aj srekna nova godina za site ckembari i edna informacija od klubo trifun go prezede pelister i ke praj sampionski tim
,мало запознавање со ИСТОРИЈАТА на Чкембари!
Битола-Градот на Конзулите,сам по себе е карактеристичен по својата харизма,атрактивност,убавина.Покрај сенсот за минатото и големиот број културно историски знаменитости, кои се главен белег на градот,Пелистер е по тоа што Битола се препознава на Спортски план,.
А неразделив дел од Пелистер е навивачката група Чкембари,која го следи и бодри клубот на секој натпревар во фудбалскиот,ракометниот и кошаркарскиот шампионат.
Навивањето во Битола датира од средината на 80-тите години,кога модата за навивање од Британскиот Остров не ги заобиколи ни овдешните простори.
Навивање во Битола имало уште многу поодамна,на сите спортски манифестации што се одржувале во Битола,но кога станува збор за ОРГАНИЗИРАНО навивање и бодрење на Пелистер на секоја средба,тоа стартува со појавата на навивачката група во 1986 година,тогаш биле создадени првите зелено бели транспаренти"HELL BOYS"и"GREEN CONQUERORS".
Како почеток на создавањето на Чкембари се смета,1985 година,кога на ракометниот бараж натпревар за опастанок во Првата лига меѓу Пелистер и Партизан од Бјеловар,од Битола се упати навивачки караван од 15 автобуси,организирани во тоа време под името БМЧМ(Битолчани Мотокари Чкембари Македонци).
Под денешното име Чкембари,Битолските навивачи се појавуваат во сезоната 1987/88,во тоа време бројноста на навичакта група изнесувала околу 300 навивачи.
Денес по повеќе од 20 години,Чкембари сеуште го следат било кој спортски тим кој го носи името Пелистер,денес бројката на навивачи е зголемена и достигнува некаде околу 1200 навивачи,во изминатите години Чкембари станаа Синоним за Битола.
Чкембари vs Комити
Најголемиот ривал на Мак Тифо сцената на Чкембари се навивачите на Вардар, Комити од Скопје.
Нивниото ривалство започнува во сезоната 1989/90 на натреварот во Скопје,помеѓу Вардар и Црвена Звезда,кога доаѓа до судир меѓу Скопските Панкери и мал број Битолски навивачи кои оделе во тоа време да навиваат за Вардар,кој во тоа време беше македонска фудбалска гордост и најпознат бренд на македонскиот фудбал.
Од овај инцидент, започнува омразата меѓу двете навивчки групи-кои дотогаш имале коректни односи.
Денес Чкембари и Комити се најривалските навивачки групи во Македонија,и секогаш кога играле овие Пелистер и Вардар нивните натпревари биле прогласувани,како мечеви од висок ризик.
Најголемиот инцидент се случил во сезоната 92/93 на натпревар во Битола,кога Чкембарите ја скршија заштитната ограда и влегоа на терен да се пресметаат со Комитите,кои беа сместени на спротивната трибина-дојде до голем судир со Битолската Полиција,судир во кој беа повредени десетина полицајци и беа приведени над 200 Чкембари-сепак до директен судир на двете групи не дојде.
Дуелот на двете групи е со право наречен"Дуелот на Вечните Ривали",и без разлика колку се јаки тимовите за кои навиваат,ова секогаш ќе биде најголемото навивачко дерби на Македонија.
Мора да се истакне дека ривалството на двете групи беше тргнато на страна,на ЕП во ракомет во Болцано,Италија 98,кога мала бројка на Чкембари и Комити навиваа за македонската репрезентација.
И денес Чкембари се присутни на Источната трибина на градскиот Стадион во Скопје,кога игра македонската фудбалска репрезентација.
Подгрупи на Чкембари
Како и сите поголеми и организирани Тифо-Групи така и Чкембари,се составени од подгрупи кои имаат свои транспаренти знамиња,и најчесто се сотавени од навивачи кои се од иста населба.
Прва официјална подгрупа на Чкембари е CHAOS Карпош,формирана 1985 година,а се распадна 1996 кога го загубија својот ударен транс(CHAOS),им беше украден од Комити,( по непишаниот кодекс(УЛТРАС КОДЕКС) за навивање кога една група го губи совојот транс,таа се распаѓа.)
Во 1992 се формира подгрупата EXTREMO KARPOS,која е активна и ден денес(иако не е на некогашното ниво)
Во 2004 година беше формирана,подгрупата GREEN FRONT-YENI MAALE составена од Чкембари кои живеат во една од најстарите населби во Битола,популарното ГЕНИМААЛЕ.
Мината година се формираа две нови подгрупи на Чкембари-ULTRAS BAIR ,денес можеби најбројната подгрупа на Чкембари,а пред неколку месеци беше создадена и подгрупата на Чкембарите од центарот на Битола,која го доби името BOYS FROM CENTAR-BFC.
Сите овие подгрупи постојат само за подобра организација,на натпреварите сите се обединуваат и навиваат под едно знаме-знамето на Чкембари!
Мало појаснување за помладите Чкембари за историјата на Пелистер(текстот е од еден мој другар),има и мнигу други факти кои не се опфатени во текстов,ама за то во некоја друга прилика.
Доволно е и ова.