Крај на сезоната како што и доликува на цела сезона.
Ќе почнам со позитивната слика од денес.
Светла точка е Гринвуд. Криво ми е што не ги искористи можностите, но видливо е дека има талент и потенцијал. Доколку го задржи Оле за следна сезона ќе мора да биде претпазлив со него и да му даде реална шанса. Дели во физикус во споредба со Чонг, Гомес и Гарнер кои мора да одат во Чемпионшип. Од друга страна доколку го пуштиме и Гринвуд на позајмица ќе се изнаигра во Чемпионшип и ќе се здобие со компетитивно искуство. Предности и недостатоци.
Негативности еден куп.
Од друга страна, имаме хаос во тимот и тоа што го пишав дека на 4 позиции ни фали првотимски квалитет, а потоа ни фали и квалитетна ротација.
Чим и денес не доби шанса Ерера да се збогува со тимот во стартни 11 или клупа ми мириса дека нешто смрди во релација Ерера-менаџмент и од тука да е пукната работата што резултира со негова неконстантност и пад на формата, а со тоа и врза атмосферата на тимот.
Не ми се свиѓаат и некои работи кај Оле. Прво од играчки вкус. Константното форсирање на Рашфорд кога е надвор од форма. Лингард исто така. А се глуми строгост со Марсиал. Продолжувањето на договорите на Џонс и Смолинг за кои се надевам дека е за да се продадат добро летово. Се труби постојано дека академијата е приоритет, а денес комотно можеше и некое дете од академијата да стартува на лев бек наместо Јанг.
Потоа формациски делуваме изгубено, без некоја кохезија во релација одбрана-средина-напад. Погба е единствено критикуван а кога има топка никој не му се ослободува да го проигра. Денес освен Гринвуд не видов никој да се движи без топка, во минатите натпревари апсолутно никој.
За крај не ми се свиѓаат изјавите дека треба трпение и не можеме за 1-2 сезони да стигнеме на врвот и да се бориме за титула. Тој е можеби реален, но се согласувам со коментарите too much excuses team на уште непочната следна сезона. Уште од сега се бара алиби за евентуален неуспех догодина. Тоа ми смета. И како утре ДДГ или Погба во рамки на трансфер период кој ќе биде тензичен за нив да речат „еј ние ќе останиме да се бориме за топ 4, а не за титули“ и би одбиле предизвик во Реал/Барса каде ќе имаат шанса за нивните кариери да ги реализираат со голем трофеј. Или пак некое големо засилување или млад потенцијал кој е баран од топ тимови би кажал „ ќе одам во Јунајтед за топ 4 да се борам“.
Се крева нивото на еден тим, можеби не преку ноќ, но Оле брат веќе си менаџер пола сезона и ги знаеш недостатоците и предностите најдобро отколку сега да почнуваш. Почни за најскоро време да ги пополниш критичните позиции со квалитетни поединци, ослободи го просекот во тимот, создади квалитетна ротација од млади, некое ново име и некој актуелен првотимец. Пеп во најголем дел стартуваше натпревари со минимум 7 негови нови играчи кои најголем дел ги доведе лани во едно трансфер лето. Ете ги кај нас ДДГ, Линделоф, Шо, Погба, Марсиал, Рашфорд. Доволен костур да се пополни со квалитет да биде конкурентен вгодина кога ќе ја имаме ЛЕ со помал напор.
Се надевам дека Оле ќе докаже дека има квалитет и ќе ги потврди зборовите негови кажани од САФ и нема да жалиме што ова лето ќе пропуштиме менаџер како Покетино.