Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
17.013
Поени од реакции
51.219
Пато и Шева се напад Кака и Роналдињо не се повикани, очекувам Пато да игра поназад и да се фатиме сите за глава од тоа како ја владее и таа позиција исто и Шева мислам дека ќе одигра добра утакмица.
Наша ТВ треба да дава пренос, а во недела со Сампдорија не Телма сме прееска видов :)
не скапаа годинава на ТВ како никогаш порано
 

FikoX

Impossible is nothing
Член од
13 август 2007
Мислења
2.850
Поени од реакции
128
Пато и Шева немаат иградно заедно од тогаш против Цирих, тогаш одлично се снајдоа и двајцата. Баш би сакал да ги видам повторно заедно.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Пато и Шева немаат иградно заедно од тогаш против Цирих, тогаш одлично се снајдоа и двајцата. Баш би сакал да ги видам повторно заедно.

се сложувам со тебе и ја сакам да ги видам пато и шева заедно да видиме како ќе функцуионираат..

п.с пејо стварно секое коло нас не даваат :smir:
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.420
сите сакаат да ги гледаат ѕвездите :)


инаку ме интересира со каква постава ќе настапи Вердер... дали сериозно ќе го сфатат натпреваров или ќе се чуваат за своја лига кај што не им оди баш најдобро, како и да е очекувам победа на Милан иако не мислам дека ќе се обидат таа да биде убедлива...
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.576
Поени од реакции
5.582
УЕФА ни беше на второ место се дур не го изгубивмо вториот меч со Интер па сеа УЕФА ни е на прво место и очекувам Анчелоти да излезе со доста силен состав против Вердер а и понатаму (ако пројдемо) :)
Ако до сеа играл со повеќето второтимци сеа ќе комбинира и повеќе ќе има од првиот состав, но се надевам ќе биде фин со Дида и ќе го остави дур се натпреваруваме во УЕФА (значи до крај).


Ова италијаниве не срамат, сите ќе попаднат од ЛШ како што изгледа... :)
Сериа А и ЛШ не е исто, неможе секој тоа... него ај да не се замарамо со тоа да си гледамо за себе.


Според мене шанса би требало да добие Сендерос а Малдини да одмор, човекот на 40 години одмор нема, алал да му е како успева да игра на ниво со вакво темпо на тие години (се повеќе ми станува омилен) а и македончето би го одморил, многу слабо игра во последно време, изгледа му е потребен одмор и би го ставил Антонини кои супер играше во сите натпревари што доби шанса (да не го урочим) само слаб е во одбрана многу исто како Јанко :)


Вака нешто би изгледал составот според мене:

Дида
Замброта-Бонера-Сендерос-Антонини
Бекам-Пирло-Фламини
Сидорф
Шева-Пато

Ама сигурен сум дека некој од Амбросини, Малдини или Јанкуловски ќе игра прв состав :)




И нешто сеа читав на бугарскава дека некојси Антонијо Михалов (17години) чиј фан е на Манчестер Ј. и има 4 годишен договор со Милан и сака да биде како Гејналдо тренира со синот на Кафу (и тој во Милан) :)
Во Италија е отиднат пред цели 12 години (инаку бугарин е) и бла бла бла ме нервира јазикот ме мрзи да читам еве подетално :)
Немаше ни да пишувам ништо за овој дека не ме интересира, само ми се свиѓа тоа што синот на Кафу тренирал во Милан (не сум знаел до сеа) па се надевам ќе има светла иднина како татко му.

Еве слика од добрите другари Антонијо и синот на Кафу (незнам како се вика)



Интересно ова, синовите на легендите на Милан тренираат во Милан :)
Нека се множат само... викаат каков татко таков син (порасни Лука) :vozbud:
...ае доста дробим :)


 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Нема Вердер што да бараат во Бундес Лига. Далеку се од првите 3 позиции + викендов играат со Баерн Минхен:vozbud:

Пато и Шева прва постава заедно со Бекам да видите голови со глава:icon_lol:

Ќе ги јадемееееееее и ќе смееме со идиотизмот кој го поседува Јанко:)
Не дај боже Пато да даде гол ...:tv:
 

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Кога сме кај синот на Кафу, игра лев бек, 17-8 години има, па ете ни замена за Јанкуловски.:)

Кога сме кај фамилијарните врски во Милан...
Кака-Дигао
Дармиан-Брускагин Матео
Карло-Давиде Анчелоти
Тициано-Андреа Крудели:vozbud::vozbud:
Пјер-Вили Аубамејанг
Кафу-Кафу:)
Паоло-синчето Малдини:kesa:
Кларенс-Чердик Сидорф

Половина од овие може се на позајмица, ама пак се тука, кај ќе бегаат.:)
Може има уште некој, ама не ми текнува во моментов.


Утре ќе биде закон на Наша ТВ, ќе има комедии со Јанко, човекот едноставно е ЅВЕР!
Пред повеќе од недела дена чита весник и пишува нешто за новиот стадион што ќе го граде Јуве и Јанко:еве кај ќе се собираат Италијанските наркомани, не знам што ќе му праат стадион на иден второлигаш...:pos2::pos2:

BTW шо к*р бара татаров у Милан ако е фан на Манчестер?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ииии син му на Кафу плукнат на него. Исти сурат имаат.
Иначе вечер преносот ке биде интересно зашто Јанко е миланез па се знае за кого ке навива. Малце полабаво да гледам и за прв пат со коментатор кој не е против Милан.
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Инзаги би играл во било која комбинација ако се знае дека е во мртва трка со Раул од Реал за играч кој има дадено највеќе голови во европските купови.Ми се чини дека се изедначени или Раул бега 1 гол ама знам дека Инзаги мора да игра во Уефа Купот за да дава што повеќе голови а за другите играчи мислам дека ќе играат Пато Сидорф Бекам Пирло Јанкуловски Малдини Замброта Дида Бонера(Фавали):toe::salut:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Инзаги би играл во било која комбинација ако се знае дека е во мртва трка со Раул од Реал за играч кој има дадено највеќе голови во европските купови.Ми се чини дека се изедначени или Раул бега 1 гол ама знам дека Инзаги мора да игра во Уефа Купот за да дава што повеќе голови а за другите играчи мислам дека ќе играат Пато Сидорф Бекам Пирло Јанкуловски Малдини Замброта Дида Бонера(Фавали):toe::salut:
:pos: :pos: Од кога па стана поважен индивидуалниот успех пред клупскиот? "Инзаги морал да игра за да помине рекорд..." :pos:

Инзаги е преморен и нема да игра а во напад најверојатно ке бидат Шева и малку позади него Пато.
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
„ЛА Тајмс“: Бекам ќе остане во Милан

26.02.2009
Дејвид Бекам Трансферската сага околу трансферот на Дејвид Бекам во екипата на Милан се ближи кон крајот. Според американскиот весник „Л.А. Тајмс“, Британецот ќе остане во редовите на Милан затоа што веќе нема ниту желба, ниту намера да се врати во САД.
До крајот на оваа недела, според весникот се очекува да биде финализирана зделката за престојот на Бекам до крајот на сезоната во Милано. Претставници на двата тима треба да имаат уште една средба, но не е наведено каде ќе се одржи средбата.
Бекам моментно ги одработува последните 10 дена под наем во редовите на црвено-црните. Ако не се најде решение, тој на 9. март, треба да се врати во САД и да продолжи во составот на Галакси.
 

Џенаро Гатузо

Pippo per Sempre
Член од
3 јануари 2008
Мислења
2.797
Поени од реакции
38
Вечер очекувам победа од 1-0 и доста е толку да не се замараме многу не чека тешко гостовање со Сампдорија :)
Иначе Кака ни вечер нема да игра а за во недела незнам колку е сигурно дека ќе игра и тоа е лошо ќе ни биде потребен многу...
И да не се лажеме сите мислиме вечер двајца шпица дека ќе играат али ќе видите Пато ќе биде осамен во нападот...:toe:
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Умрела сестрата на Берлускони и вечер ќе има едноминутно молчење.RIP.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
486
Поени од реакции
39
Греота е ова за Берлу али тоа е :S
Се надевам дека вечер ќе изиграат за него во овие тешки моменти:toe:
И да прашам регистриран ли е Бекам за куп уефа утакмициве? Иначе вечер пак ќе играме со еден шиц гарантирам...:tapp:
 

F|eR

Мало смо се напили, пали смо у џбун!
Член од
7 јуни 2008
Мислења
2.006
Поени од реакции
393
Стварно жална вест за сите Миланези.. Нека почива во мир!!
Едит: Вечерва ви посакувам среќа во натпреварот со Вердер и се надевам на поволен т.е победа!! Поздрав! R.I.P Марија Антоанета!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom