Фан Клуб: Пелистер

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Ковачев денеска 5ти жолт картон добил, значи ќе биде суспендиран за дуелот со Работнички. Ако не се врати и Тодоровски до тогаш значи Пелистер со Серафимов и Драгарски ќе игра во одбрана, ќе биде тоа доста ризично.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.877
Поени од реакции
7.260
Ќе покажи времето дали ризично или подобро шо значи одиме на три бода следното коло иако денес за малку ќе ја посеревме сепак на крај краева ние сме Пелистер и то е нормално
P. S. Вака така пред избори Прилепчани јадоја ракомет и фудбал ;)
 
Член од
7 март 2017
Мислења
28
Поени од реакции
13
kovacev dobi 5ti zolt karton i kje go propusti kup duelot so borec vo sreda sho znachi za so rabotnicki kje ima pravo na nastap
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
kovacev dobi 5ti zolt karton i kje go propusti kup duelot so borec vo sreda sho znachi za so rabotnicki kje ima pravo na nastap
Сигурен си за ова? Дека јас колку што знам само суспензии од црвен картон важат заеднички за двете натпреварувања но за жолти картони и суспензии од нив посебно се водат во лигата и во купот.

Sent from my SM-N910F using Tapatalk
 
Член од
7 март 2017
Мислења
28
Поени од реакции
13
da da vo pravo si moja greska[DOUBLEPOST=1508078000][/DOUBLEPOST]da da moja greska vo pravo si
 
Последно уредено:
И

Игнориран член

Гостин
Утре реванш натпреварот од купот.

Би требало лесно да ги добиеме велешани.
Очекувам победа со 2-3 голови разлика. Би требало да сме во полн состав, со Баже, Силва, Лукас и Љамче во составот.
Можи попаметно е утре да му дај поголема минутажа на Матеј, Жаделсон и онај нигерот од Гана ако е уште тука во Битола, па можи и похрабро да уфрли некој од младинците, пример Момировски или то другото дете шо го земаја на припреми во Банско летото.

Моја прогноза за утре 0-2 или 1-3.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Моја прогноза за утре 0-2 или 1-3.
Ја имаш местено :)
Денес делумно лесна победа и втора во низа. Се надевам дека ќе влезат во еден победнички ритам фудбалерите за да се одлепиме од опасната зона пред паузата.

Инаку во градот на политички план се случија промени. Сметам дека барањата како група и како поддржувачи на спортот во Битола ќе останат непроменети во однос на инфраструктурата и спортските клубови под името Пелистер.
Исто би било добро и покрај промените да се вади транспарентот САКАМЕ СТАДИОН на секој домашен натпревар додека нашето барање не биде исполнето.
Мислам дека чесниот навивач и поддржувач на спортот во градот знае да цени, па така ќе ја препознае и ќе ја поздрави добрата намера и конкретните потези од страна на било кој поединец и функционер во градот, без разлика на таборот, за да се крени спортот за неколку нивоа повисоко.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260
Излегвање Срле вчера со цел прв тим, се избудали :D Недела гости Работнички, среда Силекс, којзнај дали ќе издржат физички.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Излегвање Срле вчера со цел прв тим, се избудали :D Недела гости Работнички, среда Силекс, којзнај дали ќе издржат физички.
Второ полувреме знаеш да ми кажеш кои влегоа во игра? Ганецон глеам пак го немало ни на клупа. Требало сеа да им даде шанса на некои резервисти што само на клупа дремат (Жаделсон, Серафимов, П. Љамчевски), вака само ќе ги истроши првотимциве. Пред се Цветаноски требало конечно да му даде шанса и да стартува, овој пак на клупа го почнал.

Sent from my SM-N910F using Tapatalk
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260
Второ полувреме знаеш да ми кажеш кои влегоа во игра? Ганецон глеам пак го немало ни на клупа. Требало сеа да им даде шанса на некои резервисти што само на клупа дремат (Жаделсон, Серафимов, П. Љамчевски), вака само ќе ги истроши првотимциве. Пред се Цветаноски требало конечно да му даде шанса и да стартува, овој пак на клупа го почнал.

Sent from my SM-N910F using Tapatalk
Не знам пошто не ја гледав, го видов записникот само :) иначе со Работнички ќе бидам задоволен и со бод, а со Силекс мора да добиеме дома. И Матеј стартер обавезно!
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Не знам пошто не ја гледав, го видов записникот само :) иначе со Работнички ќе бидам задоволен и со бод, а со Силекс мора да добиеме дома. И Матеј стартер обавезно!
Матеј сите со недели/месеци сметаме дека треба да биде стартер али тренеров упорно на клупа го почнува, не знам зошто толку нема доверба во него, кога и да влезе во игра одма ја креваше играта напред.

Sent from my SM-N910F using Tapatalk
 
И

Игнориран член

Гостин
иначе со Работнички ќе бидам задоволен и со бод, а со Силекс мора да добиеме дома. И Матеј стартер обавезно!
Како бе со бод. :)
Па ако не го добиеме со 2-3 гола разлика лаганица, овај Работнички во Скопје, незнам кога другпат ќе имаме таква прилика.
Единствен проблем можи да биди отсуството на Ковачев, ама и да примиме гол, имаме напад силен шо можи да ја врати екипата во игра и да ги добиеме многу лесно.

Ги добиваме и нив и Силекс. Мора да врзиме серија победи за да се зацврстиме на горниот дел на табелата пред стартот на пролетниот дел.
На зима здравје боже ако биди се во ред со клубот од финансиски аспект, со 2-3 засилувања да се приврши мирно сезоната а и шо подалеку во купот да се пласираме.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260
Со оглед на играта шо ја прикажват нашите, тешко дека ќе ги тепаме Работнички :) Камо да му земиме три бода, ќе бидат доста важни, ама тешко.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Него знае ли некој со сигурност како иде со суспензиите од жолти картони? Оти гледам во купот го немало Ковачев ни на клупа, па сеа не знам дали тоа било одлука на тренерот или па може уствари во купот си ја одлежал суспензијата (јес да ја колку што знам само од црвен картон така се пренесуваат суспензиите меѓу двете натпреварувања, ама па не сум 100% сигурен).
 
Член од
24 јуни 2016
Мислења
1.083
Поени од реакции
1.910
Како бе со бод. :)
Па ако не го добиеме со 2-3 гола разлика лаганица, овај Работнички во Скопје, незнам кога другпат ќе имаме таква прилика.
Единствен проблем можи да биди отсуството на Ковачев, ама и да примиме гол, имаме напад силен шо можи да ја врати екипата во игра и да ги добиеме многу лесно.

Ги добиваме и нив и Силекс. Мора да врзиме серија победи за да се зацврстиме на горниот дел на табелата пред стартот на пролетниот дел.
На зима здравје боже ако биди се во ред со клубот од финансиски аспект, со 2-3 засилувања да се приврши мирно сезоната а и шо подалеку во купот да се пласираме.
Конечно малце оптимистичко мислење од игнорираниот :P За добро да е само :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom