Половина милијарда евра за дрим тим на Граѓаните.
Новиот сопственик на Манчестер Сити најави дека ќе одвои над 500 милиони евра кои за составување дрим тим во јануарскиот преоден рок. Прв на мета е Португалецот Роналдо од Манчестер Јунајтед.
Новиот сопственик на Манчестер Сити,
Сулејман Ал Фахим, најавил половина милијарда евра за засилување во зимскиот преоден рок, а на Манчестер Јунајтед ќе му понудат
190 милиони евра за откупување на услугите на
Кристијано Роналдо.
Сопственикот на популарните „Граѓани“ оди до таму што вели дека тој ќе составува тим што ќе ја освои Лигата на Шампионите и затоа ќе се купуваат само најдобрите фудбалери.
Роналдо изјави дека сака да игра во најдобриот клуб во светот. Наскоро ќе видиме колку е сериозен во таа негова изјава. Уште кога Реал Мадрид понуси 160 милиони фунти, знаев дека тоа е премалку, па затоа ние нудиме повеќе – изјавил Фахим за британските новинари.
Покрај Роналдо, Ал Фахим ќе понуди
86 милиони евра за Фернандо Торес од Ливерпул. За
Кака од Милан, шеикот е подготвен да одвои 98 милиони евра, ќе се обиде да го донесе и
Цеск Фабрегас од Арсенал за 73 милиони евра. За
Лионел Меси од Барселона, Ал Фахим е подготвен да одвои 98 милиони евра, а за
Димитар Бербатов 73 милиони евра.
Доколку потроши навистина 500 милијарда евра шеиков ке има најдобар тим,и да не ги купи сите од овие,барем 2 ке има екстра тимче
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)