Бидејќи натпреварот немаше никакво значење околу пласман на табела, повеќе пратев што се случува во Пионир... Но, сепак, на компјутерот го пуштив фудбалот па фрлав око...
Имавме убави шанси за гол, Саша и Лазар Марковиќ испаѓаа сами пред гол, но сепак тие беа креатори за голот на Партизан... Лазе се проби по левата наша страна, ја нафрли во шеснаесетник, Саша убаво ја прими со лева и распали волеј во другиот агол...
Неколку минути потоа, Миљковиќ (не сакам веќе да го видам во тим) му заврте г'з ко пичка некоја на играчот на Рубин кој потоа непречен од никој си испрати центаршут и Рондон само се поклони пред Петровиќ...
Имаа и Рубин убави шанси за гол, но не ги искористија... Се на се, не така досаден фудбал и нерешениот исход според мене е реален...
3 бода оваа година во ЛЕ и трето место на табелата (исто бодови со Нефчи, но иако Нефчи има еден гол повеќе постигнато од нас, сепак се гледа меѓусебен дуел, а таму имаме гол во гости)...
Толку од оваа година, сега следува пауза, па припреми за пролетниот дел... Останува битката во Првенството на Србија, каде имаме солидна предност... Купот на Србија и ЛЕ се зад нас оваа година... Сите сили насочени кон Првенство... Ајмо