Некое мое мислење во врска со Кака:
Грешка на Кака или сепак добар потег?
Кака и официјално премина во Реал, па сега можеме да проанализираме што се случуваше во последните шест месеци - дали челните луѓе на Милан погрешија, зошто Кака не отиде кај „побогатите“ Сити, и каква улога во сето тоа имаа навивачите...
Кака во Милан зараборуваше многу, и долго време беше недопирлив. Но, во оваа сезона почнаа да го мачат повредите. Долго не играше, што донесе неговиот однос со тренерот Карло Анчелоти значително да опадне.
Анчелоти го сакаше својот најдобар играч во моментите кога сеуште играше во Купот на УЕФА и во време кога сеуште имаше надеж за освојување на насловот во Италија, но бразилецот поради физички проблеми не играше. Анчелоти поради тоа се скара со клубските доктори, но и со самиот Кака.
Тоа најверојатно беше моментот кога Кака озбилно почна да размислува за заминување, момент кога веројатно по прв пат откога дојде во Милан се осетил запоставен од другата страна на клубот.
Водечките луѓе во Милан
Челните луѓе на клубот изјавија дека неможат да се носат со богатите договори на клубовите кој му ги нудеа на Кака, и дека неговата иднина во клубот зависи само од одлуката на Бразилецот. Кака е фантастичен играч, но не е незаменлив, а клубот кој има приход од блиску 70милиони евра од „дилот“, може да само да биде весел.
Грешката на челните луѓе на Милан, од овој аспект, е тоа што не го притиснаа Кака да замине во Манчестер Сити, бидејки за тоа би добиле +25милиони евра повеке. Сепак, уште од тогаш се говореше за понудата која би ја испратил новиот претендет за претседателското место на Реал, Флорентино Перез.
И тука се поставува прашањето т.е се гледа грешката на Милан: Како водечките луѓе на Милан не ја предвидоа предвреме ситуацијата за евентуалното заминување на Кака во Реал, што дотолку тоа се случеше, тие сигурно ке го форсираа трансферот на Кака во Сити. Но, од друга страна пак, дали уште од зимата Бразилецот постигнал усен договор со Перез, па затоа ги одбил Англичаните затоа што ја чекал понудата на Перез налето?
Кога конечно дојде конкретна понуда од Реал, се повтори истата сцена од зимата. Галијани и Берлускони најавија дека неможат да им парираат на мадриѓаните кој на Кака му понудија 9милиони годишна плата, и дека одлуката ке треба да ја донесе самиот Кака. Клубот со заработените пари ке можат да ги покрие долговите, а во спат ке пробаат да најдат фудбалер кој достојно ке го замени Кака во Милан.
Но, Силвио Берлускони се погрижи да најави нешто што сигурно нема да им се допадне на навивачите на Милан. Имено, Италијанскиот премиер практично го нареди новиот тренер Леонардо да го води тимот, и да го гради окулу Роналдињо. Со обзирот на вертикалниот пад на формата на Роналдињо во последните неколку години се поставува големо прашање за тоа колку Рони ке успее да го предводи Милан во нови успеси, но тоа е аргумент за посебна дискусија.
КАКА'
Како што е веке кажано, тешко е да се предвиди кога Кака одлучил да замине во Реал. Имено, зимата по објавувањето на понудата од Сити, Бразилецот изјави: „
Сакам да останам во Милан и да станам капитен“. Ако им се веруваат на овие зборови, тогаш одлуката да замине во Реал е релативно нова работа.
Сепак, фактот дека Реал му се спротистави на Сити со испратената понуда зимата, и од многу страни доаѓаат гласини дека Кака ги одби Англичаните токму поради тоа што сакал да го почека Реал, далеку посилен и поамбиционен тим во кој Кака би бил само уште една ѕвезда плус, тим во кој секако Кака би се борел за многу повредни трофеи, додека во Англија би бил само прв играч на Сити и практично сам би морал да го води тимот, надевајки се дека наскоро би дошло ново засилување.
Дури ни 15милиони евра понудени за Бразилецот не беа доволна причина за Кака да се одлучи за трансфер во Сити, кој веројатно би го одвел чекор поназад во кариерата. Според тоа, очигледно е дека Кака неможеше да постапи подобро.
Во Реал ке заработува „само“ девет милиони евра годишно, но покрај себе ке има тим чија цел ке биде враќање на шампионските патеки откако сезонава не освои апсолутно ништо, а нивните најголеми ривали Барселона добија се.
Кака откога дојде во Милан, освои се што можеше да се освои, беше првак на Италија и на Европа, го освои и таканареченото Светско клубско натпреварување, европскиот Супер Куп, единствено што му фали е националниот Куп на Италија. Според тоа, можеби основниот проблем дотолку останеше во Милан ке беше недостатокот на мотив.
Кака на првата пресконференција како играч на Реал изјави дека дошол во клубот поради економската криза која го зафати клубот од Милано, и дека клубот со заработените пари би можел финансиски да се „смири“. Што се однесува до неговиот мотив, изјави дека парите не биле пресудни, туку повеке му се допаѓал начинот на игра во Реал Мадрид, што во некоја мера уште повеке ги потврдува предходните пишувања за тоа дека уште од поодамна се подготвувал за премин во Мадрид, колку и да тврди Бразилецот дека конечната одлука ја донесол пред неколку дена за време на неговиот престој во Бразил поради репрезентативни обврси.
Навивачи
Навивачите на Милан се посебна приказна. Во случајот “Кака„ покажаа доста голема недоследност и разбирање. Имено, за време на понудите од Сити, навивачите се дигнаа како на востание против продажбата на нивниот идол. Кога Кака конечно ја одби понудата, кај неговата куќа се собираа голем број на навивачи скандирајки го неговото име и заблагодарувајки му што не заминал во Англија.
Шест месеци подоцна, без премногу размислување Кака преговараше со Реал и договори заминување во главниот град на Шпанија. Сепак, навиначите на Милан овојпат се диграа против челниците на клубот кој по нивно мислење ги продава играчите брз кој во иднина би требало да се гради играта на екипата.
Кака е фантастичен играч, со феноменална техника. Речиси практично сам го донесе Милан во финалето на Лигата на шампионите во 2007година, а и во финалето беше од голема помош иако небеше стрелец на гол. Но, Кака во овој Милан денеска,
тешко може да се смета за „воџа“ на тимот.
Она што му фалеше на Кака во Милан е
недостатокот на лидерство, можеби тој беше организатор и носител на играта, но никогаш не се поставувал како мотив за соиграчите, не е играч кој ке ги критикува соиграчите за лоша акција, за недостаток на концентрација, не е играч кој во тешки моменти ке извлече подобра реакција од соиграчите.
Едноставно, му фали она што го красеше довчерашниот капитен на Милан, Паоло Малдини.
Малдини исто така беше мирен играч кој никогаш не подигал тензија, но знаеше кога треба да биде груб према соиграчите, кога да ги поттикне на нешто повеќе и што е најбитно тоа знаеше многу добро да го направи.
Кака, барем досега, не покажа дека поседува такви способности.
Според тоа, Милан, да, изгуби голем играч, кој може сам да добива натпревари, но не и да го води тимот низ цела сезона и да ги држи соиграчите на свој грб во соблекувалната. Освен тоа, навивачите, се чини, во потполност ги заборавија зборовите кој пред само шест месеци ги рече Кака, и она заблагодавуање кое им го даде откако навивачите му оддаваа голема почит по одбиената понуда од Манчестер Сити.
Со обзирот на опростувањето кое навивачите му го понудија на Малдини, кој за миланскиот клуб направи многу, ако не и дупло повеке од Бразилецот, о
дносот на навивачите кон Кака е во најмала рака право лицемерство.
Вистински потег
Како конечна констатација, челниците на Милан го направија она што и требаа. Вистина е дека жртвуваа важна карика од својте редови, но во прв ред тие пари им беа потребни за покривање на долговите; додека во втор ред, дотолку на Кака навистина му се остануваше во Милан, тоа сигурно јавно ке го изјавеше и ке ја одбиеше преселбата во Мадрид.
Кака од друга страна, замина во одличен, голем клуб. Вистина, оваа година Реал имаше слаба сезона според нивните стандарди, но од играчка страна сега немаат за што да се грижат, бидејки на тренерското место е Мануел Пелегрини, и сигурно на големо се наметнуваат како силен тим за наредната сезона кој ке „жари и пали“ низ Европа и Шпанија.
Навивачите пак, би морале да сватат дека клубот повеке не е моќен како што беше некогаш, и дека треба да почнат од почеток со составувањето на тимот,
пред се да се сврти кон младите играчи кој долго ке ја носат играта на Росонерите, а не окулу 30-годишни „истрошени“ фудбалери како во последните неколку години.
изв:
sportdenes.com