Дечки и девојки, среќна нова на сите, ама штета што вака мизерно ја почнуваме. Мора длабок рез во клубов и да се направи 5 годишен план, вака не ја бива. Прва точка од тој план е продавање на плачи*****та Погба и дрвото Лингур. Двајцата се дну дна и најдобро е од нив да се почне. Подобро би се снашле кај Бекам за на модна писта, парфеми да рекламираат. Остатокот од пијавиците (Матиќ, Мата, Џонс, Рохо, Јанг) продавање следно лето. Овој рок барем 2 какви-такви засилувања, а в лето уште 3-4-ца. Сигурен сум дека има деца кои би изгинале за клубов, без разлика во која состојба сме, но треба да се пронајдат.