Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.685
Поени од реакции
9.324
Лошо дојдоа овие 2 пораза во секој случај. Во моменти кога најмногу ни требаа поените ние ги испуштивме на доста наивен начин. Се нервирам што не сме константни во формата, затоа што претходно 5-0 спукавме потоа губиме безвезе поени. Одбраната оваа сезона ни е најслаба алка да бидеме реални, а тоа е поради честите ротации и проблемите со повреди. Потоа следи средината која еден натпревар ќе одигра фантастично и ќе креира 100 шанси, а другиот катастрофа. Сепак повторно ќе кажам, ова ме потсеќа на сезоната кога бевме елиминирани од Бенфика во ЛШ, сезона на смена на генерации на која се додаваат доста повреди. Добро би ни дошол еден добар плеј зимава, затоа што ни фалат шанси, топки кои ќе ги хранат напаѓачите. Еве денес бевме сведоци дека преку крилата не можеме да направиме баш ништо, а пак Гигс и Керик не можеа да направат некое проигрување и тоа резултира со никакви шанси за погодок на овој меч. Тоа е тоа, ќе дојдат подобри времиња затоа што има потенцијал овој тим за во иднина и ни фали само трпение. Поздрав ѓаволи :)
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.597
Поени од реакции
20.943
Извини, а кој ги освои титуливе во последните 20 години? Кој го одржува Манчестер Јунајтед во топ 3 од самото оформување на ПЛ? Кој имаше муда да го продаде Бекам, затоа што не признаваше ѕвезди? Кој направи заминувањето на Роналдо да не претставува никаков проблем? Кој всушност го откри Роналдо? Кој му даде шанса на еден непознат копиљ (читај Македа), во утакмица во која губиме, а истата е одлучувачка за титулата? Кој во 99'та ги внесе Шерингам и Солскјер од клупа, за истите да му донесат на својот клуб титула европски шампион? Уште да набројувам?
Тоа е Сер Алекс Фергусон. Прифати го каков што е, or else...
У принцип има два типа на навивачи ... на оние кои им се битни титулите и на оние кој гледаат фудбал зашто уживаат во играта ... така ... каде си ти тука ? Те гледам цело време броиш титули ова она 1-5-10-100 ..
Јас гледам фудбал зашто го обожавам фудбалот како спорт и играта која ја прикажуваат ја сваќам како филозофија која ме исполнува. Никогаш не ми пречело кога мојот тим губи но прикажува добра игра .... и гајле ми е на крај дали ќе освојат титула или не јас ќе преживеам се додека она што го гледам од нив се дефинира како фудбал ....

Она што го гледам сезонава не се дефинира како фудбал , дали е тоа лига шампиони или првенство.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.704
Поени од реакции
11.127
2 шамари по ред, ферги е љут ко рис, гарант ги силува моментално, така да со сити или ќе победат или на клоци ќе летаат :icon_mrgr: руни, нани, берба, гигс, парк, рио, џонс тапа, едини за пофалба но и просечни беа останативе, посебно керик и валенсија, штета за дечките.
И велбек несебичниот, браво сине, ти си следната легенда!
GLORY!!!
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.538
Поени од реакции
5.768
Никој не го оспори тоа .. но кога нешто не е во ред има и причина зашто .. никој не е крив тука ни судија ни црна магија ни незнам што друго .. играме без среден ред долго време ... зашто никој не е добар за нас ... ама всушност го чекаме синот на руни да порасне зашто ферги го виде идниот сколс ... а до тогаш че си патиме како скинато патиче ...

Очигледно на повеќето за вас ... оправдано поважни ви се титулите од играта ... па да беше така сите ќе навиваа за Барса Реал Манчестер( затоа и ги ценам фановите на Арсенал Тотенхем Евертон и така натака зашто не се пресудни секогаш титулите за да навиваат за тимот) но некогаш позади тие трофеи некој од нас ги исполнува и играта што ја прикажуваат тие тимов .... Во нашиов случај .... тоа би ти дошло нешто како оргазам со коза .. битно е оргазам ама не е битно што било коза меѓу другото.
Сакам да кажам дека понекогаш сакам да уживам во играта па макар било и пораз ............
Искрено, мене ми е многу поубо да мојот тим игра убаво за око, и атрактивно, да гледам отворен фудбал, со голови. Сега на 23ти години, размислувам така, и не ми е важно, дали другарите би ме заебавале дека сме немале титули. Јас го преживеав и го доживеав златниот период на Арсенал, и мило ми е што бев дел од него.Вие, ја напишавте историјата и треба да сте горди за тоа. Еден пораз од 1-6 или 3-0, или пак конкретно, пораз од 8-2, нема да ми смени мене многу, ниту пак Вас.

Големината е тука. Спортски да го признаеш поразот, да ја крениш главата и да продолжиш понатаму, со една цел и една мисла. Секој нареден натпревар да го добиеш. Сер Алекс, и тоа како го знае ова.

Поздрав од мене.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Пролемот и што сум сигурен дека сепак на крајот Премиер Лига ќе е наша, само не море пропратено со вакви нервози ! :)
 
Член од
11 јануари 2008
Мислења
8
Поени од реакции
2
Здраво на сите, фан на Манчестер тука :)
Досега само ве читав, ама сакав ова да го кажам. Ми се гади од фанови на Манчестер кои плукаат по Ферги, толку.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.497
Поени од реакции
4.070
Мора да се вратат повредените, затоа имаме толку проблеми.Па Томче 2 недели пишува хард тренинг, хард тренинг, каде е јас сварно незнам ... Веќе и официјално, Џонс е најслаб како штопер, а многу, многу подобар како десен бек и во средина.Не сум од тие што после пораз, плачат за трансфери, но ако веќе имаме толку проблеми со повреди, нека земе Ферги 1-2ца, и сите да си играат на нивните позиции, ако Валенсија денес играше десно крило, сигурен сум дека ќе дадевме први гол, Парк еден на еден неможеше да направи разлика, Керик и Гигс ја изгубија средината, 60% посед имаа чавките.Не барам трансфери, но несакам ни повеќе Валенсија да го гледам десен бек, Керик штопер, Руни плејмејкер и слични работи.

Се надевам во недела ќе ги средиме на гнидите, па ќе биде многу подобро.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
А добро бе што си се фатил толку со Нани ?
Тој татарот што ни е у екипа што направи денес освен што се шеткаше натаму наваму ?
Даде 5 гола на 2 утакмици и сега ајде ќе си го ладам,продолжи договор и нема гајле.
Од него добра игра само изгледа може да очекуваме кога треба да си го продолжи договорот.
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.213
Поени од реакции
1.713
Чудно некако бе гол да не постигнеме...кога видов резултатот се зачудив ептен, ама кога го видов составот ми стана дури мило. До толку бе сме биле слаби? Колку шанси направивме?

Повредите, ротациите и убацувањето на младите во тимот си го прават своето, но и покрај овие порази јас сум задоволен од моменталниот исход на табелата, иако поразите беа во најмала рака смешни посебно овој од Блекбурн. Како ќе завршиме на крај ќе видиме. Само ми е жал за Видиќ ништо друго...

И не знам шо толку летање пред утакмицата, демек гостуваме во Турново, смирете се бе деца...
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
919
Поени од реакции
907
Од него добра игра само изгледа може да очекуваме кога треба да си го продолжи договорот.
Да добива договор до наредно коло, моеш да замислиш што би праел тогаш?:pos:

Според мене нема многу да зависи оваа сезона од нас дали ќе земеме... Ќе си продужиме до крај вака, лупни 2 петарди, киксни 1-2(дај боже да грешам)... Самите повреди и овие формации на САФ го налагаат тоа до негде.

Повеке ќе зависи од Сити, и дали ќе искористат нашите киксови (кои до сеа не ги користеа). Нека бидат лакоми по сите титули (ЛЕ, Карлинг, ФА, ПЛ) па ќе видиме до кај ќе стигнат.

За утакмицава у недела незнам што да мислам. Манчини е лаком, ќе влезе сигурно со наЈак состав што го има, а и САФ сигурно нема да сака уште еден пораз од Сити и покрај тоа што се работи за ФА куп. Каков и да е исходот само да нема повредени/ранети или погинати :pos:
(коа последен пат Јунајтед изгубил 3 in a row?:))
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.784
Поени од реакции
6.770
Поштено не преебаа нема што. Со каква само сила, желба влегуваа во дуели Њукасл то е чудо едно (она црнцине да ги впрегниш, нива ораат :pos: ), а и со сите други екипи е така затоа што Манчестер Јунајтед е најголем во Англија и сите сакаат да го победат најголемиот и затоа секоја наша титула освоена, двојно вреди од останатите. Шансите не се загубени иако лошо звучи 2 порази по ред и 6 примени гола ама што е тука е, има уште да се игра...не сме Април па да се откажуваме. Дека тимот е крпен, крпен е, ама и со таков тим во овој најтежок период дек-јан направивме доста бодови така да го одржуваме чекорот. Кога ќе заостануваме 10+ бода е тогаш ќе биде алармантна ситуација, сега сме далеку од тоа. Манчестер ќе биде најсилен кога најмалку ќе се очекува од него. Believe....
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.597
Поени од реакции
20.943
(коа последен пат Јунајтед изгубил 3 in a row?:))
Според непотврдени информации од САФ тоа би било некаде 08.01.2012 - недела ...

Аххх денес не е постирано сликичево .. ајде малце дневна доза хумор :)



BELIEVE
 

Kajgana Shop

На врв Bottom