Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Овој Битнер не ме импресионира многу многу..добар е за напред,брз играч пробивен ама назад премногу се губи на офсајд стапици и многу излетува на топките како што го заприметив..со посериозна екипа кога ќе играте ќе се осети таа слабост ако игра тој на левата страна..
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Дури незнам кој да изберам играч на утакмицата, ама ного е жално да кажеш дека Керик беше дупка коо беше професор... да кажеш дека Велбек беше дрво, а беше најзабележителен... да кажеш дека Гигс беше старец коо беше Брзиот воз... да кажеш дека Чичарито е дебелар коо е роден у шеснајсетник на раб на офсајд... жално е тие работи да ги кажеш ако веќе си га гледал утакмицата... И најжално е да кажеш дека се е у ред со Нани и дека се е само шпекулации коо дури преку телевизор ќе га видеш неговата фрустрација, шо е еднакво на неговата неизненадувачка себична и лигава игра, и покрај тва шо имаше и добри потези...

Евра нема шо да се гриже за неговото место засега, оти у секоја смисла е Кока Кола за БАТ (јас ќе го викам така), ама покрај тва шо и годините ќе го згазат брзо, мислам оти и Бат ќе го згазе брзо.

Друго шо е жално е шо имаме клупа од кај мене дома до кланицата (ного е далеко) и как ќе ги направеме сите тие играче да играт и да бидат среќни знаејќи оти у денешнио состав го немаше Руни, Флечер, Џонс, па и тие од клупа шо не флезеа,,, (три запирки) а конкурентите (Сити и Челзи) треба да се крпат как пелени у 18ти век.

И знаате ли шо е најжално? Дури и Талат да проговоре, му нема спас на Ливерпул наредно коло! :)
Keрик беше далеку од дупка, да не ја дадеше таа топка до Нани кога сите одбранбени на Виган очекуваа сосем друг потег, можда и ќе се мачевме подолго. И за Нани 100 % се согласувам иако имаше и добри потези, на 2-3 пати шутна у публика, а комотно можеше да асистира до Велбек/Чича. :)
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.585
Поени од реакции
62.666
Конечно го изгледав натпреварот, откако сигналот на спортклуб ослабна, снема интернет и на крај и струја, не сакав да читам коментари претходно, да можам да расудам со чиста глава ...

Негативни страни на денешниов натпревар
- Непревземање на високи играчи при нафрлени топки од прекин, не може Рафаел и Керик да бидат чувари на високи играчи на пример Рамис, стално примаме гол кога тие мора да скокаат
- Млитавиот пристап кон пеналите, мора малце Ферги да дигне куќа у ваздух, 2 пенала не претвараме во гол и е недопустливо за тим како Јунајтед
- Слабо агресивна одбрана, успева еден играч да им извлече топка на Видиќ, Сколс и Фердинад ...
Се дозволува премногу игра пред нашиот гол во зона на шут
- Играчи кои прават потег плус, Чичарито на 3-0, требаше веднаш да асистира на Ван Перси, направи чекор повеќе, и пропадна шансата, Велбек во неколку наврати при влегување во шеснаесетник, иако целосно гледано одлично изигра, и Нани, се надевам дека ке сфати дека понекогаш е потребно играње со еден до два додира и да не биде себичен ...

Позитив
- Бутнер, секоја чест за дечкото ...
- Пауел, претставување во добро светло од тоа што го одигра ...
Иначе обезбедувањето го вратило од Карингтон, зашто не знаеле кој е ...
- Враќањето назад на напаѓачите да помогнат, Чичарито и Велбек ...

Не ми беше јасно во прво полувреме зашто Нани сакаше со послабата нога да го префрли голманот, кој патем стоеше на метар од голинијата, но добро ...
Би сакал порано да го отвораме резултатот ...
Ме радува што и со ваков(комбиниран) тим, вадиме добри резултати ...

Сега во Јунајтед има вистинска конкуренција за скоро секоја позиција, што ги тера играчите максимално да се залагаат ...
Треба малце да се стегне задниот ред, затоа што не секогаш ке промашуваат противничките напаѓачи ...
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.007
Поени од реакции
5.324
Не ми беше јасно во прво полувреме зашто Нани сакаше со послабата нога да го префрли голманот, кој патем стоеше на метар од голинијата, но добро ...
.
Он сакаше сосема друго да направи.. погледни го неколу пати тој момент.. ќе видиш дека таман да шутне топката му одрипна малце од земја....
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.585
Поени од реакции
62.666
IcoNic, Тоа да, не го негирам ...

Она што сакам да го кажам е дека многу подобро ке беше за него да иде на силен удар со цела нога на топка, отколку лоб кој навистина е тешко да се погоди во трк, и тоа со послабата нога дур топката скока...
При таков шут, уште подобро е што топката е во воздух ...

Само, низ целата фрустрација денес, деконцентриран е...

Среќа негова што Јанг не е во врвна форма, иначе ке грицка нокти од клупа ...
 
2

~2A

Гостин
Овој Битнер не ме импресионира многу многу..добар е за напред,брз играч пробивен ама назад премногу се губи на офсајд стапици и многу излетува на топките како што го заприметив..со посериозна екипа кога ќе играте ќе се осети таа слабост ако игра тој на левата страна..

Прва утакмица му е друже од холандската лига до англиската има голема разлика....
Не е лесно едно џезвер месо (Битнер) против терминатори да се бори.Премиер лига пред се физички треба да се спремиш,па после на елементарната техника. :icon_mrgr:
Се согласувам малце во одбрана беше невнимателен ама сепак постигна гол и асистенција што за бек е одлична работа,со текот на времето ќе се подобри.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
1.597
Бутнер кажа после мечот дека никогаш не играл на терен со толку многу гледачи и дека имал малку трема. Игра за прв пат во голем клуб и одма добива 90 минути, прави асистенција и дава гол. Имаше неколку утки во одбрана, но мислам дека Евра може комотно да си поседи на клупа.

Бутнер и Евра се многу слични со тоа што првиов повеќе го бива за дриблање а вториов е за нијанса подобар во одбрана. На Бутнер му фали нафрлување со десна нога. И двајцата одат напред и се забораваат, но тоа е и донекаде улогата на офанзивен лев бек.
100 пати пишман ќе бевме ако земевме некој Baines-lookalike за некојси 20М и 28-9 години.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Ок е бу/итнер изигра добро т.е. одлично ама не е пожелно да летате од одма у облаци!
Нели кога некој ќе изигра катастрофа се вика од една утакмица неможеш да процениш каков е играчот, и ричардсон на почеток играше добро:pos:! Муабетов ми е дека не треба да се делкаат икони од одма, може малце да почекаме да си ги заслужи дечкото статусот, без да му се става голем притисок!
 
Член од
29 декември 2010
Мислења
64
Поени од реакции
16
А да ги намалиме импресиите од Бутнер, да не се разочараме следната утакмица...
Да, добар беше, за разлика од Евра не 100, 120% даде! Му помогна и тоа што никој не го знаеше и му оставаа простор кој го искористи.
Но, на моменти трапаво изгледаше, мн комплицираше во одбрана, а и во напад некогаш сакајки да се истакне, премногу ја задржуваше топката. Среката го посака и при асистенцијата и при голот. Кога го гледав голот само си викав е сеа ке му избега, сеа ке се сплетка ... сеа ке го бутнат, но не издржа машки до крај и со мн мн срека ја пикна топката во гол.

Она што јас нестрпливо го очекувам е одговорот на Евра! Дали овој настап на Бутнер ке го мотивира да се бори за прво место во тим ... или ке ја грее клупата, останува да видиме.
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Не е Бутнер сеуште провотимец пред Евра. Има уште да учи како игра Јунајтед и Ферги го рече тоа. Но ќе научи, одличен е.
 
2

~2A

Гостин
Бутнер кажа после мечот дека никогаш не играл на терен со толку многу гледачи и дека имал малку трема. Игра за прв пат во голем клуб и одма добива 90 минути, прави асистенција и дава гол. Имаше неколку утки во одбрана, но мислам дека Евра може комотно да си поседи на клупа.

Бутнер и Евра се многу слични со тоа што првиов повеќе го бива за дриблање а вториов е за нијанса подобар во одбрана. На Бутнер му фали нафрлување со десна нога. И двајцата одат напред и се забораваат, но тоа е и донекаде улогата на офанзивен лев бек.
100 пати пишман ќе бевме ако земевме некој Baines-lookalike за некојси 20М и 28-9 години.

Прва утакмица според мене ОДЛИЧНО изиграна, со асистенција и гол па тоа е за пофалба за еден лев бек којшто пристигна од далеку послаба лига во најдобрата фудбалска лига. Исто така играше за неамбициозен тим, заразлика од Манчестер Јунајтед кој шампионски тим.
Фергусон е познат по ротациите што ги правел досега така да Евра не би седел цело време на клупа. ;)


Не се слични, Бутнер е поагресивен и е полн со самодоверба.Евра ретко се осудува да тргне,да повлече топка и да се обиде да испрати центаршут.
Слабата форма на Евра се должи на тоа што беше најконстантен минативе 2 сезони, поради немањето на адекватна замена и мораше да ги игра сите утакмици,но сепак сеа не би требало тоа да е на некој начин утеха..

Смешно е да се прави споредба Бејнс и Бутнер т.е. мене воопшто и ми е глупо да се прави споредба. НИКОЈ НЕ Е ИСТ сите луѓе се различни,си видел досега ти некој ист негде освен ако не се близнаци? :icon_lol:
Бејнс ти е во топ 3 леви бекови во ПЛ,а Бутнер допрва ќе покажува што знае и умее.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Овој Битнер не ме импресионира многу многу..добар е за напред,брз играч пробивен ама назад премногу се губи на офсајд стапици и многу излетува на топките како што го заприметив..со посериозна екипа кога ќе играте ќе се осети таа слабост ако игра тој на левата страна..
Офанзивни задачи имаше денеска, Виган се бранеа и ја умртвуваа утакмицата на моменти, ќе видиме како ќе се справи против конкурентите. Нас ни требаат офанзивни бекови повеќе од дефанзивни.

И зошто бе да не летаме во облаци, знаете Евра каков почеток имаше со клубов? :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.013
Поени од реакции
4.213
Бутнер малце ме потсеќа на Филип Лам според неговиот стил на игра движењата што ги прави. Проблемот е што многу се зборава напред и така ја запоставува одбраната.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom