Фан Клуб: Охрид

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Охрид: Нов штрајк на фудбалерите, Управата се оградува од Антиќ

Фудбалерите на Охрид денеска повторно активираа штрајк поради несредените состојби во клубот. Наместо на тренинг на теренот во “СРЦ Билјанини Извори“ денеска се појавија пред зградата на Локалната самоуправа каде го искажаа својот револт од несредената ситуација во клубот. Фудбалерите немаат примено плата подолго време, а ни после последниот апел кој фудбалерите го упатија до управата нема никаков одговор.
Ништо не е променето од онај апел пред две недели кој го упативме. Нема никаков напредок и ситуацијата е онаа истата, ниту некој од управата се појави, ниту пак некој воопшто се заинтересира да ја промени. Немаме елементарни услови за тренинг и за натпревар.До колку на градот не му е потребен прволигашки фудбал, тогаш нека ни кажат и да ја прекинеме оваа агонијавели капитенот на ФК Охрид, Ѓорески Сашо.

Тренерот на клубот, Драган Антиќ,кој во последните шест рунди нема пораз, вели дека состојбата во клубот е неиздржлива и дека дел од потенцијалните спонзори не сакаат да инвестираат во клубот се додека постојната Управа го води клубот.

Жалосно е клубот да биде заложник на неколку луѓе. Штета е градот кој има услови да има суперпрволигаш кој може достоинствено да се преставува во Македонија. Срамно е за Охрид, вакви луѓе како Каланоски и Малезан да го водат клубот. На дел од фудбалерите кои се од надвор им ја скратија храната и им го укинаа смештајот, навистина жални работи – вели тренерот Антиќ.

За утрешниот ден закажана е средба на фудбалерите и охридскиот градоначалник Петрески на која ќе се разгледаат можностите како понатаму може да се изнајде модул за нормално функционирање на клубот.
М.П.

Управата, пак, се оградува од Антиќ
Управата пак на ФК Охрид, онаа истата која фудбалерите очекуваат што поитно да го напушти клубот, денеска се огради од изјавите на тренерот Драган Антиќ со кои го нападна судијата на натпреварот со Ренова, скопјанецот Игор Цветковски.
„Управата на ФК Охрид се оградува од изјавите на тренерот Антиќ кои веруваме се дадени во афект, а поради катастрофалното судење на Игор Цветковски на натпреварот со Ренова. Сепак, ние не можеме да ги изедначуваме сите судии во Македонија, ниту пак да тврдиме дека судењето на некои е нарачано од одредени поединци во мак-фудбалот, посебно не од Кенан Идризи. ФК Охрид сака и натаму да негува коректни односи со ФК Ренова“ - велат во свое соопштение од ФК Охрид.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2151
Кризен штаб ќе ги решава фудбалските проблеми во Охрид

Кризен штаб во кој ќе влезат охридскиот градоначалник Александар Петрески, охридските советници, дел од актуелното раководство, фудбалери,преставник на навивачите, како и дел од охридските стопанственици ќе ги решават проблемите кои се наталожија во охридскиот клуб.

На денешната средба на градоначалникот Петрески со фудбалерите на тимот, на која присуствуваа и советници од локалната самоуправа беше истакната желбата работите да се средат и клубот да заплива во мирни води.

- Позитивни се впечатоците од денешната средба, на која видов желба да се средат работите и да почне во Охрид, да се разговара само за фудбалот. Нашата најголема подршка во овој момент е од бизнисменот Дејан Панделески, еден од сопствениците на Пелистерка, кој покри дел од примањата на фудбалерите. Ќе се формира кризен штаб кој ќе треба да стави ред во работата на клубот. Во никој случај не смее фудбалот во Охрид да биде заложник на двајца тројца луѓе во градот – рече српскиот стратег Драган Антиќ.


Во кризниот штаб ќе има место и за фудбалерите кои ќе бидат преставувани од капитенот Сашо Ѓорески. Фудбалерите уште еднаш го поддржаа тренерот на клубот Драган Антиќ. - Му се заблагодаруваме на градоначалникот што одвои време да не прими и да ги сослуша нашите проблеми. Задоволен сум од она што го слушнавме на средбата и очекувам конечно работите да тргнат на добро. Постојат луѓе кои сакат да инвестираат во спортот се надевам дека заедно со градоначалникот ќе успееме да ги надминеме овие недоразбирања – рече Александар Велески.


