Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
30 мај 2009
Мислења
10.143
Поени од реакции
23.248
Од ништо не му фали на тимот до одеднаш 9 сакал да смени. Виде дека му гори и ај сега.
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
492
Поени од реакции
937
Screenshot_20191008-173345_Facebook.jpg

Во врска со тоа дека му фалеле 9 играчи..
Клоп од коа дојде кај пулците, само Милнер му остана прв тим.
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.386
Поени од реакции
3.808
На наредните три меча МОРА да освои минимум 6 бода ако сака да остане Оле во спротивно треба да си оди. Ако не може да ја спроведе замислата негова на терен тогаш не е доволно добар за Манчестер Јунајтед Оле.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
А кој би направил нешто со овој тим?
Нека си остане и нека сркне малку од тоа што надробил.
Абе целиот концепт му е аматерски, толку години минал во Англија,и пак почетнички,задоволен бил, пред очите му беа Ван Гал кога му се повреди пола тим, и пак одлучи да ризикува без играчи да игра.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.278
Поени од реакции
6.535
Значи оправдано се ствара револт, но полека со плачките.Ниеден од наведениве што ги наброја(освен Лампард) не започна како што викаш, сите беа филозофи на почетокот.На Пеп му требаше една година и 300м за да почне со неговото(4ти беше во лига и го викаа Fraudiola, губеше и киксаше со пацерски екипи), Клоп година ипол или 2 и пол дур се склопи(на почеток беа изгубени, после година и пол знае само улав пресинг да прават, а со топка не знаеа да пробијат низок блок а дефанизвно беа тарабуки,после во 3тата сезона дојде Салах и се формираше тројката која вадеше и вади акции на индивидуални потези(хинт: им играше Мурињо 2рата сезона на ОТ со низок блок и им остави потег, шут у оквир немаа, Рашфорд ги измести со 2 гола тогаш), сложувалката конечно се склопи со ВВД), со Сари првите 3 месеци беа изгубени играчите и ги вадеше Хазард(иста прича ко филозофијата на ЛВГ беше), отпосле почнаа да играат ко што замислува.Покетино до ден денес нема некој јасен стил, еднаш излага пичкарски, другпат излага и игра атрактивно и брзо, некад е тегни-туркај.Емери ми е продужение на Венгер т.е. има офанзивна замисла, дефанзивна огранизација една голема 0.


Викаш зошто да му донесат на Оле играчи?Не е работата на Оле играчи да му носат, не е негов клубот па ај сеа Глејзери и Ед црвен крст да глумат, второ сакат и мизерен е тимов да бидеме реални, фалат 4-5 асални играчи за да може да се прави муабет билокаков.Ова Оле што го прави е измислување на топла вода, ефективно има 12 играчи ако не се рачунаат пилиштарцине и непостоечките Мата и Матич.А од тие 12 луѓе, у форма никој нема, сите се тиња.Мора да се инвестира безразлика на тренерот, ова е жива мизерија, до кога планираат Мата,Лингард,Переира, Јанг, Матич да играат?Рашфорд исто не е за припрарување до прва 11ка.Значи од старт имаш 6 играчи кои се мизерни, а останатите повредени.

Резиме: Има Оле мани, слободно пребарај/те по форумов мои мислења назад, ама генералната слика ја утна Ед и тоа е факт.Не може да се очекува клуб ко Јунајтед што се бори да се врати во топ 4 да се ослони на Гринвуд кој повторно се повредил и очигледно не е спремен за сениорски фудбал.Си ја призна грешката Оле околу не носење на шпиц, рече дека во Јануари ќе се погрижат за тој проблем.



Не знам кај виде плачење у постот. Сега за првиов дел со менаџерите. Убаво си пишав, никој не очекува од Оле резултати одма, титули или борба за нив. Тоа што се очекува од него е усвари минимумот што треба да го исполни, а тоа е напредок во играта после година дена скоро како менаџер, не мора стилот на игра и тактиките да му бидат скоро совршени како тоа што сега е случај со Клоп и Пеп. И они имаа проблеми на почеток, али уште по првите 3-4 месеци се приметуваше напредок и стилот им наликуваше на тоа што го имаат замислено. Кај сите набројани се приметуваше напредок со секој нареден месец, буквално кај сите. Тоа е минимум некој, да се види напредок во играта, да се види на трен стил на игра кој треба во иднина да се надогради и после 3-4 трансфер периоди да стигне на некое највисоко ниво, како во случаите на Клоп и Пеп. Па и кај Покетино, тимот растеше со секој нареден месец. Али сите имаа јасно дефинирана филозофија. Кај Оле ова не го гледаме. Гледаме само константно назадување. Не може да се вади дека немал играчи, кога мизеријава почна од март предходна сезона, со истите играчи, кои до ПСЖ играа доста добро.

За тоа дека тимот е слаб, знаеме сите, очекувањата наши пред сезона доволно кажуваат за тоа. За тоа како изгледа тимот, покрај главниот крицец Ед, голема е одговорноста и на Оле. До последен момент чекаа за да преговараат со Ерера. На уште не завршена сезона на сите ни беше јасно дека нама да остане, а на нив и уште порано од тоа. Лукаку се знаеше уште у јануари дека ќе сака да си оди пошто Оле јасно кажа дека Рашфорд ќе му биде главна 9-ка. Уште кога на Мата му го продужија договорот, се знаеше дека дупката у средина нема да им е приоритет на Ед и Оле. Оле беше свесен што ќе му се деси ако нема засилувања, а пак изјавуваше дека му е задоволен со тимот. У последни два дена се продаваат два напаѓачи, секако со амин од Оле, а он викаше дека Гринвуд е тука и дека ќе го форсира него. Наместо тоа, Гринвуд добива шанса од 70-80 минута, за сметка на факинг Переира кој на десно крило не би го пуштил ни у наша лига да игра.
Мата, Лингард, Рашфорд, Јанг добија нови договори, Лингард мислам не, али ќе биде кај и да е, се во времена Оле. Фил фскинг Џонс исто.
Оле мораше летово да му виси на врат на Вудвард за трансфери, поготово да се пополнат дупките у напад и средина, а не да кажува дека е задоволен со тим во кај се Матиќ, Мата, Переира, Лингард, Јанг, Џонс. Епа кога ќе го кажеш тоа и целта дека ќе ти биде топ 4, цената на неуспехот, во најголем дел ќе биде на твоја сметка. Тоа требаше да му биде јасно.

Не викам дека треба да се избрка Оле, пошто и да се донесе некој друг исто ќе биде. Се дур не се донесе ДОФ, некој што ќе си ја разбира работата, па да се направи стратегија, што, како да се прави, до најмал детал, ништо нема да биде. Е кога ќе стаат таков човек, па тој да седне со Оле, ова ова и ова се очекува од тебе, па да процени дали Оле ќе може да го исполни тоа, па ако не со конкретна стратегија да се бара некој нов, во рамки на тоа што е замислено. Вака сеа има шпекулации за Алегри, па без никаков план, пети тренер со различен концепт од сите пред него, па пак од ново бркај едни што не одговарст на тој стил, купувај нови.

Најголемо засилување ќе биде да се донесе ДОФ, што тешко дека ќе се деси.
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.386
Поени од реакции
3.808
А кој би направил нешто со овој тим?
Нека си остане и нека сркне малку од тоа што надробил.
Абе целиот концепт му е аматерски, толку години минал во Англија,и пак почетнички,задоволен бил, пред очите му беа Ван Гал кога му се повреди пола тим, и пак одлучи да ризикува без играчи да игра.
Ако на наредните 3 натпревари не 0свои 6 бода минимум ќе паднеме во зоната за испаѓање, а тоа е недозволиво и мора да си оди. Еве има 2 недели да го спреми тимот за дербито со Ливерпул и за другите натпррвари после дербито и нека докаже дека заслужува да остане.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Ако на наредните 3 натпревари не 0свои 6 бода минимум ќе паднеме во зоната за испаѓање, а тоа е недозволиво и мора да си оди. Еве има 2 недели да го спреми тимот за дербито со Ливерпул и за другите натпррвари после дербито и нека докаже дека заслужува да остане.
Ма сега е под таков притисок што едвај чека да си оди, гарантирам.
Ќе прави стандардни работи, и ќе си оди, ама кој ќе дојди, и што може да среди?
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.386
Поени од реакции
3.808
Ма сега е под таков притисок што едвај чека да си оди, гарантирам.
Ќе прави стандардни работи, и ќе си оди, ама кој ќе дојди, и што може да среди?
Па не знам сега да се земе некој искусен менаџер кој ќе биде привремен, па на лето ќе се видат опциите. Па ај ако не да го оставиме Оле и ако биде во зоната за отпаѓање?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.492
Поени од реакции
62.243
Има идеја која циркулира и ми се допаѓа, а тоа е да го поместат Оле на позиција на Директор на Фудбал, зашто има нос за трансфери и знае кои играчи мора да си идат од моменталниов ростер, а да си донесат нов тренер.

Не верувам дека Оле ке се оскубе од оваа ситуација, зашто штом почнат да цурат информации од соблекувална, саатот е отчукан за било кој тренер.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Проблемот е доста подлабоко. Не е можно пред нецела година со 90% ист состав плус сега далеку подобра одбрана да имавме 13 победи во низа а сега бродолом.
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.386
Поени од реакции
3.808
Има идеја која циркулира и ми се допаѓа, а тоа е да го поместат Оле на позиција на Директор на Фудбал, зашто има нос за трансфери и знае кои играчи мора да си идат од моменталниов ростер, а да си донесат нов тренер.

Не верувам дека Оле ке се оскубе од оваа ситуација, зашто штом почнат да цурат информации од соблекувална, саатот е отчукан за било кој тренер.
Нема шанса да го остават во клубот ако не успее да ги сврти работите ,ќе си оди комплетно иако не е лоша идеата.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Па не знам сега да се земе некој искусен менаџер кој ќе биде привремен, па на лето ќе се видат опциите. Па ај ако не да го оставиме Оле и ако биде во зоната за отпаѓање?
Јас мислам дека ај што не би прифатиле доста од нив да дојдат, туку дури и да дојдат тоа би било под посебни услови и јаки пари, да речеме еден фудбалер на Оле од летото можеби од средината. Ма не се здрави бе што прават.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263

Батево е во добра форма и бележи добри настапи.Го фалат доста, но за среќа сеуште не влегол во полн фокус на медиумите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom