потпираат на врсници меѓу 19 и 23 години. Сите сме млади. Остануваме безмалку комплет од пролетоска. Веруваме и одиме на прво место - Прва лига -порачува Котески. Приклучени се Роберт Бошкоски и Златко Карески (11 Октомври), Александар Јовановски и Благојче Ристевски (Новаци). Од 3 јули Крушево е место за тренинзи на Победа јуниор.
--- надополнето: Jul 3, 2011 10:29 AM ---
Историја: Благоја Мината, три мандата претседател
ЗОШТО ПОБЕДА НЕ СТАНА ЈУ-ПРВОЛИГАШ
Ден - денес повозрасните навивачи на некогашната Победа жалаат што тимот барем еднаш не го видоа во поранешната Прва југословенска лига. Зошто не беше направен тој чекор, а имаше четири-пет неискористени шанси од педесеттите до осумдесеттите години? И сега има коментари “го продадоа” клучниот меч 1966 во Сомбор. Првотимците се исплашиле, ако влезат ги губат местата. Има и друга логика, штом вределе за прво место во втора, вредат и за прва лига. Ама стравот постоеше, секој прави свој есап - вели Благоја Миноски (82), претседател три мандати во Победа.
Да нé немаше доволно пари градот?
- Кога била Победа без пари? Не ја финансираше само Прилеп, туку фирми од цела република. Најмногу даваше “Македонија табак”.
А далечните патувања до Словенија?
- Не беа проблем. И со авиони одевме. “Пелагонија турист” била тука, гигант, туристичкото биро... Ако влезевме еднаш, останувавме до крај, до растурањето на СФРЈ.
Се зборува Вардар ставал “сопки”, да не го загуби приматот?
- Вечно скопјани со таков став. И сега е слично, Вардар наместо второлигаш, нешто несфатливо, во Првата лига го зеде местото на Миравци!
Еден детал од ваше време. Во 1970 потпишавте рекорден, осумгодишен договор со Ристо Глигороски?
- За разлика од сега, имаше долги договори. На Глигороски му дадовме осум милиони динари. Со тие пари направи куќа во Косел - заврши Благоја Мината.
http://zenitprilep.com.mk/sport.html
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
лошо засега народе... многу е тивко, па ако не земат некој поасолен за брзо време, тимот ќе се бори за опстанок!!! преку ку.ов ми дојде да служам празни вертувања дека мед и млеко ќе тече во победа...:mad:
 
Член од
27 јуни 2011
Мислења
225
Поени од реакции
42
ne veruvaj deka nemozi da ispadni vprocem polovina vtora liga e sostavena od ekipi koi imaa mladi igra4i na pr lokomotiva vlazrimi euromilk + ovie shto ke vlezat od dr regioni ekipi i tie se mladi igra4i jas mislam so edna zaedni4ka rabota na ovaa ekipa so obedinuvanje do kraj realno sega bi gi stavil na 3-4 mesto ako se trudat ke bidat i pogore
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.698
Реално Македонија Ѓп ќе се прошета низ лигата, Тиквеш би требало да заврши втор и за мене тие се две екипи кои сигурно влегуваат освен ако не се случи нешто непредвидливо. Ринија ќе прави јак тим како што разбрав, па Победа мора да побрза да се консолидира ако сака да влезе во баражот...
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Реално Македонија Ѓп ќе се прошета низ лигата, Тиквеш би требало да заврши втор и за мене тие се две екипи кои сигурно влегуваат освен ако не се случи нешто непредвидливо. Ринија ќе прави јак тим како што разбрав, па Победа мора да побрза да се консолидира ако сака да влезе во баражот...
на шо ти си виде дека македонија ѓп ќе се прошета низ лигава???

ИНАКУ НАЈНОВО!!!
Победа јуниор со нов спонзор во Втората лига?

Фудбалскиот третолигаш Корзо и новиот второлигаш Победа јуниор, два клуба од Прилеп, летово се во неизвесна меѓусебна трка по еден ист спонзор, Панде Трајчески, сопственик на фирма, производител на спортска опрема

Прашањето е дали тој ќе остане во Корзо, каде што три години беше претседател или заминува во соседниот клуб со звучно име и план да атакува во правец на Првата лига.

- Амбициите ме водат кон сé повисок ранг. Просечноста не ме интересира. Но секогаш е тешка промената на средина и затоа одлука сé уште не сум ја донел - вели Трајчески.

Корзо се пласира на седмото третолигашко место изминатата сезона. Клубот важеше за еден од најдоброорганизираните и за една година промени три комплета дресови и опрема, модели според англискиот премиерлигаш Тотенхем.

- Претстои состанок со досегашниот клуб. Ако собереме сили да се бориме за прво место, останувам. Во спротивно, нема друго, туку да барам поамбициозна средина - најавува Трајчески.

Додека тој ги гледа понудите, двата клуба се во различни ситуации. Корзо не се знае кога почнува со подготовки, а Победа јуниор веќе шест дена тренира во Крушево.

Од Нова Македонија!

Мое мислење... АКО ОВА СЕ СЛУЧИ, ТЕШКО НАС!!!
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Реално Македонија Ѓп ќе се прошета низ лигата, Тиквеш би требало да заврши втор и за мене тие се две екипи кои сигурно влегуваат освен ако не се случи нешто непредвидливо. Ринија ќе прави јак тим како што разбрав, па Победа мора да побрза да се консолидира ако сака да влезе во баражот...
Иако донесовме добри играчи не би бил толку сигурен, ќе има многу многу тешки натпревари. Со Победа во Прилеп ќе биде многу тешко за сите како што било одсекогаш на Гоце Делчев, со Пелистер , со Скопје, со Тиквеш, па може да се каже и со Осогово а да не зборам за натпреварите со Руфеја од Милетино и Кораб од Дебар !!! Никој нема да поклонува бодови... а и Шкрет и Копчар не се семоќни :D !!! (извинете за мал оффтопик)
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Иако донесовме добри играчи не би бил толку сигурен, ќе има многу многу тешки натпревари. Со Победа во Прилеп ќе биде многу тешко за сите како што било одсекогаш на Гоце Делчев, со Пелистер , со Скопје, со Тиквеш, па може да се каже и со Осогово а да не зборам за натпреварите со Руфеја од Милетино и Кораб од Дебар !!! Никој нема да поклонува бодови... а и Шкрет и Копчар не се семоќни :D !!! (извинете за мал оффтопик)
е ај веќе ко си тука, пиши барем шо донесовте да знајме!
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
е ај веќе ко си тука, пиши барем шо донесовте да знајме!
Повели :
Даниел Јовановски-Шиш (Тетекс)
Јорде Георгиевски (Металург)
Филип Колеќески (Скопје)
Тони Брњарчевски (Тетекс)
Драган Брњарчевски (Скопје)
Николче Клечкароски (Тетекс) (неофицијално пред потпис)
..... и уште неколку играчи ќе има сигурно !!! (извини за оффтопик ама ти побара) позз :)
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Дали е вистина дека Победа не добила лиценца за настап во втората лига?
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Дали е вистина дека Победа не добила лиценца за настап во втората лига?
2.На клубовите:
Ф.К.Победа Јуниор - Прилеп
Ф.К.Охрид Лоте - Охрид
Да не им се додели лиценца за учество во натпреварувањата организирани од ФФМ во Втората Македонска фудбалска лига за сезона 2011/2012.
Согласно постапката од Правилникот за лиценцирање, Клубовите баратели на лиценца имаат право на жалба.
II. Комисијата за жалби за лиценцирање при Фудбалската Федерација на Македонија денес во 14 часот го одржа својот состанок и ја разгледуваше жалбата доставена од ФК Тетекс во врска со Решението од Комисијата за лиценцирање од 01.07.2011 година.
По увидот на жалбата и доставените докази од страна на на ФК Тетекс – Тетово , Комисијата за жалби за лиценцирање при ФФМ истата ја усвои и му додели лиценца за учество во натпреварувањата во организација на ФФМ за Прва лига за сезона 2011/2012.
http://ffm.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1644:2011-07-08-14-08-35&catid=51:2009-03-19-21-17-54&Itemid=264&lang=mk
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
зошто е ова??? знај некој?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom