Го гледав интервјуто за ПЛ на Роберт Пирес и баш ми фати еден интересен дел на прашање што го прави еден тим да биде добар. Кратко одговори. Вика одличен голман и одличен напаѓач. И така е...ние веќе подолго време го немаме ни едното, ни другото.
Одличен голман ќе ја командува и одбранта пред него. Еден ВДС пред него направи стоперишта, дури и Вес Браун и Ошеи играа одлични партии како стопери.
Одлични напаѓач знае да влегува во гол шанси, да учествува во акциите, да решава натпревари...
Да не бидам погрешно сфатен, не ги занемарувам другите позиции, но баш овој детал ми беше интересен.