Дечки и уште еден крилен бек кога ќе купи апла се гледа дека преферира да игра со inverted wing back, затоа и го позајми Маласија иако сме слаби на таа позиција, дека не знае да игра десен бек
Брз, снажен, трча, има нос за офанзива.Несинхронизиран на моменти, не беше на позиција, се гледаше дека е нов и не ја знае тактиката. Со Амад добро комбинираа.
Што би се рекло, неизбрусен ама има потенцијал. Очекувам солиден импакт од него наредниов период доколку се адаптира побрзо.
Автоматски споено мислење:
Не знам што смени со Далот у второ, ама еден куп вишоци у напад направија со него и Гарначо од левата страна.
Хојлунд долговреме го бодрев ама претерува, штопот му е како на Лукаку, ниеден дуел нема добиено, за воздушен да не збориме. In-game проигрувањата му се исто слаба страна. Освен некој гол инстинкт што го има (се покажа и кај голот на Зирзке), ништо друго нема. Слабо напредува за две години.
Јоро е исто мало разочарување у делот за воздушни дуели, многу е слаб таму а реално висок е. Неколку голови имаме примено ради тоа сезонава.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.