Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Офанзивни задачи имаше денеска, Виган се бранеа и ја умртвуваа утакмицата на моменти, ќе видиме како ќе се справи против конкурентите. Нас ни требаат офанзивни бекови повеќе од дефанзивни.

И зошто бе да не летаме во облаци, знаете Евра каков почеток имаше со клубов? :)
Белки нема ова деби на Битнер да значи споротивно од она што го постигна Евра, ако сме суеверни :) :coffee:
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Па и да се заборава Бутнер во нападот - тотал фудбал. Само тој нека игра добро и продуктивно.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Тоа ми е муабетот, неможе да се види квалитетот на играчот од еден натпревар посебно не на одбранбен играч во натпревар со тим со исклучиво неписмен напад како виган! Кога ќе изигра како Алаба што играше против реал мадрид, е тоа е више друго....
 
2

~2A

Гостин
Тоа ми е муабетот, неможе да се види квалитетот на играчот од еден натпревар посебно не на одбранбен играч во натпревар со тим со исклучиво неписмен напад како виган! Кога ќе изигра како Алаба што играше против реал мадрид, е тоа е више друго....
Кога веќе одиме на таа варијанта...

Кој може да постигни ваков гол?
-Ова го можат само... :вонзем:....
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.144
Поени од реакции
23.251
Значи можете да плукате и карате по играчи ако не изиграат на една утакмица убаво, еве Нани и Велбек, ама новајлијава даде гол и асистенција на дебито, ама со Виган бе, не ги бива нив ( ако лани титулата ни ја скинаја ). Значи вие сте критичари, буквално.
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Фросе, дај жити се ако има некоја анимација од моменто при првио гол коо Керик извози тројца од Виган у секунда, јас ќе пробам да га најдам таа сликата со газот, ма да мислам оти нее сечена, толко ти е била среќата. :)
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Лесна победа, 4-0 само ние знаеме да победиме со толку лежерна игра како вчера против Виган. САФ си го оствари тоа што го планираше, да ги одмори играчите од репрезентативните активности и да пушти посвежа крв за да се фит останатите против Галатасарај и Ливерпул. Искрено не ми се допадна играта многу и мислам дека Виган беше преслаб вчера и овие 4-0 не смеат многу да не занесат зошто имаме 2 сериозни тестови пред нас.

Битнер имаше одлично деби, одличен е во офанзивните задачи додека во дефанзива не беше нешто којзнае што но му беше прв натпревар и ако продолжи вака САФ ќе го направи во одличен лев бек. Сепак има уште да јаде фурни леб за да го стигне нивото на Евра, но под палка на САФ многу ќе напредува. Битнер многу ќе придонесе во иднина за тимот. Евра нема да се занесува многу и ќе понуди многу посериозен пристап и подобри партии, а исто така ќе може и да одмара некоја утакмица знаејќи дека влегува во тие години. Од друга страна исто и Холанѓанецов ќе може да стане важна алка во тимот и САФ сигурно ќе прави многу ротации по таа страна оваа сезона.

Пауел ќе биде играчиште во иднина. Уште од порано го имав истово мислење зошто дечково на 18 години има солидна градба, голем потенцијал, дрскост и дисциплина. Последен таков играч кај нас беше Роналдо и се надевам дека Пауел ќе го надмине во иднина.

Сега не следуваат 2 тешки натпревари. Треба да се заборави вчерашниот меч зошто наредните 2 се сосема различни од тоа што го гледавме вчера и мора да се има сериозен пристап во двата меча.

Турциве се многу опасни и под водство на Терим играат преродено во изминатиов период. Се надевам дека против нас ќе имаат лош ден и лесно ќе си дојдеме до 3те поени. Ливерпул можда не е во форма од почетоков на сезонава но секогаш против нас играат како да им е последен меч и да не се мамиме со тоа што го гледаме од нив во изминатиов период.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Јасно е тоа дека уште има за учење младичот. Ама мислам дека ги прочитавте неговите интервјуа уште кога дојде, дека е работлива личност, уште од мал по секој натпревар татко му го терал да му кажува кај згрешил за да може да се поправи. И на клиповите од Витесе се гледа дека не знае за загубена топка, вчера си го даде голот по топка која ја освои итн.

И да , ќе греши додека учи, ни Рио ни Вида ни Евра не беа безгрешни. Нормално е тоа и треба да сме стрпливи ко и секој млад фудбалер што е кај нас. Не можеме преку ноќ да ги направиме ракети.
--- надополнето: 16 септември 2012 во 14:22 ---
Фросе, дај жити се ако има некоја анимација од моменто при првио гол коо Керик извози тројца од Виган у секунда, јас ќе пробам да га најдам таа сликата со газот, ма да мислам оти нее сечена, толко ти е била среќата. :)
Де Геа е тој со газот, најдов :D а за ова што викаш ќе го даунлоадирам натпреварот и јас ќе направам анимација, само да искочи на добра снимка :)
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.144
Поени од реакции
23.251
^^ Лајкот не е за газот од Де Геа. :D А и ја имаше на замунда утакмицата, види дали ти се бендисува снимката.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Нема фотка од цел али еден од младинците што играат за клубов пишал вчера на твитер кој е али избришал одма :D Ај сеа ќе видам на замунда :)
 

Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480
Евра вака со ротирање ќе изгура уште сезона или две кај нас, таман за тоа време Аце ќе се искали и ете ти достојна замена, затоа толку бев против Бејнс, да фрлиш пари за некој кој е само 3 год помлад од Евра не ми иде у глава, плус тоа мислам дека одморот и ротирањево на Евра ќе му бидат добредојдени, не за друго следува гостување на Енфилд и дуел со заблото! :свиркам:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Red John резолуцијата на торентов од Замунда е ок ако сакаш да ја изгледаш утакмицава на саат на рака :D ќе чекам торент од хд, линкови од рапидшер ме нервираат иако најдов, како во деведесетите :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom