Фан Клуб: Манчестер Сити

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
Да премини Кристијано Роналдо во Манчестер Сити?Не постои теоретска шанса да се случи тоа нешто..Ова веќе е равно на виц...:):)..Некои работи не се купуваат со пари...
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Шо уба дискусија беше, ама ја избришав. Све офтопик.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
2.066
Поени од реакции
71
АНГЛИЈА СЕ ТРЕСЕ ПРЕД НОВИОТ ФИНАНСИСКИ "ВЛАДЕТЕЛ" ВО ПРЕМИЕР-ЛИГАТА

АЛ ФАХИМ СО 500 МИЛИОНИ ФУНТИ ГО ПРОЕКТИРА ШАМПИОНСКИОТ "СИТИ"

Новиот сопственик на Манчестер Сити, мултимилијардерот д-р Сулејман Ал Фахим, има само една единствена цел: да го направи Манчестер Сити најмоќниот фудбалски клуб на светот! Арапот кој е прв човек на компанијата "Абу Даби Јунајтед Груп", блиска до семејството кое ги предводи Емиратите, вчера пред англиските медиуми ги откри своите желби врзани со влегувањето во "Сити". Не крие дека парите не се проблем, туку само иницијативата и желбата на фудбалерите да играат во најсилниот клуб на светот. Манчестер Сити е новиот фудбалски "аждер" од кого во наредните години се очекува да ги мине рекордните излети на еден Роман Абрамович и по негов пример да состави "дрим тим", кој има бесценета вредност. Но, да одиме по ред...

Арапите "тежат" 615 милијарди евра

Веќе станува јасно дека Манчестер Јунајтед го чекаат големи проблеми во иднина, токму од групацијата "Абу Даби", која ја презема улогата и контролата на "Истлендс". Новиот "газда" на "граѓаните" доаѓа од Персискиот залив, знае што сака и како да дојде до тоа. Но тоа не е којзнае колку тешко откако на грбот му е семејството на Емиратите, кои има богаство кое се проценува на околу 615 милијарди евра. Чистите пари кои лежат на сметките на оваа групација се проценуваат на околу 100 милијарди фунти, што значи дека станува збор за човек кој е 10 пати "потежок" од досегашниот фудбалски гигант во премиер друштвото, Роман Абрамович. Ал Фахим не крие дека прво размислувал да стигне до сопственоста на Арсенал, Ливерпул или Њукасл, но во последен момент се појавија "гласниците " на Шинаватра, кој бараше начин како да се "отараси" од клубот, кој западна во големи финансиски проблеми. Арапите го "намирисаа" договорот и на неколку дена пред затворањето на трансфер периодот за оваа сезона влегоа во овој тим.

Ал Фахим се согласи да ги покрие долговите на "Сити" во вредност од 100 милиони фунти, но исто така да даде уште 120 милиони за да ги купи акциите од Шинаватра. 31-годишниот претприемач ја предводи новоформираната "Абу Даби Јунајтед Груп", специјализирана во областа на инвестициите и развојот, а самиот Сулејман е извршен директор на "Хидра Пропертис" во Абу Даби.

500 милиони фунти за јануарски трансфери

Англискиот прес преполн со сензационалните најави на новиот сопственик на "граѓаните". Дури и самите фанови на Манчестер Сити се шокирани од она што излегува од устата на Ал Фахим.

"Ние ќе направиме маркетинг планови, кои ќе се одразат позитивно на клубот и на компанијата, а ќе ни донесат и неопходни инвестиции. Со нив ќе бидат донесени нови фудбалски ѕвезди во тимот, а ќе биде продобрена и самата инфраструктира на клубот и базата", вели новиот шеф на "Истлендс".

Она што прво му падна на памет на новиот сопственик на "Сити" е во зимскиот преоден рок да тргне со неверојатна сума од 500 милиони фунти за нови фудбалери. На Арапите не им се чека, сакаат веднаш да оформат "дрим тим" кој од следната сезона ќе почне да ги "бере" трофеите од англиската и европската сцена. Како што пишуваат медиумите, неверојатниот фонд од 500 млиони фунти ќе биде ставен на располагање веќе во јануари, а Ал Фахим во своето "јато" ги очекува најдобрите: Кристијано Роналдо, Кака, Меси, Торес, Фабрегас, Бербатов. За "дрим тимот" нема да жали пари, а веќе се споменуваат и сумите кои би ги добиле сите овие фудбалери откако го "зграпчи" Робињо, кој беше со куферите на пат за Лондон.

Новиот конзорциум на фронтменот д-р Сулејман Ал Фахим вели дека ќе плати неверојатни 134 милиони фунти за да го донесе Кристијано Роналдо од екипата на Манчестер Ј., кој е најголемиот ривал на "Сити". Менаџерот на "Сити", Марк Хјус, ќе доби и сума од по 80 милиони фнути за да ги ангажира Кака од Милан и Лионел Меси од Барселона. Исто така се подготвуваат големи пари и за трансфер на Фернандо Торес од Ливерпул. За него новиот конзорциум на "граѓаните" ќе плати 70 милиони фунти, а 60 милиони ќе бидат понудени до Арсенал за да го продаде Сеск Фабрегас. Новите сопственици на "граѓаните" не се откажуваат ниту од Бербатов, кој замина на "Олд Трафорд", па и за него во јануари се готови да понудат рекордни 60 милиони фунти. С$ на с$, Ал Фахим сака сонот да му се оствари, а за тоа е подготвен, ако има потреба, да купи нови 18 играчи, за комплетно нов и моќен Манчестер Сити.

Догодина шампиони, потоа напад на ЛШ

Не сакајќи да чека на години работа и создавање на шампионски тим, д-р Ал Фахим ќе оди со една проектирана цел: годинава да се најде во најдобрите 4 во лигата, а догодина да ја освои Премиер-лигата. За најмногу три години да стане и европски шампион. Дека нивните амбиции не се само прости желби, покажа и последниот ден од преодниот рок кога сензационално успеаја да го донесат Робињо во својот нов тим. Тоа значи дека не напразно зборуваат за милионите кои планираат да ги потрошат за да го создадат најсилниот фудбалски клуб на планетата. Згора на тоа, Арапите му ја фрлија в лице "ракавицата" на Абрамович, чиј трансферен гениј Питер Кенион со денови наназад се натегаше околу преминувањето на Бразилецот од Реал (М). На крај излезе дека ќе го гледа во Премиер-лигата, но не во својот клуб. На прашањето со колку пари е можно да се биде освојувач на Премиер-лигата, Ал Фахим вели 200 милиони фунти. Но вели, не е проблем и ако треба повеќе.

Ако се погледнат договорите кои начелно уште сега се подготвуваат за јануарскиот преоден рок, фудбалерите ќе добиваат плати и во висина од по 200.000 фунти неделано. И фановите и јавноста го чекаат "извиканиот" јануари и да го проследат новото фудбалско лудило на планетата наречено "Абу Даби Груп".

Надминат големиот Роман

Во суштина, секој клуб од Премиер-лигата мечтае за "нафтениот благодет" кој доаѓа од Блискиот Исток. Сити ја имаше среќата да ја добие премијата. За една ноќ клубот го доби најбогатиот сопственик во Англија, иако малкумина сметаа дека некој ќе успее за една ноќ да го "прескокне" големиот Роман Абрамович.

Манчестер Сити за последен пат освои трофеј во Купот на Англија пред точно 32 години. Во последните 20 сезони с$ е поврзано со големиот градски ривал на "граѓаните", Манчестер Јунајтед. "Црвените ѓаволи" долго време гледаа од врвот, но се чини доаѓа времето кога улогите драстично ќе се променат. Брилјантниот бизнис и длабокиот "џеб" на Ал Фахим ветува нова историја на еден од најстарите клубови на Островот.

Само Арсенал им оддолеа на тајкуните

Откако телевизиските куќи одлучија да ја разбијат благајната за откуп на ТВ-правата за премиерлигашките средби, англиските клубови прераснаа во вистински фабрики за пари. И како такви, секако, станаа цел на тајкуните од сите страни на планетата.

Роман Абрамович пред 5 години го купи Челзи и засекогаш го промени пејсажот на англиската најквалитетна лига. Многу брзо стана престиж да се има клуб во Премиер-лигата, па семејството Глејзер го купи Манчестер Ј. и покрај жестоките пресметки со фановите на оваа екипа.

Потоа Ливерпул го доби новиот "газда" во името на двоецот Американци, Ѓилет и Хикс. Тие го купија контролниот пакет и станаа "фронтмени" на "црвените".

Последен во низата е Манчестер Сити, кој почна со Шинаватра, а продолжува со "Абу Даби Јунајтед Груп". Во целата оваа низа недостасува само Арсенал. "Топчиите" се единствените преставници на "големата четворка" кои и натаму остануваат настрана од налетите на странските тајкуни.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.607
Поени од реакции
43.441
Ај добро жити се,Абрамович не дава по 250 милиони за играч!!Најскап играч Челси што го зеде од ерата на Абрамович е Дрогба 29 милиони.Затоа има разлика помеѓу Сити и Челси!!!
Поентата ми беше , со пари , и тие беа услов Челзи да стане денес еден од најдобрите клубови во светот .
 

Kiko-Kozle

GunneR 4 EveR
Член од
29 јуни 2008
Мислења
356
Поени од реакции
7
Манчестер Сити/новата фудбалска планетарна моќ

на сите ви е познато за што зборам
на темава може да пишувате се што одсега па натаму ке биде поврзано со ман сити и со парите што ги имаат

ја отворив темава заради дискусии кои не треба да бидат од фанови на сити
пошто има фан клуб за сити
а темава е за парите играчите кои ке се вртат околу сити

позз

сепак мислам дека треба видиме дали ке иде ако не кључ
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.747
Поени од реакции
5.461
челзи сеа ќе пропадне :pos: Абрамович не ќе може да купи ниту еден играч :pos: :pos: се ќе му зема Сити
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
472
Поени од реакции
15
V

Viktoranius

Гостин
Арапот имал 612 милијарди евра. А играчите се лакоми за пари со чест на исклучоци. Значи ако му флезе во мозокот да земе јак играч ќе му даде ако треба и 40-50 милиони годишна плата па ќе направи дрим тим.

И стварно незнам зошто сите сте против милијардерите да не вложуват во фудбалот. Си имат пари и си можат и шо ? Се плашите од конкуренција ?
 

BoR4e

Manchester United
Член од
28 февруари 2008
Мислења
2.384
Поени од реакции
36
абе почекајте да купат после ке прааме муабет со саа прааме кога ни еден играч не се земале освен робињо , и јас по телевиизии мозам да говорам оти ке го земам роналдо кака меси торес .. нека остава понуда првин и нека ја прифатат клубовите и после сити ке го правиме конкурентен тим за титулата а саа моментално нема шанси
 

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
28
ЛЕлел арапов да не има вишок пари најнова шок вест е понуда за Буфон од 70 милиони евра па овој не е здрав жими се :pos2::pos2::pos2:Дај Тиквеш нека го купе даа:pos2::pos2:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.607
Поени од реакции
43.441
абе почекајте да купат после ке прааме муабет со саа прааме кога ни еден играч не се земале освен робињо , и јас по телевиизии мозам да говорам оти ке го земам роналдо кака меси торес .. нека остава понуда првин и нека ја прифатат клубовите и после сити ке го правиме конкурентен тим за титулата а саа моментално нема шанси
Филипс , Кастиљо , Робињо , Забалета , Компани , Жо , ова се дел од засилувањата . Кастиљо беше мета на Рома и е член на Репрезентацијата на Мексико , доста квалитетен и перспективен играч играч , ке се уверите во тоа , Забалета игра во одбраната , 23 години и беше член на Аргетинската Репрезентација на Олимпијадата , Компани важи за еден од најперспективните централни одбранбени играчи во светот , стандарден во Репрезентацијата на Белгија ,Жо , 21 година ,30 гола на 50 натпревари за ЦСКА Москва ,член на Репрезентацијата на Бразил на Олимпијадата ,кај и да е ке биде стандарден и во првиот состав на Бразил . Имаат доста солиден состав , најискрено кога ги погледнав сите овие играчи пријатно се изненадив со оглед дека сите се млади а со доста искуство и веќе докажани , реално , одлично пазареа .
Кога ке ги додадеме тука Елано ,Ричардс ,Ајрланд ,овие го инаат еден од најперспективните тимови во Англија ,ако не и најперспективниот тим ,ке се согласите со мене се надевам . Сите играчи што ги набројав се под 25 години освен Филипс и Елано .
И мое мислење е дека Арапиве ке се зафркнат ако носат уште засилувања ,оние што знаат за кои фудбалери се работи ( гореспоменативе ) , ке сфатат зашто го зборувам ова .
 

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Филипс , Кастиљо , Робињо , Забалета , Компани , Жо , ова се дел од засилувањата . Кастиљо беше мета на Рома и е член на Репрезентацијата на Мексико , доста квалитетен и перспективен играч играч , ке се уверите во тоа , Забалета игра во одбраната , 23 години и беше член на Аргетинската Репрезентација на Олимпијадата , Компани важи за еден од најперспективните централни одбранбени играчи во светот , стандарден во Репрезентацијата на Белгија ,Жо , 21 година ,30 гола на 50 натпревари за ЦСКА Москва ,член на Репрезентацијата на Бразил на Олимпијадата ,кај и да е ке биде стандарден и во првиот состав на Бразил . Имаат доста солиден состав , најискрено кога ги погледнав сите овие играчи пријатно се изненадив со оглед дека сите се млади а со доста искуство и веќе докажани , реално , одлично пазареа .
Кога ке ги додадеме тука Елано ,Ричардс ,Ајрланд ,овие го инаат еден од најперспективните тимови во Англија ,ако не и најперспективниот тим ,ке се согласите со мене се надевам . Сите играчи што ги набројав се под 25 години освен Филипс и Елано .
И мое мислење е дека Арапиве ке се зафркнат ако носат уште засилувања ,оние што знаат за кои фудбалери се работи ( гореспоменативе ) , ке сфатат зашто го зборувам ова .
И јас тоа го зборев во 3-4 поста ама никој да ме свате:)
А тука може да се додат Мајкл Џордан Џонсон де:) еден од најдобрите млади играчи на таа позиција баран од Ливерпул,Јунајтед,Арсенал....,Џо Харт нај перспективниот Англиски голман има само 21-2 година а онаа сезона беше еден од најдобрите голмани во Англија,Каспер Шмајхел и тој е на исто годиште како Харт голема надеж на голманската позиција вистински наследник на татко му Петер,Даниел Стариџ има 19-20 години и е еден од нај надежните напаѓачи на Англија,Божинов 21-2 година има вистинска татарска надеж,Саиседо има не повеќе од 20 години:) мислам дека игра напаѓач,Желсон Фернандез најголема надеж на Швајцарија има 21 година игра како Џонсон(така мислам)
Се на се одличен состав има потенцијал за 2-3 години да засени некој од големата четворка а инаку за шеикот....тој само што дојде и тоа го изјави и не оти знае како е тоа во фудбалот нити правел муабет со тренерот нити ништо Хјуз не верувам дека такви трансфери ќе направи и да може ама може да зима некои одлични перспективни играчи како на пример некој од Русиве од Европското:)(знаете на кој) мислам),Хамшик,Велосо,Лавеци,Хамшик,некое Бразилче,Аргентинче и тн:helou:
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Абе остајте тоа, давале 70 мил. Обични шпекулации, сега знаат сите дека имаат мн пари, и ајде за сите ќе пишуваме дека даваат понуди. И да сака да ги донесе најголемите ѕвезди во Сити, нема да му биде лесно...зошто сите не играат за пари. Еве на пр. Меси, ми се чини дека никогаш не би заминал од Барса за да иде у Сити, барем го имам тоа мислење за него дека не му е до пари на него. Има и многу други кои неможе да ги донесе со пари само! А и не му требаат такви ѕвезди, има млади играчи кои исто така може да станат ѕвезди, кои имаат добар потенцијал. Ќе видиме што ќе биде...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom