Ништо што се дешава во Јунајтед од фудбалски аспект не е плански, не само трансфери. Кога го избркаа Мурињо, Ед викаше дека се во потрага по спортски директор, не само менаџер. Викаа прво до март дека не назначат, па до крај на сезоната. Помина и тој период, па викаа дека летово немало да назначат ама затоа на почеток на сезона ќе имало. Поминаа 2 месеца од новата сезона, ни трага, ни глас, ни шпекулација за спортски директор. Си назначија тренер кој ќе им биде тоталка кооператвен, тренер кој што никакви проблеми нема да им прави дури и ако Ед се симне на терен тактики да му кажува и да му бира состав. Со оглед на тоа колку се форсираат некои играчи и измешаните позиции, не би ме чудело и Ед да е влезен у Самсоненко мод. Најискрено не ја гледам поентата да му исполнуваат трансфер желби на Оле, реално, од кога го назначија за перманентен менаџер е мизерен, а тимот не е толку слаб, колку што покажуваат резултатите. Во 21 утакмица од тогаш, има 6 победи, 6 нерешени и 9 порази. со 23 постигнати и 31 примен гол. Од можни 63 бодови, освоени само 24. Тоа е ниво на клуб од 13-14 место на табела. Е толку слаб не е тимот и не може да се вади на тоа дека ова не бил негов тим. Што сака, да му донесат 20 играчи по негов избор па да почне резултати некакви да се покажуваат? Па нигде нема тоа да се деси, у ни еден клуб. Никој не очекува да освои титули или да се бори за нив, знаеме дека нема Јунајтед тим за тоа, ама минимумот што секој го очекува е да се види после скоро цела година на клупа, стилот на игра, некоја филозофија, некој напредок на тактички план, напредок во самата игра, па година дена не е мал период да си со екипата. Сите тренери, Од Пеп, Клоп, Сари, сега Лампард, Покетино, па и Емери, веќе по првите 2-3 месеци имаа некое ниво на игра каква што сакаат, без да ги имаат сите играчи што им требаат за таква игра. Со Оле, ние и после година дена скоро, не можеме ни да претпоставиме што му е стилот, какви замисли има за тоа како сака да му делува тимот на терен. У теорија може до утре да објаснува некој експерт, ова сака Оле да го игра, пресинг, брз проток, едно, друго трето, али у пракса ништо од тоа не гледаме. И пред почеток на сезона очекував да бидеме 7-8 место, али на волку лоша игра и резултати не се надевав.