Кој играчи мислиш дека беа план Б и план Ц за позицијата на Де Јонг и кој ги купи?јас друго не разбирам... како можеш да си дозволиш да изгубиш 2 и пол месеци бркајќи ЕДЕН играч шо воопшто не сака да игра за тебе!?! а притоа ти ги собираат од пред нос и план Б и план Ц ако воопшто си ги имал..
Sent from my SM-S901B using Tapatalk
па тоа и зборам, акооо воопшто имале План Б или План Ц... секој нормален и сериозно организиран тим би имал...Кој играчи мислиш дека беа план Б и план Ц за позицијата на Де Јонг и кој ги купи?
Па и Паредес едно играчиште, што да ти кажувам.Јуве ни го шитка Рабио нас, а го собира Паредес од ПСЖ..
Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Супер земи пари и оди по Ентони.
Мартинез и мора така да игра да ги вади од ромнотежа за да надополни што не може да се надскокува
Случајно налетав на овие две видеа, морав вака да ги постирам бидејќи не го прифаќа овој формат у медија.
Замисли обичен фан, со снимка од телевизија, анализирал и ги посочил сите овие недостатоци и грешки што ги прават, тогаш прашањето е што прават сите тие вработени таму, членови на стручен штаб, тренери и помошници со сите снимки што ги добиваат од утакмиците од разни агли снимени од милијарда камери? Што анализираат и што гледаат? Фред е три години во клубов, и толку не се нашол еден да седне и да му каже каде греши? Да проба да го поправи тоа?
Гледајќи ги овие видеа, јас заклучувам дека играчиве се елементарно фудбалски неписмени. Не знаат каде да трчаат и како да бранат. Види го Мартинез, една утакмица има изиграно и само со овој потег на видеово докажува дека е поспремен во тимов од играчи што се тука со години. Ама таму во Ајакс некој седнал со него му покажал прво на екран каде греши и после му рекол, ај чичо дојди сеа со мене на теренов да ти покажам како треба да браниш. И дечкото научил дека при одбрана на голман, подобро е да го исфрлиш напаѓачот од рамнотежа за да не може одбиената топка да ја закуца у гол. И тоа он го знае и тоа го практикува.
А на Фред што да му кажеш? На Мектоминеј како да му објасниш дека треба топката да ја подаде на соиграч, а не да ја изгуби на средина на теренот.
Елементарно неписмени играчи, цела одбрана (без Мартинез) кои играат заедно со години не знаат да се постават, не знаат како да се одбранат.
Буквално треба 90% од тимов да се отпушти, да им се раскинат договорите, и да се пратат да играат у просечни екипи или во Чемпионшип затоа што овие се таа класа на играчи. ПРОСЕК !
Па добро преговараш месец дена гледаш дека не бива му даваш рок да одговори и си бараш чаре не му даваш да се подјебава и го праиш ко прајм Роналдо да еЈас те разбирам, но еве во случајот со Френки, како ќе го убедиш да дојде во Јунјатед пред Челзи? Единствен аргумент што го имаш е дека Манчестер е поголемо име од Челзи, друго ништо немаш. Пари двата клуба ќе му дадат подедакво, а се друго е на страна на Челзи. Лондон пред Манчестер за живеење, плус ЛШ во која Јунајтед оваа сезона нема да игра, а многу веројатно ни следната. Де Јонг е сега во најубавоте фудбалски години, зошто би промашил две сезони во ЛШ?
Заебана е работата, неуспесите во последните десет години направија од Манчестер екипа која не е пожелна дестинација за елитни фудбалери, плус отежнувачките фактори кои Јунајтед секогаш ги имал дури и кога беше мега успешен. Мене ми е страв дека ако се продолжи без успеси наскоро и финансиите ќе секнат, па не ќе може Јунајтед ни со пари да привлече некого.
ЕнтониСанчо е перфектна опција за лево крило. Ако најдат десно што на Тен Хаг му фаќа око за првотимец и со парите може да купат уште еден играч за во ротација, треба да го пуштат.