Преставници на навивачката група “рибари“ кои ќе бидат дел од формираниот кризен штаб, очекуваат работите да преминат од зборови на дела. - На зборови сите се јаки, сите тие искажаа подршка на клубот, но очекуваме нивните зборови да преминат на дела. Ние како навивачка група ќе останеме позади клубот и ќе продолжеме да го бодрме. Охрид во моментов го има најдобриот тренер има една од подобрите екипи во лигата и навистина штета е ваквата можност да пропадне – рече преставникот на навивачката група “рибари“.


Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески ќе биде на чело на работно тело кое понатаму ќе оставри состаноци на кои ќе се бара заеднички излез од оваа ситуација. - Фудбалерите постигнуваат одлични резултати и со полно право бараат да им се исплатат ветените плати и премии. Јас долго време бев дистанциран од клубот, бидејќи носителите на функциите така и сакаа. Во овој случај фудбалерите побараа од мене да посредувам во случувањата и да се обедиме да ги “испегламе“ работите. Сметам дека во клубот треба да се направи реконструкција, да влезат сите они кои помагале и оние кои сакаат да помогнат, вклучително и актуелната управа која успеа да го внесе клубот во Првата лига. Како што мене фудбалерите ми ги отворија вратите на клубоо, така вратите треба да останат отворени за сите добронамерници, сите заеднички да седнеме на маса да направиме еден Управен одбор кој отворено и транспаренто ќе одлучува за работите – истакна Петрески.

Мечот со Тетекс ќе се игра
Остратенет е сомнежот дека мечот со Тетекс нема да се игра. Фудаблерите попладнето одржаа трениг и ќе продолжат во вакви услови да се подготвуваат за мечот од 13 рунда. - Ќе го играме мечот со Тетеекс. Ова е голем успех за оваа млада и перспектива екипа , се надеваме на добар резултат и на нови три бода –рече Велески.

фото Емилио​
М. П.​

01.11.2011 14:27

Прочитана е : 463 пати


© 2011 Ohridnews.com
Сомнителен е и типов од Пелистерка.Истото го имаше и во Амак СП, си испра Венко Шапкар некое евро и го остај клубот на цедилка.Истото беше и со РК Охрид пред 3-4 и тогашниот спонзор (сега е рестартиран од бившите играчи, исто без плата чисто за клубот и одржување на спортот на апарати за дишење).
Добро рекоа навивачите ,сите се јаки на збор.Нека потпишат однапред 5 годишен договор со Пелистерка и средства да се префрлени од месец на месец, без можност за користење за други намени освен за плати и набавка на опрема.Е тогаш нека бидат спонзори.
 
Член од
11 јуни 2008
Мислења
217
Поени од реакции
11
СЕ е кул ама неколку луге ја кочат работата иначе до сеа ке потпишеше и градоначалникот и спонзорите ..ама управата е таја шо кочит
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
СЕ е кул ама неколку луге ја кочат работата иначе до сеа ке потпишеше и градоначалникот и спонзорите ..ама управата е таја шо кочит
така е зошто пола рекетари ви се во управа
 
П

Паспарту

Гостин
Зоран Ѓорески нов тренер на Охрид 2004!


Тренерот кој го внесе Охрид 2004 во прволигашкото друштво изминатата сезона, Зоран Ѓорески повторно е назначен за шеф на стручниот штаб на новиот прволигаш, информираше денеска раководството на охридските „бели“.

По разрешувањето на досегашниот тренер, српскиот стратег Драган Антиќ, управата на охриѓани реагираше експресно веднаш назначувајќи го Ѓорески за нов тренер, кој тимот треба да го преземе по утрешниот првенствен натпревар против Тетекс на „Билјанини извори“.

Претходно првиот човек на Охрид 2004, Гоце Малезанов информираше дека Антиќ е разрешен поради обиди за мешање во управувањето на клубот, што е надвор од неговите тренерски надлежности. Од друга страна, пак, Антиќ и покрај разрешувањето изминативе денови ги водеше тренинзите на клубот, учествувајќи и на средбите со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески во формирањето на Кризниот штаб за надминување на проблемите во клубот.

Охрид утре на дуелот против Тетекс ќе биде без тренер на клупата, но од раководството најавуваат дека од следната сите проблеми целосно ќе бидат надминати со назначувањето и на новиот шеф на стручен штаб кој веќе е пријавен и во ФФМ.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2247
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.380
Поени од реакции
25.149
Животна желба ми беше да го гледам Охрид во прва лига и сум бил на сите утакмици да ги поддржувам и со цело срце се радував кога влеговме во втора, па во прва лига и сега да се десат сите срања кои уствари... И одамна биле планирани. Тоа е кога луѓе од внатре ќе се обидат да ги замрсат работите. Полош народ од охриѓани нема и нема ни да има! Какви луѓе сме еј, место најмногу да се поддржи клубот за кој никој не очекуваше дека ќе биде дури 5ти на табела, ни во најдобрите соништа тоа не го очекував, одредени поединци го уназадуваат успехот на талентите.

Накратко, никогаш не сум бил олку нервозен, ама мамицата ф пичка на цела управа, гојда опрани. Никогаш значит не го сакале Охрид, да им ебам сељаците посрани, аир да не видет.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Не знам кој е позабеган во целава ситуација, дали управата или тренер из северног соседа.

Ко си замина Џајо сите викаа дека е погрешен потег, освен децава од управа.
Никој не го сакаше Драганче, него единствен плус му се добрите резултати.
И сега пак не им е погоден.
Двајцата тренери со најдобрите резултати досега не им се погодени.
Дали свесно одат против својот град?

И сега еве Џајо е ок, ќе го вратиме.
Ко викаа и Рибарите и публиката да го вратат тогаш викаа знајме шо прајме.

Само алал да им е на фудбалерите низ целава сезона топло - ладно, со оглед на мизерните услови изиграа добро.:cuc:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.380
Поени од реакции
25.149
Еве неколку мои слики од денешниот натпревар







 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
^ Гледам си ја гледал утакмицава, па ај ако може мал извештај :)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.380
Поени од реакции
25.149
^ Гледам си ја гледал утакмицава, па ај ако може мал извештај :)
Па вака, накратко:
Првото полувреме имавме малку добри шанси, кон крајот на првото полувреме Каланоски искористи шанса за 1-0, обичен гол, онака... Ама после тој гол одма следната акција имавме уште една шанса за 2-0, стопроцентна прилика и не беше искористена.
Второ полувреме почна онака лабаво.. имавме неколку шанси кои беа за греота што не ги искористивме, ама и Тетекс имаа по нешто на крајот, 1-0 беше многу тенок резултат и многу напнато беше кон крајот...
Многу зицери не се искористија, а пак вие си имавте и свои моменти ама не баш некои стопроцентни, туку онака напнати...
Тешка утакмица за нас, сите утакмици вака ги играме, единствено со Напредок што се олабавивме, со другиве, како и денес, до крај не бев на раат. :D
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Па вака, накратко:
Првото полувреме имавме малку добри шанси, кон крајот на првото полувреме Каланоски искористи шанса за 1-0, обичен гол, онака... Ама после тој гол одма следната акција имавме уште една шанса за 2-0, стопроцентна прилика и не беше искористена.
Второ полувреме почна онака лабаво.. имавме неколку шанси кои беа за греота што не ги искористивме, ама и Тетекс имаа по нешто на крајот, 1-0 беше многу тенок резултат и многу напнато беше кон крајот...
Многу зицери не се искористија, а пак вие си имавте и свои моменти ама не баш некои стопроцентни, туку онака напнати...
Тешка утакмица за нас, сите утакмици вака ги играме, единствено со Напредок што се олабавивме, со другиве, како и денес, до крај не бев на раат. :D
Е фала ;) Еве да ви честитам победа овде :)
 
Член од
19 мај 2010
Мислења
2.124
Поени од реакции
324
aw ej kakov tim ima Ohrid jebiga....

So kakvi uslovi raboti i plus sega e vo 4 Mesto ova e golem uspeh !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom